Гледај и слушај

На повидок нова можност – создавање економија 4.0

Време на читање: 3 минути
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД ИДНИНАТА СВОИТЕ ДЕЛОВНИ СТРАТЕГИИ ЌЕ ГИ ТЕМЕЛАТ ВРЗ ИНТЕРЕСОТ НА ЦЕЛИОТ СИСТЕМ ЗЕМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД ЕКОЛОШКИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ, МЕСТО, КАКО ДОСЕГА, ВРЗ ИНТЕРЕСОТ НА ВЛИЈАТЕЛНИТЕ ГРУПИ МОЌНИЦИ
- банер -

МАЈ 2020 ГОДИНА
Рефлексија од настан одржан на „Зум“
Тема: Бизниси од иднината
Говорници: Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој
Чарли Фелгејт, лидер за иновации во „Декатлон јунајтед“
Модератор
Небојша Илијевски, консултант за комуникации и за одржлив развој
Експертска рефлексија:
Александра Јанеска – Илиев, професорка на Економскиот факултет во Скопје
Игор Мишевски, основач на „Импакт венчр“
сумирање на записот:
Катерина Мојанчевска, истражувачка во социјални науки

Живееме во ерата на економијата 3.0, базирана на одлуките што ги донесуваат групите на интерес, претпријатијата, политиката… Со неа доживеавме технолошки бум и незапаметен прогрес во развојот во кој се материјализираше човечкиот интелектуален капацитет.
Но, во исто време стигнаа и последиците како енормно нагласување на нееднаквостите и загрозување на опстанокот на планетата поради нејзина експлоатација. Поради ова Обединетите нации ги дефинираа Целите за одржлив развој со кои се наметнува потребата општествениот и економски поредок 3.0 да одговори на 17 предизвици до 2030 година.
За жал, предвидувањата се дека со оваа динамика на промени и со ова ниво на свесност, овој временски рок сериозно би бил испуштен.
Со глобалното запирање на економијата како резултат на пандемијата со ковид-19, се наѕира нова можност, која остава простор за создавање економија 4.0, економски и општествен модел, кој во изворот на својот интерес ќе ги има еколошките и општествени придобивки на глобално ниво.

На оваа тема отворивме модериран дијалог меѓу двајца еминентни соговорници: Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, и Чарли Фелгејт, лидер за визија во „Декатлон јунајтед“. Екипирани со знаење и со искуство за иновации и за бизнис, зборуваа за нивниот поглед кон економијата по ковид-19, за новиот пристап во создавањето идни деловни модели, за дилемите меѓу досегашниот начин на менаџирање наспроти новиот капацитет за лидерство, за улогата на дигитализацијата во новата економија и нејзиното поврзување со социјалните технологии во насока на одржлив развој.

КАКО ЕКОНОМСКИ ДА ГЛЕДАМЕ НА ТОА
ШТО ГО ДОНЕСЕ КОВИД-19?

Деспотовски: 
Ние се обидуваме да ја видиме кризата како „стара вест“ и да размислуваме пошироко, кон промените што се катализираат, а се однесуваат на 5-10 години од сега. Но, да бидеме искрени, ова силно влијаеше врз нашата економија. Анализата што ја направивме на околу 250 микро, мали и средни компании кај нас, кои, пред сè, не се корисници на нашите фондови, па затоа очекувавме да бидат искрени, укажува дека 80 проценти сметаат дека кризата влијае негативно врз нивниот развој (веќе го гледаат негативниот импакт или го очекуваат наскоро). На прашањето, пак, какви чекори преземаат за намалување / ублажување на импактот и на ризиците во иднината, 60 проценти укажуваат дека очекуваат државни субвенции. Ова ми зборува дека кај нас тешко или бавно се развива менталитет на отпорност и на агилност.

Фелгејт:
 Ние како голема компанија, основана во 1976 година, првото нешто што го направиме е договор луѓето да останат безбедни (значи да работиме од дома) и сигурни дека нема да го загубат своето работно место. Тогаш почнавме да размислуваме за новини, кризата ни даде време да иновираме. Досега не сме имале потреба да осмислиме продавница drive-through за производите што ги продаваме зашто сите купувачи доаѓаа во продавниците и имаа можност да го видат, разгледаат, пробаат производот, но новата ситуација наметна потреба од нов пристап.

Деспотовски: 
Ќе се согласам дека во многу нешта тоа
штомислевме дека не е можно пред два месеца, денес се случува како дел од нашата реалност. Ме плаши нашиот капацитет, па дури и менталитет (и тука мислам на нашата држава, не глобално) за иновативност. Сите очекуваат субвенции и се согласувам дека Владата треба и мора да понуди финансиски пакети помош, но тоа е еднократна помош. И намената на таа помош е да се приспособат или ќе „умрат“. Но, дури и по таа поддршка, овие компании се враќаат за дополнителна поддршка. На многу состаноци со нив добивам прашања за фондовите преку кои финансираме иновативни иницијативи. И тоа со задоволство го објаснувам. Но потоа следува прашање за тоа што точно би финансирале, на што одговарам: „Тоа треба да дојде од вас“. Тоа е иницијатива на претпријатијата, не на Владата. Ме изненадува што претпријатијата кај нас доаѓаат за да најдат идеја, место со идеја.

Целата тема е достапна во актуелното издание на „Лице в лице“ бр.40

Од кого купи „Лице  в лице“?

Поддршката за продавачите на „Лице в лице“ може да ја изразите преку купување печатено издание од нашата е-продавница, со персонализиран купон: https://bit.ly/3fhM13Z
Доволно е во полето КУПОН да внесете код KupivOd (името на продавачот), а тој списанието ќе ви го испрати по пошта, или доколку сте организација или компанија, ќе ги достави списанијата до вашите простории.
Вашата поддршка може да стигне до продавачките од Poraka Negotino, Волково, (KupivOdMariche, KupivOdAnabela, KupivOdGorde, KupivOdKate и KupivOdPepi), како и до продавачите Кико и Игорче, (KupivOdKiko, IgorPoraka).

- банер -

Со секое купено печатено издание од продавачките од „Порака Неготино” ќе добиете и подарок цртежи од нивните креативни работилници.
Вие читате, ние креираме. Промената ја носиме заедно.
Повеќе за акцијата – на линкот.

Напишете коментар