Доза вести

Гласови на инклузија: Работилница за медиумски содржини во Жеровјане

Rabotilnica kokreiranje Glasovi Na Inkluzija Zerovjane Lice v lice

Во Жеровјане, приказните на жените, младите и маргинализираните групи ќе добијат своја сцена. Овој четврток, 20-ти ноември, во ОУ „Лирија“, локални новинари, активисти и жители ќе се сретнат за да научат како медиумите можат да раскажуваат инклузивни, автентични и инспиративни содржини кои градат соживот, толеранција и ја унапредуваат родовата еднаквост.

Учесниците ќе имаат можност да се разговараат за различни примери од нивната заедница, како што се чајџилницата во село Радиовце како место на дружењ, соработка и толеранција, секојдневната борба на жителите, особено жените да стигнат на работа поради непостоечкиот јавен транспорт, поттикнување на младите во иновации во земјоделството, особено бидејќи пределот е познат по тетовскиот грав и јаболка, приказните на повратници во земјава кои отвориле своја фарма во Ново Село, и младинскиот соживот преку интересна приказна за сладоледот кој е атракција во летните месеци…
Со оваа работилницата, ќе им се помогне на учесниците да ги истражат овие теми и да размислуваат за значењето на локалните иницијативи во градењето на посилни и покохезивни заедници.

Преку интерактивни дискусии, учесниците ќе работат на идентификување на темите кои најмногу резонираат со нив, како и на дополнителни локални примери и значајни личности или организации кои можат да бидат дел од сториите. Дополнително, ќе се разгледуваат агли за фокус на приказната, кои ликови и места ќе бидат вклучени, и кои медиумски формати би биле најсоодветни за поддршка на сторијата – од фотографии и видео, до рилови, илустрации или постери. Учесниците ќе работат на тоа да дефинираат јасна порака што сакаат да ја пренесат, за нивните приказни да имаат силно и видливо влијание во заедницата.

По работилницата, ќе бидат креирани 4 новинарски содржини кои ќе бидат објавени на „Лице в лице“, кои ќе ги изработат локални новинар(к)и и креатор(к)и на содржини, на кои ќе им биде овозможено и менторство.

Работилницата е отворена за сите заинтересирани локални новинари, активисти, организациски претставници и жители. Ја организира Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во соработка со локалната организација „Нисма“, училиштето „Лирија“ и Месната заедница Жеровјане.
За сите прашања околу работилницата, контактирајте го тимот на „Лице в лице“ на [email protected].

Настанот е дел од официјалната програма на Денови на медиумска писменост 2025 (17-25.11.2025), кој ја носи темата: „Користење на критичкото размислување за справување со дезинформациите од земјата и од светот“.

Прочитај повеќе на овој линк.

Целата програма е на овој линк.


Работилницата и сите ставови, мислења и материјали кои произлегуваат од неа се организираат со финансиска поддршка од Европската унија, во рамките на Reporting Diversity Network. Содржината е единствена одговорност на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија или на Reporting Diversity Network (RDN).

Напишете коментар