ЗЕНици

Запознајте го Кико, нов продавач на #Лицевлице

Денот знае да е поубав кога ни почнува со убави вести!

Ни стигна убава фотографија со уште поубава порака!

Кристијан Пешевски е нашиот нов продавач кој доаѓа од партнерската организација Црвен Крст на Град Скопје. Семејството и пријателите го знаат како Кико, а за нас е новиот Кико – продавач на „Лице в лице“, за кој силно веруваме дека ќе има успех во неговите заложби.
Со оглед на тоа како почна, го очекуваат само успеси!

Една од желбите на Кико, била да си купи гитара. Со многу труд и редовно излегување на продажба периодов, Кико собрал доволно средства и си ја исполни својата желба – си купи гитара.
На Кико му посакуваме да научи да ги свири сите омилени песни и да биде вреден и посветен како и до сега.

Среќен почеток Кико!

Напишете коментар