Дурбин, Тема на месецот

Ако еден од нас го прекрши правилото, сите ја плаќаме цената

Време на читање: 8 минути
ЧОВЕКОТ ЕКСПЛОАТИРА - ПЛАНЕТАТА СЕ РАСПАЃА
- банер -

Ние, лу­ѓе­то, се бу­ди­ме се­кое утро не­свес­ни де­ка свет­ска­та еко­но­ми­ја, во про­сек, кон­су­ми­ра ре­сур­си за 1,5 пла­не­та. И во ова вре­ме на актив­на зло­у­по­тре­ба на при­ро­да­та, ко­ја се ури­ва пред на­ши­те очи, ед­на же­на од Бе­кир­ли­ја ни одр­жа лек­ци­ја. Ати­џе, хе­ро­и­на­та од фил­мот „Ме­де­на зем­ја“, кој се за­ки­ти со три на­гра­ди на пре­стиж­ни­от „Сан­денс“, ни по­ка­жа ка­ко тре­ба да се жи­вее во сог­лас­ност со при­ро­да­та во­деј­ќи се спо­ред ос­нов­но­то пра­ви­ло на одрж­ли­во­ста – „зе­ми по­ло­ви­на, оста­ви по­ло­ви­на“

Марс (за не­го­ва сре­ќа) не се отво­ра кон нас, лу­ѓе­то, жи­те­ли­те на пла­не­та­та Зем­ја. Знае што ѓу­бри­ња сме, се­којд­нев­но го гле­да тоа, иа­ко од ди­стан­ца. Дур­би­нот на Марс гле­да на­кај „си­на­та пла­не­та“ и да­ва по­да­то­ци де­ка ние, лу­ѓе­то, се бу­ди­ме се­кое утро не­свес­ни де­ка свет­ска­та еко­но­ми­ја, во про­сек, кон­су­ми­ра ре­сур­си за 1,5 пла­не­та. Вни­ма­вај­те, тоа е во про­сек! Про­чу­е­ни­от про­фе­сор на Ин­сти­ту­тот за тех­но­ло­ги­ја во Ма­са­чу­сетц (МИТ Уни­вер­зи­тет) и ос­но­вач на те­о­ри­ја­та „У“, Ото Шар­мер, ве­ли де­ка САД, на при­мер, го над­ми­ну­ва тро­ше­ње­то ка­ко за пет пла­не­ти. Во не­до­стиг на таа по­ло­ви­на пла­не­та, ко­ја ја не­ма­ме (или, тие че­ти­ри, ако сте Аме­ри­кан­ци), крај­но вре­ме е да се пог­лед­не­ме в ог­ле­да­ло, да си плес­не­ме шла­ка­ни­ца и да си ре­че­ме: „Им ја кра­де­ме ид­ни­на­та на на­ши­те де­ца“.

По­да­то­кот де­ка 66 ми­ли­о­ни де­ца што по­се­ту­ва­ат ос­нов­но обра­зо­ва­ние во зем­ји­те во раз­вој, одат глад­ни на ча­со­ви не го на­о­ѓа­ме на се­кој агол. Но, по­стои. Факт е. Во исто вре­ме, ед­на тре­ти­на од се­та про­из­ве­де­на хра­на за­вр­шу­ва ска­пу­вај­ќи во кан­ти­те на по­тро­шу­ва­чи­те, на мар­ке­ти­те или, пак, се рас­и­пу­ва. Бес­мис­ли­ца, не­ли!

Не­ма­ме ли мо­рал­на од­го­вор­ност? Ка­ко лу­ѓе што се дел од оваа пла­не­та, ка­ко жи­ви су­штес­тва, чиј­што жи­вот за­ви­си од воз­ду­хот што го за­га­ду­ва­ме, од во­да­та во ко­ја фр­ла­ме пла­сти­ка, од зем­ја­та што ја за­ки­се­лу­ва­ме вшпри­цу­вај­ќи ѝ пе­сти­ци­ди, са­деј­ќи не­а­втох­то­ни ви­до­ви…

