Доза вести

Сакам да живеам на село, ама каде да го одложувам сметот?

Време на читање: 2 минути

Сакаме да се вратиме на село, ама дали имаме услови за таков чекор?
Претставници на граѓански организации, пензионирани новинари и писатели, професори, активисти, инженери, режисери, мислители беа дел од оние кои го споделија своето искуство за животот на село, на вчерашната работилница во организација на „Лице в лице“ и „Природна перспектива“. Настанот се одржа во просторот на Центарот за одржливи практики „Природна Перспектива“ во селото Стар Истевник, во близина на Делчево.

Недостатокот на добра инфраструктура останува да биде значајна бариера во заживувањето на македонските села. Воедно како главен предизвик беше посочено снабдувањето со вода, управувањето со отпад.
Дискусијата започна од предизвиците со кои се соочуваат жителите на селата, но се движеше во охрабрувачки дух! Многумина присутни понудија иновативни претприемачки решенија за обезбедување на нов сјај на македонските села. Идеите се движеа од одржливо земјоделство и еко-туризам до проекти водени од заедницата и решенија овозможени од технологија за подобра инфраструктура и услуги. Заеднички заклучок беше дека сè треба да почне од поединецот, од граѓаните, кај кои е неопходно во континуитет да се гради јавната свест.


Го цениме сечиј придонес во креирање на мислење за повторно активирање на руралните средини!
Дискусиите лице в лице остануваат клучни.
За сите што не можевте да присуствувате на средбата во Стар Истевник, сè уште имаме простор да го слушнеме вашето искуство и мислиење. Споделете ги вашите искуства, мислења или визии со пополнување на прашалник, кој ќе биде активен уште неколку дена!

фотографии: Ирина Крстевска

https://licevlice.ecrtool.org/form/shto-ti-nedostasuva-vo-zhivotot-

Напишете коментар