Актуелно, Инклузивно општество

Наташа Петровиќ: Да ги прегрнеме различностите и да функционираме сите заедно

Време на читање: < 1 минута

Актерката Наташа Петровиќ преку силен, тивок и внимателно воден перформанс ја предводеше герила акцијата вчера напладне во Градскиот парк во Скопје, со која се најави четвртото издание на Фестивалот на инклузија – „inFusion“. Во импровизирани соби поставени под отворено небо, нејзината изведба симболично проговори за невидливите ѕидови кои нè делат – стравот од непознатото, неразбирањето, осаменоста.

Не треба да ги рушиме само физичките ѕидови, туку и метафоричните – во нас. Да се отвориме кон себе и кон другите – вели Петровиќ.

Перформансот беше вовед во фестивал кој ќе се одржи од 11-ти до 15-ти јуни во Скопје и кој преку култура, уметност и заедничка акција ќе нè потсети: инклузијата не е настан – таа е начин на живот.

Погледнете го видеото со Петровиќ.

Погледнете го и видеото од вчерашната герила акција

Напишете коментар