Во Демир Хисар ќе се одржи работилница за едноминутни видеа во рамки на фестивалот „Блендер 2025“

На 5 и 6 јули 2025 година, Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде домаќин на дводневната работилница за видео-креација со наслов „БЛЕНДЕР 2025 – One Minute Video“, која е дел од програмата на фестивалот за децентрализирана култура „Блендер“.
Работилницата е наменета за сите креативци кои сакаат да научат како да раскажат силна, лична и визуелно впечатлива приказна – во само една минута. Под менторство на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, учесниците ќе поминат низ интензивен процес на учење, инспирација и практична работа.
Програмата вклучува кратко теоретско воведување и проекција на внимателно одбрани едноминутни филмови од светската сцена, а потоа следува практичниот дел: снимање, монтажа и проекција на видеата креирани за време на работилницата.
Организаторите нагласуваат дека бројот на учесници е ограничен, и ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават навреме со порака на профилот подолу.
📍 Локација: Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар
📅 Датум: 5 и 6 јули 2025
🕜 Почеток: 13:30 часот
Работилницата е дел од континуираните заложби на фестивалот „Блендер“ за приближување на културата до заедниците надвор од големите градови, преку програми кои ги поттикнуваат младите и независните автори да создаваат и да се изразуваат.
Првиот настан на фестивалот беше во Охрид
„Блендер“ веќе го отвори ова лето со незаборавен настан во Охрид. На 27 јуни, во Младинскиот центар, најмладите имаа прилика да се сретнат со емоциите, театарот и креативноста сѐ во едно попладне.

Интерактивната претстава „Љупка и Љубица“, во изведба на актерките Ангела Лефкова и Анастасија Ласовска, ги одведе децата на патешествие низ радоста, љутината и љубомората – преку ликот на две поштарки кои носеа многу повеќе од писма: носеа пораки.
По претставата, 23 млади учесници се вклучија во работилница по сценографија, каде самите креираа сценографски макети инспирирани од претставата што штотуку ја видоа. Малите автори добија шанса не само да учат, туку и да се изразат.
- Кога читам размислувам, кога размислувам сакам да споделам: со „Nook Book“ го можам тоа
- Кисела Вода ќе добие урбан парк: Инклузивен простор за деца, семејства и домашни миленици
- Во Демир Хисар ќе се одржи работилница за едноминутни видеа во рамки на фестивалот „Блендер 2025“
- Некој те вознемирувал онлајн? Сподели анонимно, помогни да се заштитат други млади
- Пријави се за учество на првиот пловен маркет на Охридското Езеро