Во ист ритам создаваме, се движиме, се бориме и победуваме -еднаквост за сите
„Во ист ритам“ е новата кампања за подигање на јавната свест за родовата еднаквост, која е насочена кон младите луѓе во земјата.
Кампањата ја спроведува Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.
Кампањата се фокусира на младите како целна група на која ѝ е потребна значителна поддршка, солидарност, грижа за нивната добросостојба и поттик за поголемо учество во општествените процеси. Истовремено, кампањата има за цел да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата – велат од ХЕРА.
Од таму посочуваат дека младите се во фокусот на нивната работа.
Со години работиме на програми и сервиси наменети за младите луѓе, со цел да им се овозможи широк спектар на услуги и поддршка за здравствена грижа, родово сензитивно образование, сеопфатно сексуално образование, грижа за менталното здравје и генерално добросостојбата на младите – додаваат од организацијата
Во рамки на ХЕРА, функционира и еформалната младинска група „ХЕРА Млади“ која брои над 90 млади на возраст од 16 до 25 години кои посветено ја подигаат свеста и ги едуцираат своите врсници за сексуалното и репродуктивното здравје и права преку врсничките едукации за сеопфатното сексуално образование.
„Хера Млади“ е иницијатива којашто доаѓа од потребата на младите да бидат слушнати и да ги преземат работите во свои раце.екојпат кога приоритетните прашања за младите не се истовремено приоритетни прашања и за институциите. Кога сите млади имаат еднакви услови за учење, изразување и личен раст, тие можат да ги ослободат своите потенцијали и да придонесат кон градење на посилно и поинклузивно општество. Нивниот глас треба да биде слушнат, нивните идеи треба да бидат прифатени и нивните права треба да бидат заштитени. Неопходно е сите млади луѓе да имаат можност да се развиваат во ист ритам, бидејќи на тој начин се создава силна основа за иднината на нашата заедница – велат од ХЕРА
Повеќе информации за кампањата „Во ист ритам“ ќе најдете на овој линк