Пред са­мо не­полн век на­ши­те ба­би и де­дов­ци про­из­ве­ду­ва­ле и ко­ри­сте­ле тол­ку кол­ку што им би­ло по­треб­но. Ка­жа­но со де­не­шен реч­ник, би­ле са­мо­о­држ­ли­ви. Ра­бо­те­ле мно­гу, a ко­ри­сте­ле мал­ку. Всуш­ност, не мал­ку, ту­ку кол­ку што им би­ло по­треб­но. А ние се­га?
Пра­шај­те се со кол­ку пла­стич­ни ке­си се вра­ти­вте од па­за­ру­ва­ње, кој го на­пра­вил ру­че­кот што го ја­де­те, кој ги со­брал со­стој­ки­те од ни­ва, а кој го зак­лал пра­се­то што стои вед­наш до гар­ни­рот од ор­ган­ски зе­лен­чук. Да­ли од­го­во­ри­те ви отво­ра­ат не­ко­ја но­ва ќе­ли­ја?

Кон­су­ме­риз­мот вла­дее, а на­ши­те па­зар­но ори­ен­ти­ра­ни оп­штес­тва ја пот­це­ну­ва­ат вр­ска­та што ја има чо­ве­кот со за­ед­ни­ца­та, со­чув­ство­то, кул­ту­ра­та, оп­штес­тве­ни­те ре­ла­ции, се­ка­ко, во крај­ност, и со при­ро­да­та.

Бла­го­со­стој­ба на мал­ку­ми­на за сме­тка на си­те дру­ги

Сме­тај­ќи се за ин­те­ли­ген­тен вид, чо­ве­кот на­пра­вил тол­ку мно­гу, а, се­пак, ја уни­шту­ва сво­ја­та соз­да­тел­ка, сво­ја­та мај­ка при­ро­да. И тоа го пра­ви во кон­ти­ну­и­тет. Дој­де­ни сме до точ­ка од ко­ја не­ма вра­ќа­ње. Свет­ски­те дви­же­ња за ну­ла от­пад, за од­го­вор­ност во кон­су­ми­ра­ње­то, за етич­ки при­стап кон на­ши­те ка­пи­та­ли­стич­ки на­ви­ки се дел од ре­ше­ни­е­то. Свет­ска­та по­ли­тич­ка ели­та и гло­бал­ни­те раз­вој­ни аген­ции со­ста­ву­ва­ат пла­но­ви и аген­ди за ит­ни пре­диз­ви­ци, кои е по­треб­но да ги адре­си­ра­ме. Та­ка, на тац­на ни е ста­вен пла­нот за гло­бал­ни­те це­ли за одрж­лив раз­вој и за нив­но до­стиг­ну­ва­ње. Ум­ни лу­ѓе, про­фе­си­о­нал­ци, прет­став­ни­ци на раз­лич­ни ен­ти­те­ти се со­бра­ле и ра­бо­те­ле на до­ку­мент што тре­ба да по­ста­ви по­и­на­кво „вр­те­ње“ на зем­ја­та око­лу неј­зи­на­та оска. Пра­ктич­но, да­де­ни ни се на­со­ки, кои се­кој од нас тре­ба да ги сле­ди ка­ко свое све­то пис­мо.
Се­пак, по­е­ди­не­цот и по­на­та­му дејс­тву­ва ка­ко ни­што да не за­ви­си од не­го. Ка­ко, бо­жем, за одрж­лив раз­вој да се од­го­вор­ни са­мо тие на кои им е тоа ра­бо­та.
„Не­ка му ја мис­лат акти­ви­сти­те, тие од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции и по­ли­ти­ча­ри­те. На це­ла ра­бо­та уште тоа ми не­до­сти­га, да мис­лам за при­ро­да­та“ – ве­ли еден поз­нај­ник до­пи­вај­ќи го сво­е­то ка­фе за но­се­ње во кан­це­ро­ге­на ча­шка од сти­ро­пор, по што го фр­ла до­гор­че­то од про­зо­ре­цот на сво­јот авто­мо­бил.
Ве­ли, не фр­ла ни­што дру­го низ про­зо­рец, са­мо до­гор­чи­ња­та. Мо­рал, за да не му се за­ми­ри­са авто­мо­би­лот. Не­го­ва­та пла­сти­фи­ци­ра­на ви­зит-кар­тич­ка ве­ли ди­ре­ктор на мар­ке­тинг. Што ли ќе рек­ла­ми­ра ко­га, ко­неч­но, ќе оти­де­ме си­те по ѓа­во­ли­те.
А на­та­му сме трг­на­ле.

