Гледај и слушај

Борбата за климатска правда е битка за социјална и за економска еднаквост

СЀ ПОМ­НО­ГУ­БРОЈ­НИ СЕ И ПО­ЛИ­ТИ­ЧА­РИ­ТЕ ШТО НА КЛИ­МАТ­СКИ­ТЕ ПРО­МЕ­НИ НЕ ГЛЕ­ДА­АТ СА­МО ОД ЕКО­ЛО­ШКИ АС­ПЕКТ, ТУ­КУ И ОД СО­ЦИ­ЈА­ЛЕН И ОД ПО­ЛИ­ТИЧ­КИ АС­ПЕКТ. МЕ­ЃУ­ТОА, БРО­ЈОТ НА ПО­ЛИ­ТИЧ­КИ ЛИ­ДЕ­РИ ШТО, И ПО­КРАЈ СЀ, И ПО­НА­ТА­МУ НЕ Ѝ ПРИ­СТА­ПУ­ВА­АТ ОД­ГО­ВОР­НО НА КРИ­ЗА­ТА, СЀ УШТЕ Е ОГРО­МЕН

Дру­гар­ка ми Ма­ри­ја, од се­ло ХY, ко­ја ни­ко­гаш не ја­де­ла ме­со од „КФЦ“, ни­ко­гаш
не ле­та­ла со ави­он, ни­ко­гаш не ку­пу­ва­ла али­шта од „За­ра“ и ни­ко­гаш не во­зе­ла авто­мо­бил, најм­но­гу ќе стра­да од кли­мат­ски­те кри­зи.
Дру­гар ми Мар­ко, од град YZ, кој на па­у­за од ра­бо­та ре­дов­но ја­де ме­со од „Бур­гер
кинг“, ве­че­ра­та до­ма му е ор­ган­ска хра­на во пла­стич­но па­ку­ва­ње до­ле­та­на од странс­тво, се­кој ме­сец ле­та не­ка­де, или на ви­кенд или ра­бот­но, не­дел­но ку­пу­ва ко­шу­ли од „Ту­дорс“ за­што мо­да­та му е по­важ­на од сѐ и на ра­бо­та оди со кли­ма­ти­зи­ран авто­мо­бил за­што на ве­ло­си­пед мно­гу се по­ти… Тој нај­мал­ку ќе ги по­чув­ству­ва
пос­ле­ди­ци­те од тоа што, впро­чем, тој, свес­но или не­свес­но, по­мал­ку или по­ве­ќе, го пре­диз­ви­кал со сво­и­те кон­су­ме­ри­стич­ки на­ви­ки кли­мат­ски­те про­ме­ни.

Мар­ко не е зем­јо­де­лец и е во до­вол­но до­бра еко­ном­ска по­лож­ба за да мо­же да ку­пи про­чи­сту­вач на воз­дух, ма­ска за над­вор, или да се пре­се­ли ко­га не­го­ва­та зем­ја ве­ќе не­ма да би­де ме­сто ка­де што ќе мо­же да се жи­вее.
Двај­ца­та, и Ана и Мар­ко, се ли­ко­ви од на­ше­то се­којд­не­вие, но мно­гу по­ве­ќе
од тоа, тие се со­ци­јал­ни гру­пи, оп­штес­тва и др­жа­ви. При­каз­на­та за Ана и за Мар­ко це­ли сли­ко­ви­то да го при­ка­же тоа што се на­ре­ку­ва кли­мат­ска не­прав­да.

