Доза вести

Mлади иноватори ќе развиваат дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

Време на читање: 2 минути
- банер -

На отворениот повик до млади иноватори за инклузија на деца и лица со попреченост што во октомври го објавија УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија – се пријавија 50 тимови од 220 млади на возраст од 14 до 24 години.

Од пријавените, избрани се 10 тимa – финалисти кои ќе работат на предизвикот: Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот.

Тимовите почнаа да работат на пред-работилници што се одржаа на 29 и 30 ноември каде што се запознаа со основите на асистивната технологија и дигитална инклузија и заедно со ментори од Македонски Телеком работеа на формулирање на своите идеи, кои ќе се развиваат во наредните две недели.

На работилниците коишто ќе се случуваат од 13 до 15 декември 2019, ќе бидат избрани најдобрите пет идеи кои ќе бидат наградени со финансиски средства и со менторска поддршка.

- банер -

Во јуни 2020 година, двете најдобри решенија од финалето во земјата ќе влезат во светскиот избор на глобалниот младински предизвик „Generation Unlimited 2019/20“ што се одвива во над 40 земји низ светот.

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство во јуни годинава, мотивирани од потребата за намалување на дигиталниот јаз и користење на технологијата за еднаква вклученост на децата и лицата со попреченост во дигиталното општество.

Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ и на Фондацијата Телеком за Македонија се реализира во соработка со СмартАп и Македонскиот извиднички сојуз.

Напишете коментар