Со честитките на „Лице в лице – множиме добрина, делиме радост

Пристигна времето кога на нашите „To Do“ листи, веќе задолжително ги ставаме и желбите за годината која ни доаѓа. За да ја пречекаме 2025-та спремни, „Лице в лице“, во соработка со македонски уметници кои ги донираат своите дела, креираше нова понуда на новогодишни мотиви, со кои ја зајакнува двојната општествена мисија – економска независност на ранливи сограѓани и градење заедница на с(о)весни, компании, граѓани, институции и организации.
Оваа година, со свои мотиви се вклучија: Андреа Бојковска, Ва Дот, Ване Костуранов, „Кокидо“, Зоран Инадески, Георги Равански, Иван Претрушевски – Флим.
Сите печатени честитки се на преклоп и доаѓаат со плик.
Бидете дел од заедницата со која множиме добрини и делиме радост оваа зима!
Ве очекуваме!
- Некој те вознемирувал онлајн? Сподели анонимно, помогни да се заштитат други млади
- Пријави се за учество на првиот пловен маркет на Охридското Езеро
- Од пинг-понг игра до заедница: единствена граница се рабовите на масата
- Дигиталната писменост не е „опција“ – таа е „основа“ за сѐ што следи
- Гледај, читај, слушај цело лето