Актуелно, Доза вести, Лице в лице, Свое лично искуство

Прашалник за новинарки – Искусување дигитално насилство

Време на читање: < 1 минута

Родовото базирано насилство претставува сериозен општествен проблем кој со децении ги засега жените непропорционално повеќе од мажите – особено во физичкиот, но сè почесто и во дигиталниот простор. Овој феномен особено ги засега жените чие професионално делување е поврзано со јавноста, како што се новинарките. Иако новите комуникациски технологии им овозможија поголема видливост и глас, тие истовремено ги изложија на сериозни ризици, вклучително и онлајн вознемирување и напади.

Во Северна Македонија, се забележува пораст на случаи на дигитално насилство врз новинарки, кои честопати се соочуваат со говор на омраза, закани и дискредитации при вршењето на нивната работа. Таквото насилство не е само личен напад врз новинарките, туку и напад врз слободата на изразување и демократските вредности. Со цел да се истражи овој растечки тренд и да се понудат потенцијални решенија, тимот на „Лице в лице“ спроведува кратко истражување за искуствата, обемот, формите и последиците од онлајн вознемирувањето врз новинарките во земјава.

Љубопитни сме да ги слушнеме вашите лични искуства, но и вашите препораки како да го промениме овој системски проблем.


Фотографија: Ирина Крстевска

Aктивноста се одржува во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија. Изнесената содржина е одговорност на „Паблик“ и на „Лице в лице“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ.

Напишете коментар