Доза вести

Младите ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост писменост во образовниот процес

Во понеделник, 22 ноември, во рамки на настанот „Младите размислуваат”, (во организација на ИРЕКС и Македонскиот институт за медиуми), што ќе се случува во хотелот Александар Палас (Конгресна сала), Скопје, ќе се одржи дебата помеѓу различни групи млади, кои ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост во образовниот процес и во новото медиумско опкружување.

Овој настан, воедно, ќе го означи и почетокот на „Деновите на медиумската писменост“ во чии рамки членките на Мрежата за медиумска писменост ќе организираат низа активности, годинава на тема „Медиумската писменост за децата и младите“.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ е петгодишен проект финансиран од УСАИД и имплементиран од ИРЕКС во соработка со локалните партнери -Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум. Во фокусот на проектот се младите во Северна Македонија, а целта е тие да се поттикнат да станат одговорни и активни граѓани, кои ќе бидат способни да се спротивстават и да им помогнат на другите да ги надминат негативните влијанија на дезинформациите.

На настанот ќе се обратат директорот на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, Михајло Лахтов, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорката на МИМ, Билјана Петковска. Дополнително, ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу ИРЕКС, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и МИМ, којшто ќе обезбеди основа за системска интеграција на медиумската писменост и критичкото размислување во наставните програми за основно и за средно образование во земјава.

Пријавувањето за онлајн присуство: https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_a752Gd12TOaEN-M2Fb-YJA

Целата агенда: линк

Линк до фб настан

Напишете коментар