Живот со трансплантиран орган!
Започнувајќи од 2011 година, со донесувањето на Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, во Република Северна Македонија има континуиран развој во политиките со цел овозможување на процесот на трансплантација, институционален развој и градање на капацитетите за овозможување на прооцесот.
Меѓутоа, развојот на овие политики, не е доволно координиран со останатите политики кои ги таргетираат системот на социјална заштита и политиките на пазарот на трудот, a со цел овозможување на квалитетен живот и на пациентите кои живеат со донирани органи, пациентите кои се на листа на чекање и пациентите кои донирале орган.
Овој прашалник е наменет за лица со трансплантирани органи кои живеат во Репблика Северна Македонија. Целта е да се соберат нови сознанија во однос на квалитетот на нивното живењее, секојдневните предизвици со кои се соочуваат, особено кога станува збор во пристапот со услуги (социјални и здравствени) и пазарот на трудот.
Прашалникот е анонимен, одговорите се безбедни и шифрирани, без лични податоци.
Благодарност за одлуката да учествувате во одговарање на прашалникот!
Клик на ПРАШАЛНИКОТ
photo: Freepik