ГРАЃАНИТЕ САКААТ ИНСТИТУЦИИ ШТО ГИ СТАВААТ ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПРВО МЕСТО, КОИ СЕ СПОСОБНИ ДА СЕ ПРИСПОСОБАТ, ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ ЗА РАЗВОЈНИ РЕШЕНИЈА... НО, ОД КАДЕ ТРЕБА ДА ТРГНЕ ПРОМЕНАТА? ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ГРАЃАНИТЕ И ПРОМЕНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧУВААТ НА ПОВЕЌЕ НИВОА, ПРЕД СÈ НА ЛИЧНО. ЕМПАТИЧНО ЛИДЕРСТВО, КОКРЕИРАНИ, А НЕ НАМЕТНАТИ ПРОМЕНИ СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ И НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ВО НИВНОТО СОЗДАВАЊЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НÈ ВОДАТ ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА
Мај 2020 година
Рефлексија од настан на „Зум“
Тема: ИНСТИТУЦИИ ОД ИДНИНАТА
Говорници: Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Драган Тевдовски, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје
Кенет Хог – директор во Владата на Шкотска
Модератор – Небојша Илијевски, консултант за комуникации и за одржлив развој
Експертска рефлексија:
Неда Малеска, обучувач и ментор за стандарди за управување квалитет во јавната администрација
Слаѓана Марјановиќ – Пановска, сениор програмски менаџер во Националниот демократски институт
Пандемијата ги разоткри дупките во системот – здравствен, економски, образовен… Но, во исто време, инспирира неизбежна промена и отвори суштински прашања на кои се обидовме да се осврнеме на настанот на „Зум“ посветен на тема „Институции од иднината“ – Дали сакаме да живееме во досегашниот стар систем? Кои се вредностите на новиот систем? Како да стигнеме до таму?
За да се дојде до посакуваната иднина во која воспоставените процеси носат резултати, корисно е првично да ги видиме малите чекори во јасна временска рамка, како таа на Мек Кинзи. Хронолошки, првиот хоризонт е тој низ кој поминуваат институциите во Македонија во овој момент.
Промените во вториот хоризонт се тие што треба да се направат во блиската иднина, а развојот на технологијата во изминатата декада ни овозможи да ги предвидиме решенијата што ќе го подобрат функционирањето на институциите во наредните десет години.
– Ако претходно јас бев тој што оди до институции прашувајќи ги зошто не ги користат дигиталните можности што им се достапни, сега институциите доаѓаат кај нас. Дури сега ја поврзавме Народната банка, по години и години убедување да се дигитализира – објаснува министерот Манчевски.
За третиот хоризонт е тешко да се зборува во овој момент, тоа е иднината, чиишто манифестации сè уште не можеме да ги видиме.
– За некои работи, едноставно, треба време. Граѓаните, пак, немаат трпение. Немаме ни ние. Потребно е огромно поместување – заклучува министерот Манчевски.
Денес, застанати во првиот хоризонт, предизвикот да се соочиме со интересите на моќниците, групите на интерес во бизнисот и во политиката, ни личи речиси како непремостив проблем што во иднина би сакале да не постои, но денес е една од основните пречки за да се случат промените.
Професорот Драган Тевдовски, кој важи за еден од најинспиративните на Економскиот факултет при УКИМ, вербата дека може да даде придонес во потребната промена во 2017 година го донесе на позицијата министер за финансии.
– Во таа промена, мене најтешко ми падна борбата со моќни групи на интереси во општеството, кога морав да се соочам со некои интереси на моќници што би сакале да остане старото и не се отворени за новата промена, која верувате дека ќе успее и ќе донесе бенефит за општеството – објаснува Тевдовски.
Целата тема е достапна во актуелното издание на „Лице в лице“ бр.40
Од кого купи „Лице в лице“?
Поддршката за продавачите на „Лице в лице“ може да ја изразите преку купување печатено издание од нашата е-продавница, со персонализиран купон: https://bit.ly/3fhM13Z
Доволно е во полето КУПОН да внесете код KupivOd (името на продавачот), а тој списанието ќе ви го испрати по пошта, или доколку сте организација или компанија, ќе ги достави списанијата до вашите простории.
Вашата поддршка може да стигне до продавачките од Poraka Negotino, Волково, (KupivOdMariche, KupivOdAnabela, KupivOdGorde, KupivOdKate и KupivOdPepi), како и до продавачите Кико и Игорче, (KupivOdKiko, IgorPoraka).
Со секое купено печатено издание од продавачките од „Порака Неготино” ќе добиете и подарок цртежи од нивните креативни работилници.
Вие читате, ние креираме. Промената ја носиме заедно.
Повеќе за акцијата – на линкот.