Лице в лице

Биди дел од „Лице в лице“ заедницата!

Овие празници, празни улици.

Продавачите на „Лице в лице“ не ве наоѓаат на вашите и нивни омилени места.
Со намалената циркулација на луѓе во кафулињата и рестораните (што е за поздрав), речиси и немаат продажба, а поради тоа, ниту средства за основна егзистенција. Никому не му е лесно, но, ваквите предизвици се двојно потешки за ранливите сограѓани.

Затоа, „Лице в лице“ направи прилагодувања на можните начини за ваше вклучување. Со новата веб платформа лесно можете да поддржите продавач, но, и да влијаете продавачите да бидат дел од програма која ќе ги однесе неколку чекори поблиску до пазарот на труд, како и да го поддржите процесот на работна интеграција, преку социјално менторство кое ќе се погрижи да се подобрат дигиталните вештини на продавачите и развојот на нивните индивидуални потреби и таленти. Описменување, курсеви за различни професии и занаети, поддршка во надминување на потешкотиите кои ќе произлезат од микро и макро средината и константно насочување кон активности за професионално усовршување.

Станете дел од решенијата направени согласно потребите на различни групи продавачи „Лице в лице“.
На „клик“ сте од тоа!

Годишна претплата на дигитално „Лице в лице“

600 ден
Со годишна претплата на дигиталното издание на „Лице в лице“ овде, на дигиталната платформа, имате пристап до сите содржини кои ги продуцира уличното списание во текот на 12 месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето. Со секое ново издание на уличното списание, на мејл адресата која ја оставате при регистрирањето (која ја внесувате при плаќањето), ви испраќаме и информации за новостите, можности за вклучување на настани кои ги организираме и сл. Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани. Купувајќи годишна претплата, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин: - кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон (овде детали за овој дел) или - во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.

 

Што нуди новата платформа ?

Според нас, највозбудлива е можноста да следите видео интервјуа и да сте дел од ексклузивни вебинари и настани со еминентни гости од целиот свет (ТЕД говорници, футуристи, експерти од различни области), да читате визионерски размисли и конкретни задвижувања кон подобро општество.

Станувате дел од една значајна заедница чија мисија е напредокот на нашето општество, која неуморно ќе чекори кон остварување на потенцијалите во сите општествени сектори. Заедно ќе бидеме сè повлијателни и посвесни за средината во која сакаме и имаме право да живееме.
Годишното членство ви гарантира пристап до сите содржини кои ги продуцира „Лице в лице“ следниве 12 месеци, а веб платформата нуди побогато искуство преку видеа, подкасти, аудио верзии на текстовите…

Наместо постојано да ги прозиваме работите што не чинат, заедно ја носиме свесноста за тоа што е можно за нашето општество, низ конкретни и важни чекори.

Со купување на списанието „Лице в лице” им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице” си помагате себеси!  Но, и на општеството!


Сакам да бидам дел од оваа заедница!

Back to list

10 thoughts on “Биди дел од „Лице в лице“ заедницата!

Напишете коментар