Гледај и слушај

Циркуларната економија – приоритет за чиста животна средина

Кли­мат­ски­те про­ме­ни се нај­го­ле­ми­от проб­лем на де­неш­ни­на­та и пре­диз­вик за тие што до­не­су­ва­ат од­лу­ки­. И на­ша­та зем­ја ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те од ек­стрем­ни­те вре­мен­ски ус­ло­ви што ги за­гро­зу­ва­ат на­ше­то здрав­је и без­бед­но­ста на на­ши­те до­мо­ви. Ова е гло­ба­лен проб­лем, ме­ѓу­тоа при­чи­ни­те што го пре­диз­ви­ку­ва­ат се мно­гу ло­кал­ни.

Лу­ѓе­то што до­не­су­ва­ат од­лу­ки се со­о­че­ни со се­ри­о­зен пре­диз­вик, но и со мож­ност за комп­лет­на про­ме­на на на­чи­нот на кој си­те сфе­ри на оп­штес­тво­то функ­ци­о­ни­ра­ле до­се­га. Во свет во кој кли­ма­та се ме­ну­ва за­бр­за­но, вре­мен­ски­те ус­ло­ви ста­ну­ва­ат ха­о­тич­ни и не­пред­вид­ли­ви, на­чи­нот на кој ги пла­ни­ра­ме и гра­ди­ме на­ши­те жи­ве­а­ли­шта и гра­до­ви ста­ну­ва иск­лу­чи­тел­но ва­жен.

Во исто вре­ме сѐ по­ве­ќе лу­ѓе ги на­се­лу­ва­ат ур­ба­ни­те сре­ди­ни и по­го­ле­ми­те гра­до­ви соз­да­вај­ќи ме­га­гра­до­ви и зго­ле­му­вај­ќи ја по­тре­ба­та од про­стор, енер­ги­ја и од транс­порт – ко­га ни е најм­но­гу по­треб­но за­чу­ву­ва­ње на обра­бот­ли­ви­те по­вр­ши­ни поч­ва, на­ма­лу­ва­ње на по­тре­би­те за енер­ги­ја и за транс­порт. Одрж­ли­во жи­ве­е­ње во гра­до­ви­те e воз­мож­но са­мо ако ур­ба­ни­те сре­ди­ни се пла­ни­ра­ат и гра­дат имај­ќи го пред­вид здрав­је­то на лу­ѓе­то (фи­зич­ко и пси­хич­ко) ка­ко при­о­ри­тет.

За­га­ду­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на што е пре­диз­ви­ка­но на на­чи­нот на кој на­ши­те оп­штес­тва мо­мент­но функ­ци­о­ни­ра­ат е ди­рект­на при­чи­на за на­ма­ле­ни­от ква­ли­тет на жи­вот, на­ма­лениот ква­ли­тет на воз­дух и при­до­не­су­ва за вло­шу­ва­ње на кли­мат­ски­те про­ме­ни. На пос­лед­на­та кон­фе­рен­ци­ја за кли­мат­ски про­ме­ни во Ма­дрид, Шпа­ни­ја, си­те истра­жу­ва­ња и ана­ли­зи ука­жаа на по­тре­ба­та од дос­лед­но спро­ве­ду­ва­ње на прин­ци­пи­те на цир­ку­лар­на еко­но­ми­ја во бор­ба­та со кли­мат­ски­те про­ме­ни.

Цир­ку­лар­на­та еко­но­ми­ја зна­чи на­ма­лу­ва­ње на по­тре­ба­та од но­ви ре­сур­си, вос­по­ста­ву­ва­ње функ­ци­о­на­лен си­стем за се­ле­кти­ра­ње на от­па­дот и 100 про­цен­ти ре­у­по­тре­ба и ре­цик­ли­ра­ње на ве­ќе соз­да­де­ни про­из­во­ди за ­да се на­ма­ли по­тре­ба­та од но­ви ре­сур­си. Ва­кви­от при­стап ќе зна­чи и на­ма­лу­ва­ње на еми­си­и­те на га­со­ви што пре­диз­ви­ку­ва­ат ефект на стак­ле­на гра­ди­на од ин­ду­стри­ја­та за ре­чи­си 50 про­цен­ти до 2050 го­ди­на.

Дос­лед­на и на­вре­ме­на при­ме­на на прин­ци­пи­те на цир­ку­лар­на­та еко­но­ми­ја во мо­мен­тов е од иск­лу­чи­тел­на важ­ност за на­ша­та зем­ја би­деј­ќи нај­се­ри­оз­ни­от проб­лем на це­ла­та те­ри­то­ри­ја е ток­му за­га­ду­ва­ње на жи­вот­на­та сре­ди­на по­ра­ди не­со­од­ве­тен трет­ман на от­па­дот. Ова за­га­ду­ва­ње вли­јае ди­рект­но на на­ру­шу­ва­ње на здрав­је­то на гра­ѓа­ни­те пре­ку за­га­ду­ва­ње на во­ди­те, воз­ду­хот и на поч­ва­та.

Вос­по­ста­ву­ва­ње на те­ме­ли­те на цир­ку­лар­на еко­но­ми­ја се­га и што по­бр­зо е еден од при­о­ри­те­ти­те на кои мо­ра да ра­бо­ти­ме. По­треб­на е ин­сти­ту­ци­о­нал­на со­ра­бо­тка, а уште по­ве­ќе еду­ка­ци­ја и ин­фор­ми­ра­ње на оп­шти­ни­те, кои ќе би­дат тие што ќе мо­ра да ги спро­ве­дат си­те мер­ки и актив­но­сти кон вос­по­ста­ву­ва­ње си­стем за се­ле­кти­ра­ње на от­па­дот. И на крај, ќе би­де по­треб­но ме­ну­ва­ње на на­чи­нот на кој са­ми­те ние сме на­у­че­ни да функ­ци­о­ни­ра­ме се­којд­нев­но и, пред сѐ, на све­ста де­ка ние ка­ко кра­ен по­тро­шу­вач ја има­ме мо­ќта да ги прид­ви­жи­ме си­те овие оп­штес­тве­но-еко­ном­ски про­ме­ни и да си го за­шти­ти­ме здрав­је­то. 

(Авторката е еко-активистка)

Илустрација: Ивана Марковска

Напишете коментар