Доза вести, Час по родови прашања

Од насилство и депресија, до успешен бизнис

Време на читање: < 1 минута

Долгогодишното насилство кое го трпев во мојот брак ме доведе до дијагнозa:  анксиозност и депресија. Бев повлечена, затворена во себе, не комуницирав со никого. 
Кога одев да го земам детето од училиште, не воспоставував контакт со никој од останатите родители. Не можев да ги погледнам во очи, секогаш мислев дека ќе знаат што ми се случува. А нели, семејното насилство е срам!

Најдов сили да се спротивставам. Сфатив дека имам одговорност за својот живот и дека јас сум таа што треба да излезе од насилната средина.

Со многу работа на себе и на своето ментално здравје, напреднав на секое поле. Целиот живот ми се промени. Станав покомуникативна, почнав да разговарам со луѓе, да се дружам.
Во тој период и дознав за социјалното менторство и почнав да работам со мојата социјална менторка. Благодарение на нејзината работа со мене, имам поинаков живот и поинаква слика за себе си. Сега сум во завршна фаза на основањето на сопствен бизнис, кој е многу поврзан со обуките кои ги поминував изминатава година.
Го живеам животот како среќна жена и мајка и успешна бизнисменка. Не како жртва.

(Содржината e подготвена во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кон која се приклучува и Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“, преку проектот „Можности за економска реинтеграција преку #социјалноменторство за жени жрви на насилство“, што го спроведува Паблик преку регионалната програма на UN Women Skopje, финансирана од ЕУ, EU Neighbourhood & Enlargement, за ставање крај на насилството врз жените: „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови“).

Напишете коментар