- банер -

До­де­ка раз­мис­лу­ва­ме за од­го­вор­но­сти­те, го гле­да­ме про­фи­лот на Ати­џе, ру­рал­на же­на од Бе­кир­ли­ја, пос­лед­на­та одг­ле­ду­вач­ка на ди­ви пче­ли, ка­ко гра­би на­пред, уго­ре кон ри­дот. Неј­зи­на­та при­каз­на за ко­ја све­тот чу пре­ку до­ку­мен­тар­ни­от филм „Ме­де­на зем­ја“ го пре­ми­на оке­а­нот и ги зе­де нај­ви­со­ки­те приз­на­ни­ја што ед­но не­за­вис­но до­ку­мен­тар­но ос­тва­ру­ва­ње би мо­же­ло да ги има, до­би­вај­ќи три на­гра­ди на пре­стиж­ни­от „Сан­денс“. Тоа зна­чи де­ка фил­мот до­би три на­гра­ди „Оскар“ во не­за­вис­на­та филм­ска до­ку­мен­та­ри­сти­ка! Ати­џе е хе­ро­и­на­та од фил­мот, же­на­та што ни одр­жу­ва лек­ци­ја за тоа зо­што е важ­но да дејс­тву­ва­ме во сог­лас­ност со при­ро­да­та. Ре­жи­сер­ка­та Та­ма­ра Ко­тев­ска, ко­ја за­ед­но со Љу­бо­мир Сте­фа­нов е автор­ка на фил­мот, об­јас­ну­ва де­ка Ати­џе на ед­но­ста­вен на­чин нè по­тсе­ту­ва на тоа што сме го за­бо­ра­ви­ле – де­ка ние сме за­вис­ни од при­ро­да­та, но и таа од нас.
– Ток­му за­тоа тре­ба да ѝ оста­ви­ме ед­на по­ло­ви­на од ре­сур­си­те што ни ги да­ва на ко­ри­сте­ње за да мо­же да се об­но­ват и по­втор­но да има за си­те. Ток­му ова е ос­нов­но­то пра­ви­ло на одрж­ли­во­ста: „зе­ми по­ло­ви­на, оста­ви по­ло­ви­на“.

Сте­фа­нов об­јас­ну­ва де­ка жи­ве­е­ме во вре­ме ко­га иско­ри­сту­ва­ње­то на при­род­ни­те ре­сур­си го има по­стиг­на­то сво­јот врв.
– Исто­ри­ски гле­да­но на­на­зад, иско­ри­сту­ва­ње­то де­не­ска е по­го­ле­мо од ко­га би­ло. Ту­ка не­ма го­лем про­стор за оп­ти­ми­зам. Тоа го ди­кти­ра мо­ќта – бла­го­со­стој­ба на мал број, за сме­тка на си­те дру­ги – де­ци­ден е Сте­фа­нов.

