Доза вести, Инклузивно општество

„Сите сме еднакви“ – инклузивен настан на ранчот во Ранковце

Со цел лицата со попреченост да бидат прифатени во општеството со исти права и услови за живот, ранчот „Кантрисајд ритрит“ го оганизира настанот „Сите сме еднакви“, кој ќе се одржи во недела, 4-ти декември во село Ранковце, од 12.30 до 15.30 часот.
Мариа Дуда Дибиаџио од „Кантрисајд“, најавува дека на настанот ќе присустуваат социјални претпријатија и бизниси од Србија и од Македонија.

– Гостите ќе имаат можност да вкусат вегетаријански јадења кои ги подготвија ученици од средното училиште во Кратово, и многу други производи, во склоп на мини саем. Ќе имаме и панел дискусија за унапредување на инклузијата и можности за вработување на луѓето со попреченост, дружба со животните од ранчот, како и музички дел, во кој ќе настапи Марија Данаилова со бендот – вели таа и додава дека оваа година имаат доста поддржувачи и општествено одговорни компании, од кои најголемиот дел ги водат жени.

Настанот се одржува втор пат и се прави по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, а се организира во соработка со организациите „Арно“ од Скопје и „Траг“ од Србија.

Прочитајте повеќе за ранчот, во текстот објавен во актуелното издание на „Лице в лице“.

Напишете коментар