НОВОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ВИ ГИ ДОБЛИЖУВА ОДГОВОРНИТЕ ПАТУВАЊА И ОДРЖЛИВИОТ ТУРИЗАМ, ДОДЕКА ГРЧКОТО УЛИЧНО СПИСАНИЕ КРЕИРАШЕ АНГЛИСКА ВЕРЗИЈА СО КОЈА САКА ДА ГИ ДОБЛИЖИ ОВИЕ АСПЕКТИ НА ТУРИСТИТЕ ОД СТРАНСТВО
Грчкото улично списание „Схедија“, ова лето, за туристите кои ќе летуваат на нивните туристички места понуди специјален број на англиски јазик, кој дава уникатни информации за одговорен туризам кај нашиот јужен сосед.
Овој број ќе биде достапен во Атина, каде е седиштето на „Схедија“. Одговорниот водич за туризам е прв од ваков вид направен за Атина и во Грција. Се одликува со социјални иницијативи од повеќе области се појавија во последните неколку години: од ресторани и работилници за реупотреба, до продавници за рачна изработка на подароци, но, и специфични места како ранчови за напуштени коњи.
Грчкото улично списание, како и нашето, „Лице в лице“, е членка на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП), од каде споделуваат за овој потфат:
– Знам дека многу иселеници што живеат во Грција и многу посетители сакаа да го поддржат учичното спсание и да го читаат. Затоа, англиската верзија ќе им помогне на продавачите да продадат дополнително списание, но на туристите да можат да прочитаат нешто поинакво – изјави за ИНСП Николиа Апостолу, новинар и дописник за меѓународни медиуми, кои сакал да им помогне на продавачите на „Схедија“ да имаат поголема заработувачка.
Водичот ги запознава посетителите со социјални и еколошки иницијативи што даваат информација за нивниот еколошки отпечаток и овозможуваат на туристите да ја покажат својата солидарност кон ранливите сограѓани.
Апостолу вели дека идејата за одговорен туристички водич ја добила од тоа што видела илјадници западноевропски волонтери кои пристигнале во Лезбос и другите грчки острови кои сакале да им помогнат на бегалците кои пристигнуваат од турските брегови.
– Со години, и јас и „Схедија“ претпочитаме solution новинарство (новинарски приказни кои носат податоци и известување за општествени проблеми). Ние ги презентираме луѓето и социјалните иницијативи што ги опфативме низ годиниве – вели таа.
Крис Алефантис, основач и главен уредник на „Схедија“ изјави:
– Исто како и грчкиот весник, англиското издание е многу повеќе од само списание. Тоа е социјална иницијатива која има за цел поддршка на најранливите сограѓани да се издржуваат, а во исто време, се обидува да обезбеди важен водич за одржлив и одговорен туризам за нашите меѓународни посетители.
Читателите ќе се запознаат со ресторан, чии готвачи се соочувале со бездомништво и социјално исклучување, ќе дознаат за приказната за неверојатна жена која спасувала коњи, ќе дознаат за работата на младите бегалци во хостелот од кој 2/3 е за туристите, а остатокот е за барателите на азил и многу други приказни. На читателите им се нудат можности за волонтирање, како на пример, грижа за спасени коњи или помагање во кујна на ресторанот кој е во сопственост на „Схедија“.
Англиското издание се дистрибуира преку мрежата продавачи на грчкиот уличен весник, како и преку специјално изработени киоск-продавници во избрани хотели, музеи и други места што привлекуваат интерес за посетителите. Чини пет евра, а половина од секоја продадена копија што оди директно во џебот на продавачите.
Текст и фотки преземени од Shedia / INSP.ngo