Иск­лу­чи­тел­но е важ­но си­те да сме Ати­џе

Хе­ро­и­на­та на „Ме­де­на­та зем­ја“, Ати­џе, жи­вее жи­вот во сог­лас­ност со при­ро­да­та, со ло­кал­ни­те ре­сур­си што ги ко­ри­сти од­го­вор­но.
– Са­мо та­ка мо­же да пре­жи­вее. Свес­на е, тоа при­род­но ѝ до­а­ѓа, не де­ка не­кој си­стем ја на­у­чил на тоа – ве­ли Сте­фа­нов.
Да­ли, мо­же­би, ток­му тој жи­вот над­вор од ци­ви­ли­за­ци­ја, и, би рек­ле, над­вор од „пра­ви­ла­та на игра“ на кон­су­ме­риз­мот, ја за­др­жа­ле Ати­џе на ви­стин­ска­та па­те­ка?
Сте­фа­нов ве­ли де­ка прин­ци­пот на Ати­џе не е не­што што таа го дек­ла­ри­ра.
– Таа го жи­вее тоа. Ако зе­ме сè, след­на­та го­ди­на не­ма да пре­жи­вее. Тоа е уни­вер­зал­но пра­ви­ло, ако по­тро­шиш сè, не­ма ве­ќе да има. На­ше­то оп­штес­тво нè учи да гле­даш да зе­меш по­ве­ќе. Ати­џе не­ма­ла кој да ја на­у­чи та­ка, неј­зи­но­то ми­кро­оп­штес­тво не ја на­у­чи­ло на тоа, ту­ку на оп­ста­нок, па та­ка таа за­ште­ду­ва за да има и за след­на­та го­ди­на – об­јас­ну­ва Сте­фа­нов.
Ре­жи­сер­ка­та Ко­тев­ска об­јас­ну­ва де­ка „Ме­де­на зем­ја“, во су­шти­на, е ог­ле­да­ло на кон­су­ме­ри­стич­ки­от свет во кој се бо­ри­ме си­те ние де­нес:
– Ати­џе има 50 го­ди­ни и це­ли­от свој жи­вот го по­ми­на­ла во сог­лас­ност со при­ро­да­та. Се­ло­то Бе­кир­ли­ја ка­де што жи­вее не е да­ле­ку од ци­ви­ли­за­ци­ја во ки­ло­ме­три, ту­ку во вре­ме, би­деј­ќи до не­го не­ма пат и не­ма ка­ко да се дој­де со обич­но во­зи­ло. Мо­же­би ток­му тоа е пре­суд­но­то за таа же­на да на­у­чи да жи­вее во рам­но­те­жа со при­ро­да­та, на што ние, лу­ѓе­то од гра­до­ви­те би мо­же­ле да ѝ поза­ви­ди­ме. Оваа же­на ни­ко­гаш не е не­среќ­на. Се­ко­гаш е нас­ме­а­на, пол­на со жи­вот и е мно­гу ин­те­ли­гент­на. Без раз­ли­ка на фа­ктот што не знае да пи­шу­ва, таа знае че­ти­ри ја­зи­ци и знае да ко­му­ни­ци­ра со се­ко­го. За раз­ли­ка од сè по­го­ле­ми­от број град­ски ви­со­ко­о­бра­зо­ва­ни ин­те­ле­кту­ал­ци, кои сè по­мал­ку ус­пе­ва­ат да се раз­бе­рат и да би­дат ви­стин­ски среќ­ни. Гле­дај­ќи ја оваа же­на, ма­кар и на филм, мо­же­би лу­ѓе­то ќе се по­тсе­тат што има­ат за­ко­па­но не­ка­де дла­бо­ко вна­тре во се­бе: таа искон­ска му­дрост на жи­во­тот, ко­ја му е да­де­на на се­кој по­е­ди­нец уште од не­го­во­то ра­ѓа­ње и ко­ја не смее да би­де за­бо­ра­ве­на – ве­ли Ко­тев­ска.

Ме­дот да обез­бе­ди обра­зо­ва­ние за де­ца­та од ме­де­на­та зем­ја
Ток­му овој еле­мент бил и инс­пи­ра­ти­вен за еки­па­та и, се на­де­ва­ме, ќе би­де и за це­ла­та јав­ност. Про­ду­цен­тот и мон­та­жер на фил­мот, Ата­нас Ге­ор­ги­ев, об­јас­ну­ва де­ка за Ати­џе е обез­бе­де­но при­стој­но ме­сто за жи­ве­е­ње во пр­во­то бли­ско се­ло до Бе­кир­ли­ја – Дор­фу­ли­ја. На се­мејс­тво­то Сем, пак, им го оста­ви­ле служ­бе­но­то во­зи­ло, а до­пол­ни­тел­на­та ак­ци­ја што се пра­ви по пре­ми­е­ра­та на фил­мот, но­си но­ва вред­ност.
– За нас најз­на­чај­но би би­ло ако на ло­кал­но ни­во на­пра­ви­ме кон­крет­ни про­ме­ни, не са­мо кај фа­ми­ли­ја­та, ту­ку во це­ла­та за­ед­ни­ца.
Еки­па­та е свес­на за тоа ка­кво мо­же да би­де нив­но­то вли­ја­ние врз жи­во­тот на про­та­го­ни­сти­те.
– Свес­ни сме де­ка не сме­е­ме да доз­во­ли­ме да про­дол­жат да жи­ве­ат во та­кви ус­ло­ви. До август, ко­га фил­мот ќе би­де пре­ми­ер­но при­ка­жан на фе­сти­ва­лот „Ма­ке­докс“, има­ме да за­вр­ши­ме огром­на ра­бо­та, да ја спро­ве­де­ме оваа кам­па­ња за ме­ну­ва­ње свест – ве­ли Ге­ор­ги­ев.
Ко­тев­ска об­јас­ну­ва де­ка ти­мот што го пра­ве­ше фил­мот (освен ре­жи­се­ри­те и про­ду­цен­тот, ту­ка се и двај­ца­та сни­ма­те­ли – Феј­ми Да­ут и Са­мир Љу­ма), три го­ди­ни би­ле дел од жи­во­тот на две­те фа­ми­лии и све­до­че­ле на мно­гу пре­диз­ви­ци на тие лу­ѓе, ме­ѓу кои би­ло и изу­ми­ра­ње­то на пче­ли­те по­ра­ди чо­веч­ки­от фа­ктор.