За­гре­ва­ње­то на пла­не­та­та е бр­зо и дра­стич­но

По­и­мот кли­мат­ска прав­да се ко­ри­сти за да се опи­ше гло­бал­но­то за­топ­лу­ва­ње ка­ко етич­ки и по­ли­тич­ки проб­лем, ме­сто ка­ко чи­сто еко­ло­шки проб­лем. Овој кон­цепт упа­ту­ва на фа­ктот де­ка по­моќ­ни­те суб­је­кти (др­жа­ви, оп­штес­тва, гру­пи, па и ин­ди­ви­дуи), чиј­што т.н. јаг­ле­ро­ден от­пе­ча­ток е мно­гу по­го­лем во спо­ред­ба со тој на по­мал­ку моќ­ни­те суб­је­кти, ка­ко ре­зул­тат на на­чи­нот на кој ги ко­ри­сте­ле ре­сур­си­те, зна­чи­тел­но по­мал­ку ќе би­дат по­го­де­ни од еко­ло­шки­те ка­та­стро­фи.
Ка­де се слу­чу­ва не­прав­да­та?
На ова пра­ша­ње од­го­вор од пр­ва ра­ка ќе до­би­е­те од тие, чи­е­што вкуп­но ег­зи­сти­ра­ње за­ви­си ди­рект­но од кли­ма­та – зем­јо­дел­ци­те. Кон­стант­но­то гло­бал­но затоплување на пла­не­та­та е тол­ку бр­зо и дра­стич­но, што ние ка­ко чо­веч­ки вид, па и ни­ту еден друг жив вид на Зем­ја­та, не мо­же­ме да го усог­ла­си­ме сво­е­то функ­ци­о­ни­ра­ње на про­ме­на­та што се слу­чу­ва. Мно­гу­ми­на од ма­ке­дон­ски­те про­из­во­ди­те­ли на до­ма­ти збо­ру­ва­ат за тоа де­ка нив­ни­те до­ма­ти мно­гу бр­зо за­цр­ве­ну­ва­ат од­над­вор, до­де­ка одв­на­тре сѐ уште се зе­ле­ни. По­ста­ри­те зем­јо­дел­ци мно­гу че­сто спом­ну­ва­ат и за тоа де­ка до пред 50 го­ди­ни ја са­де­ле пчен­ка­та со тоа што са­мо го ста­ва­ле се­ме­то во поч­ва и оче­ку­ва­ле уште иста­та ве­чер или ба­рем след­на­та да под­за­вр­не до­вол­но дожд за да изр­ти, та­ка што мно­гу мал­ку би­ле за­вис­ни од чо­веч­ки на­пра­вен си­стем за на­вод­ну­ва­ње.
Де­нес, иску­су­ва­ме не­што мно­гу по­раз­лич­но. Су­ши­те, осо­бе­но во лет­ни­от пер­и­од, мо­жат да тра­ат и до не­кол­ку ме­се­ци. Поч­ва­та се су­ши и до сте­пен на рас­пу­ку­ва­ње. Во одре­ден мо­мент, по дол­га су­ша, па­ѓа по­ро­ен дожд, тол­ку по­ро­ен што поч­ва­та не­ма ка­па­ци­тет да го впие тоа ко­ли­чес­тво во­да и се слу­чу­ва поп­ла­ва. Мно­гу од гра­ди­нар­ски­те и од дру­ги зем­јо­дел­ски кул­ту­ри за­вр­шу­ва­ат уни­ште­ни по ва­кви­те не­по­го­ди.

Оси­ро­ма­шу­ва­ње на зем­јо­дел­ци­те

Во зем­ји ка­ко на­ша­та, зем­јо­де­лството прет­ста­ву­ва гла­вен при­ход за мно­зинс­тво­то се­мејс­тва. Ма­ке­до­ни­ја е зем­јо­дел­ска др­жа­ва. Зем­јо­дел­ци­те се про­фе­си­о­нал­ци што зна­ат ка­ко да одг­ле­ду­ва­ат хра­на и за тоа отку­пу­ва­чот на бер­ба­та ги пла­ќа. Ко­га си­те овие зем­јо­дел­ски фа­ми­лии по­сто­ја­но ин­ве­сти­ра­ат, а су­ша­та и поп­ла­ви­те им ги уни­шту­ва­ат по­се­ви­те, овие лу­ѓе по­сто­ја­но ин­ве­сти­ра­ат во про­е­кти што про­па­ѓа­ат, а тоа ги оси­ро­ма­шу­ва сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе.

