Актуелно, Доза вести, Лице в лице

Што им е потребно на социјалните претприемачи? Одговори во Котур!

Време на читање: < 1 минута

На 13 септември (петок) со почеток во 17 часот, во КОТУР ќе се одржи настан организиран од АРНО, во рамки на проектот „YOU-CAN-BE“, посветен на предизвиците и успесите на социјалните претприемачи, насловен: На социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) ЗНАЕЊЕ!

Случувањето, меѓудругото, предвидува и дискусија од која дел ќе биде и нашата менторка за вработување и координаторка на координаторите на „Лице в лице“, Магдалена Чадиноска Кузманоски, во друштво на Александра Бела од УРМА и Кристиан Шопов, (познат како Еко-магионичар и Среќотворец)

Освен инспиративни приказни, учесниците ќе можат да се вклучат во играта „Unfortune cookies“ и да се запознаат со новиот сет алатки за социјални претприемачи, создадени во рамките на проектот. Исто така, настанот ќе вклучува и инфосесија за новиот повик за млади претприемачи – RISE Journey 5, кој нуди финансиска поддршка и менторство за развој на идеи со позитивно општествено влијание.

За повеќе информации и за регистрација, посетете го линкот.

Настанот е организиран во рамките на проектот „You Can Be“, кој е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Напишете коментар