Биди дел од „Лице в лице“ заедницата!
Овие празници, празни улици.
Продавачите на „Лице в лице“ не ве наоѓаат на вашите и нивни омилени места.
Со намалената циркулација на луѓе во кафулињата и рестораните (што е за поздрав), речиси и немаат продажба, а поради тоа, ниту средства за основна егзистенција. Никому не му е лесно, но, ваквите предизвици се двојно потешки за ранливите сограѓани.
Затоа, „Лице в лице“ направи прилагодувања на можните начини за ваше вклучување. Со новата веб платформа лесно можете да поддржите продавач, но, и да влијаете продавачите да бидат дел од програма која ќе ги однесе неколку чекори поблиску до пазарот на труд, како и да го поддржите процесот на работна интеграција, преку социјално менторство кое ќе се погрижи да се подобрат дигиталните вештини на продавачите и развојот на нивните индивидуални потреби и таленти. Описменување, курсеви за различни професии и занаети, поддршка во надминување на потешкотиите кои ќе произлезат од микро и макро средината и константно насочување кон активности за професионално усовршување.
Станете дел од решенијата направени согласно потребите на различни групи продавачи „Лице в лице“.
На „клик“ сте од тоа!
Што нуди новата платформа ?
Според нас, највозбудлива е можноста да следите видео интервјуа и да сте дел од ексклузивни вебинари и настани со еминентни гости од целиот свет (ТЕД говорници, футуристи, експерти од различни области), да читате визионерски размисли и конкретни задвижувања кон подобро општество.
Станувате дел од една значајна заедница чија мисија е напредокот на нашето општество, која неуморно ќе чекори кон остварување на потенцијалите во сите општествени сектори. Заедно ќе бидеме сè повлијателни и посвесни за средината во која сакаме и имаме право да живееме.
Годишното членство ви гарантира пристап до сите содржини кои ги продуцира „Лице в лице“ следниве 12 месеци, а веб платформата нуди побогато искуство преку видеа, подкасти, аудио верзии на текстовите…
Наместо постојано да ги прозиваме работите што не чинат, заедно ја носиме свесноста за тоа што е можно за нашето општество, низ конкретни и важни чекори.
Со купување на списанието „Лице в лице” им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице” си помагате себеси! Но, и на општеството!
10 коментари на “Биди дел од „Лице в лице“ заедницата!”