Во Крушево се одржа модул за јакнење на младинскиот претприемнички дух

Во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, „Младински сојуз Крушево“ и Здружението на граѓани Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ , во Крушево се одржа тридневна обука на тема „Младинско претприемништво“, која претставува прв модул од пошироката Програма за градење на капацитети. Настанот се реализираше во периодот од 30 јуни до 2 јули, и опфати учесници од различни делови на земјата.
Еден од нив беше и Дончо Јанкула дел од Младинскиот културен центар од Битола.
„Искрено, на почетокот и не ми се доаѓаше, но кога пристигнав, се вклопив со околината. Предавачите беа многу добри и ги поврзаа темите што требаше да ги научиме“, изјави тој.
Со неговата изјава тој ја објасни и целта на програмата. Која е наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивната улога во создавањето на позитивни општествени промени. Според организаторите, таа опфаќа три клучни тематски области: младинско претприемништво, социјални иновации и вработување на маргинализирани групи.
Модулот во Крушево беше насочен кон развој на претприемнички компетенции кај младите, инкубирање на идеи и иницијативи водени од млади, како и кон зајакнување на граѓанските организации како поддржувачи на младинската економска мобилизација.
Стефан Димкковски од Европското Движење кој исто така беше дел од обуката изјави дека очекувал формален и технички пристап, но бил изненаден: „Со реални примери и искуства научивме како се гради социјално претпријатие“.





Дел од учесниците изјавија и дека најважен дел од модулот им бил тоа што можат да учат од искуства и да споделуваат со другите присутни.
Следниот модул од Програмата, на тема „Социјални иновации“, ќе се одржи од 15 до 17 јули во Струга. Темите ќе вклучуваат дизајн размислување, ко-креирање со заедницата, модели на одржливост, мерење на општествено влијание и примери на успешни практики.
Модулот 3, со фокус на вработување на маргинализирани групи, е закажан за периодот од 25 до 27 јули во Струмица. Тој ќе опфати теми како инклузивни политики за вработување, развој на вештини, социјално претприемништво и модели на поддржани вработувања.
*Дел од проектот Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемaштво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
- Нема пари? Нема проблем. Во Штип се вежба бесплатно
- Од Брајчино до Дупени: „Meet Prespa“ со поезија, музика и улична храна
- Патувачкото кино на „Македокс“ ова лето оди во Кочани – проекции од 15-ти до 20-ти јули
- Во Крушево се одржа модул за јакнење на младинскиот претприемнички дух
- Новата редакција: Човек + Машина = Подобро новинарство?