Учи надвор, овозможи дома! Младите на студии надвор од Македонија
Раскажуваме приказни кои ги интересираат младите!
Овој пат, за нивните инспиративни патувања низ водите на образованието, и тоа не дома, туку надвор. Тука ќе проследиме примери на млади лица кои своето образование го продолжиле на престижни универзитети низ Европа и пошироко. Нивните искуства не само што ја истакнуваат трансформативната моќ на студирањето во странство, туку го покажуваат и вредниот развој на кариерата и можностите за вработување што ги добиваат по враќањето во Македонија.
Еден таков студент е Гуѕим Нухиу. Тој штотуку го започна неговиот престој во Обединетото Кралство. Во моментов студира медиуми, кампањи и социјални промени на Универзитетот во Вестминстер во Лондон.
Искуството е неверојатно! Имам можност да учам од врвни експерти и да изградам глобална мрежа на контакти – вели тој.
Неговата порака е насочена кон младите луѓе кои сакаат да направат разлика:
– Доколку сте амбициозни и сакате да создадете промени, аплицирајте за стипендијата Чивнинг и верувајте во себе! Можеби следната година ќе бидете и вие овде!
Зошто младите сакаат да студираат во странство?
Студирањето во странство ги отвора вратите за оразование од светски размери. Тие имаат можност да учат од водечки експерти во посакуваната област. Исто така, отвора можности за глобално вмрежување – се поврзуваат со врсници и професионалци со различна позадина и потекло. Влијае и на личниот развој како личности и професионалци – учат за нови култури и ги прошируваат перспективите. Накусо, одат надвор од својата зона на конфорт!
Програмата за стипендии како „Чивнинг“ е на линков.
„Лице в лице“ ќе објавува информации и за други образовни можности достапни за македонските студенти.
Доколку имате предлог, пратете ни го на [email protected], и на [email protected].
Запознајте го Матеј Тројачанец тој е Чивнинг стипендист, кој своите студии ги заврши во Шкотска, тој студираше во областа на компаративната, еволутивната и развојната психологија. По дипломирањето, Матеј доби уникатна можност за теренска работа во Уганда, каде што ги применува своите знаења во практични услови.
Слушнете го тука:
Покрај запознавањето на врвни експерти и учењето на нови алатки, Ана Јакимска во склоп на нејзиното студирање на ,,Голдсмитс” во Лондон, снима и два филмови… Таа сега е вратена во Македонија и своето стекнато искуство го користи тука. Таа е коосновачка на ,,Сутерен “ креативното студио за копродукција во Скопје… Слушнете ја Ана тука:
Прочитајте повеќе и за други теми
- Една трансплантација чини колку една годишна дијализа
- Менторството како мост за промена: Од несигурност и страв кон самодоверба и самостојност
- Со „Лице в лице“ честитките множиме добрина, делиме радост
- Донаторска акција „Стопли детско срце“ – во Startup Club Skopje
- Хуманитарен настан во организација на ХЕРА: Промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност