Документарецот „Силјан“ на Тамара Котевска триумфира на IDA Awards во Лос Анџелес
Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска продолжува да ниже успеси, овој пат, на престижните IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ги наградите за Најдобар документарен филм и Најдобра камера. Овој подвиг значително ги зголемува шансите на филмот во претстојната трка за Оскар.
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, новото авторско остварување на Тамара Котевска, доживеа значаен меѓународен успех освојувајќи две главни категории на 41. издание на International Documentary Association (IDA) Awards во Лос Анџелес. Филмот беше прогласен за Најдобар документарен филм, додека наградата за Најдобра камера ја доби неговиот кинематографер Жан Дакар.
– Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот – изјави Котевска по доделувањето на наградите.
Камерата на Дакар игра значајна улога во визуелниот идентитет на „Силјан“, носејќи ја интимноста и поетиката по кои филмот е препознаен на меѓународните фестивали.

Наградите IDA се сметаат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и често се најсилен индикатор за успех во сезоната на Оскарите. Голем дел од добитниците традиционално се појавуваат и меѓу официјалните номинирани, но и меѓу победниците на Академијата, известија од тимот на „Котевска.
Со најновиот успех, „Приказната за Силјан“ сериозно ги зацврстува своите шанси во двете категории во кои се натпреварува за Оскарите оваа година. Потесниот избор за оскаровската трка ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година.
Филмот го откупи и National Geographic Documentary Films, што дополнително го зголемува неговиот глобален домет и го позиционира македонското документарно творештво на мапата на светската елитна продукција.
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот