Доза вести, Лице в лице

Семејното насилство не е интимен проблем. Споделете став!
Да реагираме, да менуваме!

Само два проценти од жените во Македонија кои претрпеле семејно насилство го пријавиле во полиција. Недовербата во институциите, но, и стравот од економска немоќ, често ја враќаат жртвата повторно во кругот на насилството.
За жал, насилникот во најголем број случаи, има свој помошник насилник. Системот. Неговата пасивност и несоодветна реакција на пријавите, ја остава жената сама во борбата против насилството.
Овој прашалник е наменет за жените кои се соочиле со семејно насилство, но, и со нефункционалноста на системот во справувањето со него.

Клучни работи што сакаме да ги дознаеме:
1. Кои се најголемите системски аномалии во одговорот кон семејното насилство?
2. Дали системот е насилник?
3. Како системот да ја добие својата вистинска улога на заштитник и сојузник?
4. Лоцирање на најголемите пречки на патот до квалитетен и успешен системски одговор кон семејното насилство.

Секое искрено споделување е чекор до одлуката да му се стави крај на семејното насилство. За себе. За твојата внука. За мојата ќерка. За неговата мајка. За нејзината баба.
Зашто, семејното насилство, не е само семеен, приватен проблем.

Прашалникот е анонимен, а решенијата треба да се јавни. Вашите одговори се од витално значење. Тие ќе дадат јасни насоки каде треба најитно да се менуваат работите во системскиот одговор. Истовремено се безбедни и шифрирани, без лични податоци.

Подготвената новинарска содржина ќе биде достапна на веб страната на „Лице в лице“.
Можете да нè контактирате и на [email protected]

Image by tirachard on Freepik


Напишете коментар