Сензационална вест! Македонски космонаути на врвот на Сончевиот систем
„Вонредна вест!
Се вклучуваме во живо за да се вклучиме во преносот на најголемиот успех на македонските космонаути. Се очекува во секој момент, макдонските космонаути да стапнат на врвот на сончевиот систем. Ова е уште еден од низата успеси на Македонската вселенска агенција.“
Погледнете го видеото!
Ако кликнавте на оваа вест, значи дека сте подлегнале на кликбејт, сензационалистичка содржина. Вакви содржини неретко се наоѓаат во медиумите кај нас и ширум светот. Секој од нас може да згреши во проценката на кој начин ги прима информациите од социјалните мрежи, медиумите и од Интернетот воопшто. Со широката употреба на Виртуелната реалност, можеме да креираме содржини кои симулираат реалност и тукутака, „да пратиме македонски космонаути во вселената“. Затоа, повеќе од било кога е потребно да се едуцираме за медиумската и информациската писменост.
Со слоганот „Твојата свесност е најважниот филтер“, Мрежата за медиумска писменост ги организира Деновите на медиумска писменост (ДМП), кои ќе се одржат од 28-ми октовмри до 4-ти ноември, со низа настани низ целата земја. Шестото издание на ДМП ќе биде отворено со конференцијата „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“, која ќе се одржи на 28 октомври во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
Преку голем број разновидни настани, ќе дадеме свој придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи: „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“. Ги повикуваме сите кои сакаат да учествуваат и да известуваат за настаните на Деновите на медиумска писменост 2024, да ги следат информациите на Мрежата за медиумска писменост на социјалните мрежи, како и на веб страниците на Мрежата и на АВМУ – велат организаторите.
Целосната програма е на линков подолу.
- Интервју: Шест години се чека за трансплантација, но мотивацијата не попушта…Секогаш може повеќе од ова
- Во извидништвото, помагањето не е само правило – тоа е стил на живот
- ВО ЧЕКАЛНА: ЛИЧНИ ИСКУСТВА: Дали здравјето преминува од право во привилегија?
- „Наставниците се важни – тие создаваат иднина!“ – Иле Михајловски меѓу топ 50-те наставници за Глобалната награда за наставници
- Актерката Тамара Ристоска учествува на Берлинале таленти