Како, „Хејтам, значи постојам“ да не биде твојот „хоумпејџ“? Препознаваш и разликуваш лажни, погрешни и навредувачки содржини и сметаш дека можеш и на другите да им го објасниш ова? Се нервираш за запуштените прекрасни места во земјава, додека слушаш како луѓето се делат на „провинцијалци“ и „градска раја“? Имаш селфи од црното ѕидче кај Музејот на ретки минерали во Пробиштип? Како тоа можеш да го насочиш кон раскажување приказни кои вредат?
Пријави се за креатор/ка на содржини за медиумски активизам, добиј менторска поддршка од „Лице в лице“ и научи како да бидеш лидер/ка на добриот глас кој надалеку ќе се слуша!
Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во соработка со здружението „ГРИТ“ те повикува да бидеш дел од креаторите на содржини, преку кои креваме јавна свест преку медиумски активизам.
Кој може да се пријави?
На повикот може да се пријават средношколки/ци, млади активист(к)и и млади новинар(к)и од Злетово, Кратово и од Пробиштип. Насочен е кон млади (до 29 години, но нема да одбиеме и некој со некоја година плус), креативни, активни, умни и храбри луѓе кои уживаат во социјалните мрежи и го гледаат Интернетот како поле за напредок, а не за омраза.
Што добиваш?
Наједноставно – простор за изразување и растење, преку платформа која го вреднува и промовира твојот глас!
„Лице в лице“ и „ГРИТ“ ќе ти овозможат менторска и уредничка поддршка, ќе те научат да креираш содржини кои ќе поттикнат решенијата на локално ниво, кои се однесуваат на сферата на лажните вести, дезинформациите, говор на омраза и другите штетни содржини на кои секојдневно си изложен/а на Интернет, но и во твојата средина.
Заедно со нас, ќе споделуваш содржини од „Лице в лице“ и „ГРИТ“ и ќе бидеш дел од кампањата која ја кокреираме.
Доколку те ангажираме, ќе ти понудиме и финансиска надокнада во максимален бруто износ од 9200 денари.
Што бараме?
Стигна до овде? Супер!
Ајде, испрати ни еден параграф, до 200 збора, во кој ќе ја опишеш твојата идеја за која сакаш да креираш содржини и ќе кажеш нешто за себе.
Може да го/ја прашаш „ЧетЏиПиТи“ за помош за ова, но можеш да пробаш и сам/а. Еве како би требало да изгледа твојата пријава:
Јас сум (име и презиме) и се пријавувам на вашиот повик за креирање содржини за медиумски активизам. Учам во —————училиште (ако си среношколец/ка), се занимавам со ————————-, а пасија ми е ——————-.
Се пријавувам да работам содржина, затоа што ——————————————–
Со мојот предлог, ќе ги активирам моите сограѓани да го адресираме проблемот на ————————– во моето место.
Уживам во —————————- (хоби, работа, шетање кучиња, шопинг, социјални мрежи…..)
Имам социјални мрежи на —————————– (платформи), знам/не знам да работам на вордпрес, канва (напиши неколку алатки преку кои ќе ги реализираш и спакуваш содржините)
Ако те избереме, ќе имаш 2 недели за да:
– избереш локален предизвик што те засега лично, а се однесува на говор на омраза, поларизација, лажни вести, дезинформации… Ќе ги вклучиш твоите пријатели, претставници на локалните граѓански организации, популарни фаци кои го имаат истиот предизвик, инфлуенсер(к)и;
– ќе напишеш текст (до 1500 збора), во кој го елаборираш овој предизвик;
– ќе креираш придружни фотографии, видео, илустрација или друг визуелен материјал;
Важно! Содржината која ќе ја креираш треба да вклучува:
– Изјави/ ставови од сограѓани кои го искусиле истиот предизвик, податоци од претставници на локални граѓански здруженија, од истражувања, од надлежна институција, локална самоуправа и сл.
– Креативен пристап преку кој ќе покажеш зошто е важно да комуницираме со с(о)вест, како и кои се начините да ги разобличиме негативните појави кои се однесуваат на говор на омраза, поларизација, лажни вести, дезинформации;
Твоите содржини ќе бидат дел и од кампањата која ќе ја поттикне твојата заедница и пошироката публика, да се вклучи во борбата против овие негативни појави.
Испрати ни твоја идеја во форматот погоре на мејловите [email protected] и [email protected] најдоцна до 29.11.2024 година.
Дел од содржините ќе бидат објавени во следното издание на уличното списание за одржлив развој, на веб овде, како и на социјалните мрежи на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на „Грит“.
Те очекуваме!
Овој повик, се реализира со финансиска помош од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Aктивностите се дел од проект на „Лице в лице“, кој е погрант на Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за генерирање медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“ се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новисадска школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.
Прочитај и други содржини
- Панел дискусија во „Јавна соба“: Родовата еднаквост – клуч за спречување на насилството врз жени и девојчиња
- Мирко Илиќ и „Толеранција“ доаѓаат во Скопје
- „Мојот антикорупциски дневник“ – младите против корупцијата преку едукација и отпорност
- Нема оправдување за насилството врз жените и девојчињата
- За забоболка одиш на забар, за душата – што правиш?