Фер и пра­вич­но ко­ри­сте­ње на зем­ја­та, рас­те­ни­ја­та, жи­вот­ни­те, пра­ктич­но – на ре­сур­си­те што ни ги да­ва при­ро­да­та, се во ср­це­ви­на­та на пла­но­ви­те и на про­то­ко­ли­те што се усво­е­ни за до­бро­то на си­те нас.

– Ние на­у­чив­ме мно­гу од се­то тоа. До­кол­ку го спо­ре­ду­ва­ме пра­ве­ње­то до­ку­мен­та­рен филм со со­би­ра­ње­то мед, ток­му за­тоа што и до­ку­мен­та­ри­сти­те се не­при­кос­но­ве­ни „со­би­ра­чи“ на чо­веч­ки­те при­каз­ни од ре­ал­ни­от жи­вот и нив­на­та ег­зи­стен­ци­ја, „сла­ва“ и ид­ни­на, за­ви­сат ди­рект­но од „пло­до­ви­те“ на ту­ѓи­те жи­вот­ни при­каз­ни, то­гаш лес­но мо­же да се раз­бе­ре зо­што до­ку­мен­та­ри­сти­ка­та се сме­та за мно­гу „неб­ла­го­дар­на“ про­фе­си­ја – авто­ри­те до­а­ѓа­ат, го зе­ма­ат тоа што им е по­треб­но и за­ми­ну­ва­ат, но про­та­го­ни­сти­те жи­ве­ат со пос­ле­ди­ци­те од тој филм цел жи­вот. Сог­ле­ду­вај­ќи го ова, ние ре­шив­ме да го „при­ме­ни­ме“ пра­ви­ло­то на кое нè на­у­чи Ати­џе, па за­тоа не си доз­во­лив­ме да го зе­ме­ме це­ли­от бе­не­фит од оваа фас­ци­нант­на при­каз­на за нас. На­про­тив, са­ка­ме „ед­на по­ло­ви­на“ да им оста­ви­ме ним. Ток­му за­тоа, по сни­ма­ње­то, на Ати­џе ѝ по­мог­нав­ме да си го ре­ши ег­зи­стен­ци­јал­но­то пра­ша­ње и ѝ ку­пив­ме ку­ќа во со­сед­но­то се­ло Дор­фу­ли­ја, ка­де што има ос­нов­ни ус­ло­ви за жи­вот и ка­де што е поб­ли­ску до сво­и­те род­ни­ни – об­јас­ну­ва Ко­тев­ска.
Таа до­да­ва де­ка тоа што се оби­ду­ва­ат да го на­пра­ват со кам­па­ња­та за ку­пу­ва­ње мед е на­со­че­на кон де­ца­та од се­мејс­тво­то Сем. Таа се спро­ве­ду­ва пре­ку сај­тот на фил­мот, Honeyland.Earth и има цел со­бра­ни­те па­ри да се на­ме­нат за шко­лу­ва­ње на, се­га ве­ќе, осум­те де­ца од ова се­мејс­тво.
– Со оваа ак­ци­ја, најм­но­гу се на­де­ва­ме де­ка осум­те де­ца на Ху­се­ин и на Љу­твие ќе има­ат мож­ност да ви­дат и да на­у­чат не­што по­ве­ќе од таа суд­би­на, ко­ја им е ве­ќе на­мет­на­та и од ко­ја не мо­жат тол­ку лес­но да из­бе­га­ат. Нај­пос­ле, се­кој има из­бор да се вра­ти та­му од ка­де што до­шол и да се за­ни­ма­ва со што са­ка, но важ­но­то е да се има из­бор. Вклу­чу­ва­ње­то на про­фе­си­о­нал­ци што ќе ра­бо­тат со нив е не­ми­нов­но, но за тоа би мо­же­ле да збо­ру­ва­ме ду­ри отка­ко ќе има не­ка­ков ис­ход од до­на­ци­и­те – вни­ма­тел­на е Ко­тев­ска.
Прв­пат во исто­ри­ја­та на „Сан­денс“ еден до­ку­мен­та­рен филм е на­гра­ден со три приз­на­ни­ја. Ова е и прв­пат ма­ке­дон­ски дол­го­ме­тра­жен до­ку­мен­та­рец, со мно­зин­ска до­маш­на ко­про­дук­ци­ја, да вле­зе во кон­ку­рен­ци­ја и да освои на­гра­ди на овој фе­сти­вал, и ток­му по­ра­ди ова е од го­ле­мо зна­че­ње за ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја.
„Ме­де­на зем­ја“ е во про­дук­ци­ја на „Апо­ло ме­ди­ја“ и „Трис филмс“ и е ре­а­ли­зи­ран ка­ко дел од Про­гра­ма­та за за­чу­ву­ва­ње на при­ро­да­та во Ма­ке­до­ни­ја – про­ект на Швај­цар­ска­та аген­ци­ја за раз­вој и за со­ра­бо­тка (SDC), ко­ор­ди­ни­ран е од „Фар­ма­хем“, а е под­др­жан и од Аген­ци­ја­та за филм на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.


