Конференцијата Pitch.Match.Grow. volume 2, ќе се одржи на 15 и 16 март во хотелот „Скопје Мериот“, а на програмата, освен средби во Метаверз, се и возбудливи можности за претприемачи, стартапи, инвеститори и поддржувачи на екосистемот
За прв пат во земјава, на 15 и 16-ти март ќе биде организирана конференција на која присутните ќе имаат можност директно го искусат Метаверз, во рамки на второто издание на Pitch.Match.Grow. Конференцијата повикува на поврзување на инвеститори, ментори, клиенти во насока на промовирање претприемништво и економски развој во локалната заедница, дава поттик на иновациите, и нуди пристап до финансии за стартапи, како и многу можности за вмрежување.
– Присутните ќе имаат шанса да слушнат искуства од локални и глобални стартапи и да научат корисни информации преку различни панел дискусии и работилници со надеж, да им помогне на новите претприемачи да ги претворат своите идеи во успешни бизниси – велат организаторите од PwC North Macedonia.
Од таму појаснуваат дека гостите ќе имаат несекојдневно иксуство да бидат дел од Метаверз кампус зоната на PwC, во која има дел со плажа, терени за тенис, кошарка и многу други интерактивни активности. Учесниците ќе креираат свои аватари и ќе имаат поинакви можности за вмрежување, соработка, запознавање со можностите за финансирање на својот бизнис и добивање корисни информации од прва рака.
– Ќе зборуваме за одржување конкурентна предност на бизнисот, можности за задржување на талентот во компанијата преку доделување на опции на удели или акции за своите вработени како и други стратегии за унапредување на перформансот на вработените, понатаму, тука се и информации за унапредување на познавањата за даночните регулативи. Учесниците ќе имаат можност и да научат повеќе за основите на блокчејн и криптовалути, преку интерактивна работилница во која ќе дизајнираат свое NFT и ќе создадат свој дигитален паричник – информираат организаторите.
Меѓу говорниците е се професионалци со докажано искуство во поттикнување раст на компаниите преку максимизирање на потенцијалот на нивните технологии. Еден од нив е Урош Сикимиќ, кој го води тимот за решенија во „3Lateral“. Токму овој дел од конференцијата ќе биде презентиран во Метаверз. Сикимиќ има искуство во насочување и развој за повеќекратни блокбастер видео игри како Marvel’s Spider-Man, Activision’s Call of Duty, Star Wars Battlefront II, Batman: Arkham VR и многу други.
Хајди Ценан е коосновачка и извршна директорка на стартапот „Airt“, која е меѓу говорниците на настанот. Била именувана меѓу првите 100 највлијателни бизнисменки во Хрватска. Таа е исто така коосновачка на PWMN Хрватска, здружение кое промовира еднаквост и родово балансирано лидерство. Хајди е претставничка на хрватскиот стартап екосистем и е членка на Бордот на европските стартап мрежи. Таа ќе зборува за вештачка интелигенција и нејзиниот потенцијал да ја обликува иднината.
Конференцијата ќе биде домаќин и на Вања Јосифовски, искусен претприемач кој работи во Силициумската долина, во чие портфолио се некои од најголемите технолошки гиганти, вклучувајќи ги Google, Airbnb, Pinterest и Yahoo. Тој ќе зборува за неговиот стартап „Kumo.AI“, кој го револуционизира начинот на кој компаниите ја користат вештачката интелигенција со тоа што го олеснува користењето на аналитиката.
Програмата опфаќа и презентации на македонски стартапи, дискусии за инвестиции во македонскиот стартап екосистем, разговори за пристап до финансии и овозмоување опции за раст, сесија за акцелераторите како врска помеѓу инвестициите и идеите, 4 работилници и многу други содржини.
Целата агенда е на овој линк
Заинтересираните можат да се пријават за учество на овој линк