Во ме­ѓу­вре­ме, хра­на­та е при­мар­на­та не­оп­ход­ност на се­кое жи­во су­штес­тво.
Чо­ве­кот има по­сто­ја­на  не­ра­скин­ли­ва вр­ска со хра­на­та. Исто­вре­ме­но, зем­јо­делс­тво­то е ед­на од нај­ста­ри­те чо­ве­ко­ви актив­но­сти за­што тоа е на­чин да се про­из­ве­де и обез­бе­ди хра­на за се­бе и за за­ед­ни­ца­та. Не­мож­но­ста за зем­јо­де­лско производство зна­чи не­мож­ност да се про­из­ве­де хра­на и да се на­хра­ни на­ци­ја­та. Гла­дот до­ве­ду­ва до мно­гу де­стру­ктив­ни оп­штес­тве­ни со­стој­би, кои мо­жат да еска­ли­ра­ат и до вој­на.
Мно­гу од овие проб­ле­ми сѐ уште ни се чи­нат не­ре­ал­ни и не­до­стиж­ни, но во зем­ји ка­ко Ин­ди­ја и Ке­ни­ја ова е не­што што ве­ќе се слу­чу­ва. Но, и во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе се слу­чу­ва­ат про­це­си на опу­сти­ну­ва­ње на зем­ји­шта за кои по­сто­јат одре­де­ни за­пи­си де­ка би­ле мно­гу плод­ни.

Експ­ло­а­та­ци­ја­та на тек­стил­ци­те е по­вр­за­на со кли­мат­ска­та кри­за

По­крај зем­јо­дел­ци­те, во со­стој­ба на кли­мат­ска кри­за стра­да­ат и дру­ги гру­пи. Осо­бе­но со­ци­јал­ни гру­пи што и та­ка ве­ќе се во ло­ша со­цио-еко­ном­ска со­стој­ба. Ши­вач­ки­те се ед­ни од нив. Бр­за­та мо­да, ко­ја е тол­ку бр­за бла­го­да­ре­ние на по­сто­е­ње­то ма­те­ри­ја­ли ка­ко по­ли­е­сте­рот, кој, пра­ктич­но, е про­из­вод на на­фта­та, во нај­го­лем број од слу­ча­и­те ги експ­ло­а­ти­ра тек­стил­ни­те ра­бот­ни­ци и ра­бот­нич­ки до сте­пен до кој мно­гу­ми­на од нив мо­ра­ат и да спи­јат на ра­бот­ни­те ме­ста или, пак, да ги но­сат на ра­бо­та сво­и­те но­во­ро­ден­чи­ња за да мо­жат да ги на­до­јат. Овие тек­стил­ни ра­бот­ни­ци и ра­бот­нич­ки, за жал, се при­ну­де­ни да му слу­гу­ва­ат на овој не­е­ко­ло­шки си­стем за ми­ни­мал­на пла­та. Од дру­га стра­на, над­вор од тие тек­стил­ни фа­бри­ки, бу­ти­ци­те се пре­пол­ни но­ва об­ле­ка се­ко­ја но­ва се­зо­на, по­ну­де­на за ре­ла­тив­но прифат­ли­ви це­ни. Во таа ста­пи­ца, по­тро­шу­вач­ки­от ум на гра­ѓа­ни­те не раз­мис­лу­ва
за ре­ал­на­та по­тре­ба, ту­ку ку­пу­ва со страст и соз­да­ва ре­дов­на по­ба­ру­вач­ка, ко­ја кор­по­ра­ци­и­те се оби­ду­ва­ат да ја за­до­во­лат со кон­ти­ну­и­ра­но, па ду­ри и зго­ле­ме­но про­из­водс­тво. Тоа зна­чи до­пол­ни­тел­но цр­пе­ње фо­сил­ни го­ри­ва, до­пол­ни­тел­но про­из­водс­тво еле­ктрич­на енер­ги­ја и до­пол­ни­тел­но експ­ло­а­ти­ра­ње ра­бот­ни­ци.

