Од денеска, за сите читатели и поддржувачи, достапен е новиот, 40-ти број на „Лице в лице“.
Ова издание го подготвувавме со многу љубов, позитивна енергија, со учество на многу драги соработници, и на еден поинаков начин од сите досегашни.
Нѐ радува можноста да влијаеме во подигнувањето на свеста за тоа колку е важно сите да партиципираме во промените кои ги посакуваме. 
Проверете што носат новите страници посветени на темата социјална економија, но, и на главните одлики на граѓаните, институциите, бизнисите, лидерите... од иднината.

Актуелно во новиот 40. број:

Дизајн на насловна страница: Зоран Инадески
Тема: Улогата на социјалната економија во кокреирањето на новиот систем и на иднината

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: СЕДИ СИ ДОМА И ЧИТАЈ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – ИНИЦИЈАТИВА ШТО НЀ ОБЕДИНИ

Ковид-19 беше удар за продавачите на уличен печат низ светот. Но, на проблемот гледаме како на предизвик. Ја остваривме целта - на ниеден од продавачите не му беше загрозена егзистенцијата

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЧОВЕКОТ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕВОЛУЦИЈА

Како би можело да изгледа едно сценарио за тоа што е неопходно да се направи сега, кога светот е сведок на моментот на пауза од кој, можеби, може да се почне одново
 
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: ПОСТОЈНИОТ ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ НЕ ДОНЕСЕ ПОСАКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ, ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ

Во контекст на Агендата за одржлив развој 2030 година, неопходно е да го негуваме развојот на социјалните претпријатија како ефективна алатка во трансформирањето на светот и на економијата.

ОДГОВОРНА ИДНИНА: ИГНОРИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ: ПОЧВА, СОНЦЕ, СЕЛО

И покрај тоа што од селата ни доаѓа највкусната еколошка храна, системот и понатаму ги заборава. Ако продолжи ова темпо на иселување за десетина години ќе јадеме увезена храна без никаква гаранција за квалитет. Поголемите градови Скопје, Тетово и Битола ќе станат уште понехумани за живеење, а нашите планински села ќе бидат речиси празни.

ОБРАЗОВАНИЕ: УЧИЛИШТЕТО Е РОДНО МЕСТО НА НОВИОТ ПОДОБАР СВЕТ

Суштината на образованието бара од нас да го научиме детето како да биде вистински човек, како да се соочи со животот, како да успее и, што е најважно, како да биде, навистина, среќно.

На последната страница, нашите продавачи ви упатуваат посебна благодарност вaм, нашите драги читатели, пријатели, поддржувачи. 

Во моментов, дел од нив се враќаат на своите работни места со строго почитување на сите мерки но сепак, тие, и овој пат, се една од најранливите категории што ќе бидат изложени на најлошите ефекти од состојбата со Covid 19.
Го задржуваме нашиот познат принцип „50-50“: половина од средствата ќе бидат насочени кон обезбедување на егзистенцијалните потреби на продавачите.

Купувајќи го „Лице в лице“ им помагате на многумина.
Читајќи го „Лице в лице“ си помагате себе си!


Наскоро ќе објавиме и датум за промотивниот настан, на кој сакаме да се вклучите со ваши инпути и фидбек.
Следете нè на социјалните мрежи.