Ли­ко­ви што нѐ осве­сту­ва­ат кол­ку што ни е по­треб­но
На­ру­шу­ва­ње­то на при­род­на­та рам­но­те­жа во Бе­кир­ли­ја, ру­рал­но­то ме­сто ка­де што жи­вее Ати­џе и ка­де што е сни­мен фил­мот, нас­про­ти  неј­зи­ни­те за­ла­га­ња, го пра­ви се­мејс­тво­то на Ху­се­ин Сем. Се­дум­те усти за хра­не­ње но­сат не­при­кос­но­ве­на жед за по­ве­ќе. Ум­но­то око на авто­ри­те, пак, ја пре­не­су­ва оваа конф­ликт­на точ­ка со до­за перс­пе­кти­ва де­ка во све­тот на се­мејс­тво­то Сем не­ма га­ран­ти­ран сле­ден оброк, па не­го­ва­та не­ра­зум­ност кон при­ро­да­та, кон таа што го хра­ни не­го и не­го­во­то се­мејс­тво, до­би­ва по­и­на­ква ди­мен­зи­ја. Ко­тев­ска об­јас­ну­ва де­ка ова се­мејс­тво на но­мад­ски пче­ла­ри, кои до­а­ѓа­ат на иста­та те­ри­то­ри­ја со Ати­џе, е ти­пич­на сли­ка на су­ро­ви­от кон­су­ме­ри­зам, чи­е­што ос­нов­но пра­ви­ло е да зе­меш сè што мо­жеш за се­бе за да го обез­бе­диш сопс­тве­но­то пре­жи­ву­ва­ње.
– Но ток­му по­ра­ди ова пра­ви­ло се слу­чу­ва­ат си­те свет­ски вој­ни и ток­му по­ра­ди ова пра­ви­ло ро­кот на при­ро­да­та се на­ма­лу­ва и неј­зи­ни­те ре­сур­си ста­ну­ва­ат не­об­нов­ли­ви – ве­ли Ко­тев­ска.
Про­ду­цен­тот Ге­ор­ги­ев, инс­пи­ри­ран од при­ме­рот на Ати­џе, об­јас­ну­ва де­ка на лу­ѓе­то им е по­треб­но мно­гу мал­ку за да би­дат среќ­ни – по­крив над гла­ва, чист воз­дух и здра­ва хра­на.
– На­ши­те про­та­го­ни­сти зна­е­ја да ни го по­ка­жат тоа на си­те нам. Сфа­тив­ме де­ка тие не се глад­ни. Ток­му при­ро­да­та им да­ва сè што им тре­ба. Ме­со не ја­дат пре­ку ле­то би­деј­ќи не­ма­ат фри­жи­дер и не­ма­ат ка­де да го чу­ва­ат. Уби­ва­ат жи­вот­ни за хра­на са­мо во зи­ма, ко­га и им е по­треб­на по­и­на­ква хра­на и, се­ка­ко, ко­га мо­жат и да го со­чу­ва­ат. Тие мол­зат са­мо ед­на кра­ва. Мле­ко­то не мо­жат да го за­чу­ва­ат на дру­го ме­сто и мол­зат са­мо за нив, тол­ку кол­ку што им тре­ба – об­јас­ну­ва Ге­ор­ги­ев.

