Доза вести

Жените зад насловите: изложба за 80 години медиумска историја

Време на читање: 2 минути

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ организираат изложба насловена „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, која ќе се одржи на 24 септември 2025, со почеток во 19.30 часот, во скопското кафулеИзлет“.

Изложбата е посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја. Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на изложбата беа направени во соработка со семејствата на овие жени.

– Жените играат клучна улога уште од првите денови на македонското новинарство. Нивното присуство не било само симболично, тие влијаеле врз етаблирање на професионалните стандарди, отворале авангардни теми што го менувале општеството и биле глас за оние што останувале без глас во јавноста- велат од ССНМ.

Историјата сведочи за голем број значајни имиња од почетната ера на македонското новинарство, радио и телевизиски пренос, како и првите репортерки, монтажерки, камерманки, фоторепортерки кои ги отвораа прашањата за политичките и општествените случувања, култура, образование и социјална правда во јавната сфера.

– Преку нивните фотографии потсетуваме за први уреднички, значајни имиња од почетната ера на македонскиот радио и телевизиски пренос, како и првите репортерки, монтажерки, камерманки, фоторепортерки… кои ги отвораа општествени и политички прашања, прашања за култура, образование и социјална правда во јавната сфера -велат организаторите.

Стартап кој работи со ВИ во служба на медиумската меморија

Посебна новина на настанот е дигиталниот глас на легендарната спикерка Бранка Станковска, оживеан со помош на стартапот „Tytl.app“, кој преку вештачка интелигенција направи ново аудио искуство. Така, гласот на Станковска ја прави најавата за оваа изложба, во 2025 година.

Стартап кој работи со ВИ во служба на медиумската меморија

Посебна новина на настанот е гласот на легендарната спикерка Бранка Станковска, оживеан со помош на стартапот „Tytl.app“, кој преку вештачка интелигенција направи ново аудио искуство. Така, гласот на Станковска ја прави најавата за оваа изложба, во 2025 година.

Станува збор за реконструкција на гласот на познатата спикерка, која е создадена врз основа на специјални аудио податоци. Стартапот дојде ова лето го промовираше ова, кога македонската јавност ја слушна дигиталната гласовна реплика што ја задржува препознатливата дикција, боја и емоционален израз на Станковска.

Напишете коментар