Галерија, Гледај и слушај

Активирај се, направи нешто со/за себе!

Време на читање: 2 минути

Со боенки кои на симболичен начин даваат поддршка до хероите на карантинот, „Лице в лице“ ги објавува илустрациите на познати српски дизајнер(к)и, преку кои се заблагодарува на сите луѓе кои херојски останаа во првите редови, за нашето секојдневие да биде поиздржливо. 

Делата беа објавени во 62. издание на српското улично списание „LICEULICE“, чиј тим, заедно со илустраторите Братислав Миленковиќ, Драгана Кртиниќ, Моника Ланг, Сергеј Туцаков и Сања Стојков ги изработи овие боенки како подарок за читателите. Во солидарна акција, тие ги споделија и со нас, па овие боенки се достапни и за читателите на македонското улично списание.

Како вие ќе ги обоите хероите на карантинот?
Постирајте на социјалните мрежи со хаштаг #ЛицевлицеХерои, и/или испратете ни ги вашите обоени дела на licevlice@editor-lvl

Напишете коментар