Фил­мот ме про­ме­ни ка­ко чо­век, мно­гу на­у­чив од Ати­џе
Сни­ма­те­лот Да­ут ве­ли де­ка се­кое оде­ње на ти­мот фил­ма­џии на те­рен би­ло со план, ме­ѓу­тоа, по са­мо­то при­стиг­ну­ва­ње, актив­но­сти­те на фа­ми­ли­и­те на­ру­шу­ва­ле сè, па мо­ра­ле да се прис­по­со­бу­ва­ат. Та­ка, и мо­мен­тот на „откро­ве­ни­е­то“ на прин­ци­пот „по­ло­ви­на – по­ло­ви­на“ до­шол не­о­че­ку­ва­но.
– Бев све­док ко­га сфа­тив­ме што пра­ви Ати­џе. Бев­ме фас­ци­ни­ра­ни. Сни­ма­ње­то на фил­мот, на­ви­сти­на, и ме­не ме про­ме­ни ка­ко чо­век, мно­гу на­у­чив од Ати­џе.
Љу­ма, пак, спо­де­лу­ва де­ка еки­па­та ста­на­ла ка­ко се­мејс­тво со нив­ни­те про­та­го­ни­сти:
– Ние за­ед­но ја­дев­ме, пи­ев­ме, пе­ев­ме, се сме­ев­ме, пла­чев­ме за­ед­но. Од­но­сот на Ати­џе кон пче­ли­те ни да­де до­вер­ба, па да не ни по­мис­ли­ме де­ка сме из­ло­же­ни на опас­ност. Не но­сев­ме ни­ка­ква за­штит­на опре­ма во те­кот на це­ло сни­ма­ње. Љу­бо­вта на Ати­џе кон пче­ли­те ни вле­ва­ше це­лос­на до­вер­ба де­ка тре­ба да им ве­ру­ва­ме. Де­ка тре­ба са­мо да би­деш ми­рен.

________________________________________


– Гло­бал­на­та по­пу­ла­ци­ја ќе до­стиг­не 9,6 ми­ли­јар­ди лу­ѓе до 2050 го­ди­на. За да се за­до­во­лат на­ши­те мо­мент­ни по­тро­шу­вач­ки на­ви­ки, ќе би­дат не­оп­ход­ни при­род­ни­те ре­сур­си на  три пла­не­ти.


– Од се­та во­да што по­стои на на­ша­та пла­не­та, са­мо по­мал­ку од три про­цен­ти мо­же да се ко­ри­сти за пи­е­ње. Од неа, пак, 2,5 про­цен­ти е за­мрз­на­та во Ан­тар­ктик, Ар­ктик и во гле­че­ри­те, па чо­веш­тво­то мо­ра да се пот­пре на пре­о­ста­на­ти­те 0,5 про­цен­ти.

– До­ма­ќинс­тва­та ко­ри­стат 29 про­цен­ти од гло­бал­на­та енер­ги­ја, а со тоа при­до­не­су­ва­ат до 21 про­цент од еми­ту­ва­ње­то на јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид.

– Зем­јо­делс­тво­то овоз­мо­жу­ва ра­бо­та за по­ве­ќе од 40 про­цен­ти од чо­веч­ка­та по­пу­ла­ци­ја. Овој по­да­ток ука­жу­ва де­ка, во су­шти­на, зем­јо­делс­тво­то ка­ко гран­ка е нај­го­ле­ми­от ра­бо­то­да­вец во све­тот.

Напишете коментар