Доза вести

Пристигнаа новогодишните честитки!

Драги пријатели,

Изминува година во која се изродија многу иницијативи со убава енергија, заедништво, солидарност и емпатија!  Доаѓа оној период во годината кога, рефлектирајќи наназад, но и планирајќи ја иднината, го согледуваме значењето на градењето отпорност и истрајност во кризни времиња.
Несомнено, издржуваме поддржувајќи се меѓусебно, верувајќи едни во други!

„Лице в лице” честитките се овде за да нè потсетат дека само заедничките заложби го градат системот силен. Веруваме дека нашата понуда на новогодишни мотиви ќе ги израдува вашите најблиски, соработници пријатели, партнери и ќе придонесе за позитивна енергија и верба во подобро и поинклузивно општество. 

Купувајќи „Лице в лице” честитки, ги поддржувате инклузивните програми за ранливите сограѓани – наши продавачи, преку кои јакнеме вештини кои им се потребни за да влезат, и најважно, да останат на пазарот на труд, но и:

>  Се вклучувате во движење за одговорна иднина  

>  Практикувате одржливи решенија: честитките се од рециклирана хартија

>  Промовирате македонски уметници

Креиравме печатени и дигитални честитки, вклучувајќи и два мотива на анимирани честитки.

„Лице в лице” е гордо на сите вас кои придонесувате кон одржлив развој и силно веруваме дека само заедно можеме да градиме силни партнерства кои ќе го унапредуваат животот на секој од нас, не оставајќи никого изоставен.

Честитките можете да ги најдете кај продавачите на „Лице в лице“ и во книжарите ТРИ.

За нарачки од страна на компании контактирајте нѐ на 078/ 337-318 или на [email protected]

Ве очекуваме! <3

Напишете коментар