Ако ги по­вр­зе­те си­те точ­ки, сфа­ќа­те де­ка це­ли­от овој кон­цепт на кли­мат­ска не­прав­да е еден мно­гу комп­ли­ку­ван и комп­ле­ксен си­стем, зас­но­ван на експ­ло­а­та­ци­ја, не­ед­на­квост и на не­е­тич­ност. Не­го­ва­та комп­лекс­ност е тол­ку со­вр­ше­на што е и мно­гу те­шко да се раз­бе­рат и сфа­тат вр­ски­те од ед­на до дру­га точ­ка, а тоа, де­фи­ни­тив­но, му оди в пол­за на моќ­ни­от кон­су­ме­ри­стич­ки и не­е­ко­ло­шки си­стем.

Ис­чез­ну­ва­ње др­жа­ви и по­ја­ва на кли­мат­ски бе­гал­ци

На не­кол­ку ил­ја­ди ки­ло­ме­три от­ту­ка, три остро­ви, бу­квал­но, ис­чез­наа ми­на­та­та го­ди­на, од­нос­но по­то­наа за­се­ко­гаш со по­ка­чу­ва­ње­то на ни­во­то на мо­ре­то од то­пе­ње­то на сан­ти­те мраз. Овие три остро­ви, те­ри­то­рии на Ха­ваи, Ру­си­ја и на Ја­по­ни­ја, не беа на­се­ле­ни ме­ста, но, де­се­ти­на на­се­ле­ни остро­ви, а не­кои од нив и иск­лу­чи­тел­но остров­ски др­жа­ви, се оче­ку­ва да ис­чез­нат во го­ди­ни­те што сле­ду­ва­ат. Та­ва­лу, Мал­ди­ви­те, Фи­џи и Ки­ри­ба­ти се са­мо че­ти­ри од мно­гу­те остро­ви на кои им се за­ка­ну­ва ни­во­то на мо­ре­то. Де­ло­ви од овие остро­ви, це­ли жи­ве­а­ли­шта и имо­ти,
се ве­ќе за­се­ко­гаш ис­чез­на­ти под во­да. Жи­те­ли­те на овие др­жа­ви мо­ра­ат да ги на­пу­штат сопс­тве­ни­те до­мо­ви и да по­бег­нат или на друг крај од др­жа­ва­та, кој, исто та­ка, се оче­ку­ва да ис­чез­не, или во со­се­ма дру­га др­жа­ва. Ва­ква­та си­ту­а­ци­ја соз­да­ва кли­мат­ски бе­гал­ци, по­им за кој до­пр­ва ќе се слу­ша.
Кли­мат­ски­те бе­гал­ци не ги на­пу­шта­ат сво­и­те др­жа­ви са­мо по­ра­ди тоа што тие ис­чез­ну­ва­ат под во­да, ту­ку, во дру­ги слу­чаи, и по­ра­ди тоа што нив­ни­те др­жа­ви се со­о­чу­ва­ат со та­ква су­ша што ве­ќе не мо­жат да про­из­ве­ду­ва­ат хра­на. На еми­гра­ци­ја­та по­ра­ди ви­со­ко за­га­ден воз­дух мо­же да се гле­да ка­ко на кли­мат­ско бег­ство со ог­лед на тоа де­ка тоа при­до­не­су­ва кон гло­бал­но­то за­топ­лу­ва­ње.
Ова би зна­че­ло де­ка и Ма­ке­до­ни­ја има кли­мат­ски бе­гал­ци, зе­мај­ќи го пред­вид фа­ктот де­ка не­кои ан­ке­ти по­ка­жу­ва­ат де­ка ед­на од при­чи­ни­те по­ра­ди кои мла­ди­те ја на­пу­шта­ат др­жа­ва­та е и за­га­де­ни­от воз­дух
.

