„Мојвоздух“ со комплетно редизајнирана верзија
Апликацијата „MојВоздух“ доби целосно редизајнирана верзија која се стреми да им помогне на корисниците подобро да го разберат загадувањето на воздухот, но, и ја едуцира и помладата публика за важноста на чистиот воздух.
Новата верзија може да се преземе на следните линкови:
Android- https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
iOS – https://apps.apple.com/app/id1190987663
Апликацијата започна како иницијатива во 2014 година. Од тогаш до сега брои над 100 000 корисници и 50 мерни станици ширум Македонија од три мрежи и воедно е фамилија на еко проекти, но и бројач на политички ветувања, (сите се достапни на https://mojvozduh.eu).
Освен во Македонија „МојВоздух“ е достапна и во Србија, а наскоро следува проширување и во други земји на Балканот.