Тимот на апликацијата „Challenger“ лансираше нов продукт Challenger@work, функционалност која е наменета за компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените да бидат општествено одговорни.
Станува збор за нов модел, брендиран dashboard, на кој се рангираат сите вработени според бројот на изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите.
Со оваа апликација, достапна за корисниците од земјава, со секој километар поминат на велосипед или пешки, добивате поени кои можат да се заменат со попусти во локалните бизниси.
Компаниите сега имаат и единствена можност да добијат свој затворен-брендиран предизвик на апликацијата на кој ќе се вклучат само вработените од компанијата.
– Ова е дополнителна функционалност го поттикнува тимскиот дух, а воедно возењето велосипед и пешачењето станува поинтересно, бидејќи сега вработените се натпреваруваат и борат за директна награда. Важно е дека со воведување на ваков новитет, компаниите директно се вклучени во исполнување на Одржливите Цели за Развој (Sustainable Development Goals), а со тоа се активно препознаени како општествено одговорна компанија пред своите клиенти, изјавуваат од тимот на Challenger.
„Challenger“ веќе неколку години е активна на македонскиот пазар, но тимот достигна низа успеси и донесе неколку спин-оф продукти како што беа ChallengerДома, паричето.мк, и сега е главен партнер на кампањата IT4Charity.
Досега оваа апликација е бесплатна и користена од скоро 7.000 корисници, 3 ИТ компании и 56 мали бизниси. Со поминати вкупно 743.692 километри пеш, 59.060 км со велосипед, 540 освоени награди преку предизвици, и 400 преземени купони за попуст од Challenger продавницата.