Доза вести

„Препознај. Блокирај. Пријави“ – стартуваат 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња

Овогодишната кампања „16 Дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ започнува вечерва во 18 часот, со настан организиран во ГТЦ (Градски Трговски Центар). Активностите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата ќе се одвиваат под слоганот „Препознаj. Блокирај. Пријави“.
Кон одбележување на Деновите на активизам против насилство врз жени и девојчиња се приклучува и Платформата за одржлив развој, „Лице в лице’, со содржини што ќе бидат споделувани во следните 16 дена.
Првата тема е достапна на линкот.
Инаку, „Лице в лице“ во континуитет креира написи чија цел е да подигнуваaт свест за борба против насилството, да укажуваат на важноста од препознавање, но, и како да се преземе акција против него, и да се обезбеди поддршка на жените.

Во таа насока се подготвени и „Добрите картички“ на #Лицевлице кои периодов може да бидат одличен подарок и потсетник меѓу нас за тоа дека женските прашања не се само предизвици за жените, туку за сите нас. Првата едиција „Добри картички“ е креирана во соработка со нашата позната дизајнерка, Ружица Мандичевска – Руки Чуки.

„Силно веруваме дека пораките од #ДобритеКартички ќе донесат гласност во борбата против (не)видливата дискриминација, но, и ќе ја поттикнат грижата за себе кај жените!“, велат од Платформата „Лице в лице“.

(Содржината е дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кон која се приклучува и Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“, преку регионалната програма на UN Women, финансирана од Европската Унија, за ставање крај на насилството врз жените, „Спроведување норми, менување умови“.)

Напишете коментар