На се­ко­ја еко­ном­ска и со­ци­јал­на не­прав­да мо­ра­ме да гле­да­ме ка­ко на еле­мен­ти на ед­но си­стем­ско ја­дро. Ја­дро, кое е соз­да­де­но од не­о­држ­ли­во функ­ци­о­ни­ра­ње, не­е­тич­ност и бе­скру­пу­лоз­ност.

Акти­виз­мот ста­ну­ва по­си­лен и по­мо­ќен

Бор­ба­та за кли­мат­ска прав­да во све­тот ста­ну­ва сѐ по­а­кту­ел­на. Гра­ѓа­ни­те поч­ну­ва­ат да сфа­ќа­ат ка­ква не­прав­да им има на­не­се­но еден гло­бал­но мал про­цент моќ­ни­ци и се оби­ду­ва­ат да си го вра­тат до­сто­инс­тво­то. Сѐ пом­но­гу­број­ни се и по­ли­ти­ча­ри­те што на кли­мат­ски­те про­ме­ни не гле­да­ат са­мо од еко­ло­шки ас­пект, ту­ку и од со­ци­ја­лен и од по­ли­тич­ки ас­пект. Ме­ѓу­тоа, бро­јот на по­ли­тич­ки ли­де­ри што, и по­крај сѐ, и по­на­та­му не ѝ при­ста­пу­ва­ат од­го­вор­но на кри­за­та, сѐ уште е огро­мен.
За­тоа, во све­тот ве­ќе се во­дат ил­јад­ни­ци пар­нич­ни по­стап­ки про­тив вла­ди и про­тив кор­по­ра­ции на раз­лич­ни ос­но­ви, кои про­из­ле­гу­ва­ат од не­е­тич­но по­ста­пу­ва­ње кон жи­вот­на­та сре­ди­на и не­од­го­вор­но со­о­чу­ва­ње со кли­мат­ски­те про­ме­ни и кри­зи. Слу­чај што е најб­ли­зок до нас е тој во кој ко­сов­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја КОСИД во март го­ди­на­ва ја ту­же­ше Вла­да­та на Ко­со­во за гра­де­ње­то на тре­та­та тер­мо­цен­тра­ла на јаг­лен во Ко­со­во, без при­тоа да доз­во­ли за­сег­на­то­то ло­кал­но на­се­ле­ние да учес­тву­ва во јав­на кон­сул­та­ци­ја за вли­ја­ни­е­то на оваа тер­мо­цен­тра­ла врз жи­вот­на­та сре­ди­на, ка­ко што е одре­де­но со за­ко­нот.
Отка­ко по при­ме­рот на Гре­та Тун­берг, ми­ли­о­ни лу­ѓе во за­пад­на и во се­вер­на Евро­па и во Аме­ри­ка се кре­наа на но­зе за да ба­ра­ат прав­да за се­бе и за сво­и­те де­ца, и во Ма­ке­до­ни­ја акти­виз­мот во оваа на­со­ка поч­на да ста­ну­ва сѐ по­си­лен и по­мо­ќен. Про­те­сти­те за чист воз­дух во Скоп­је и во дру­ги гра­до­ви низ др­жа­ва­та се, без­дру­го, про­те­сти за кли­мат­ска прав­да, а со тоа и бор­ба за со­ци­јал­на и за еко­ном­ска прав­да. Но, пред сѐ, бор­ба за ужи­ва­ње на ед­но од ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва – пра­во­то на чи­ста и здра­ва жи­вот­на сре­ди­на.

(Автор­ка­та е еко-акти­вис­тка во дви­же­ње­то „Пе­то­ци за ид­ни­на­та“)
Илустрација: Зоран Инадески 

One thought on “Борбата за климатска правда е битка за социјална и за економска еднаквост

Напишете коментар