„Лице в лице дурбин“ – Работилница за кокреирање приказни кои прават промена
„Лице в лице“, во соработка со здружението „Грит“ на 4.11.2024 година во Младински центар Пробиштип, организира работилница за млади од Злетово, Пробиштип и Кратово. Настанот е насловен „Лице в лице дурбин“ – работилница за кокреирање приказни кои прават промена.
Учесниците ќе имаат можност подобро да ја разбeрат улогата на медиумите, заканите од поларизацијата и да ги развијат своите капацитети за дизајнирање, креирање и промовирање на медиумскиот активизам и на медиумската и информациската писменост. Дел од учесниците, понатаму ќе имаат можност да се вклучат во креирање содржини кои се однесуваат на борба против поларизацијата, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза, со акцент на овие предизвици на Интернет.
Осврт на овие предизвици ќе даде Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Преку добрите практики на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, на присутните ќе им го претставиме и моделот на вклучување на граѓаните во креирањето содржини.
На работилницата ќе присуствуваат ученици од локалните средни училишта, млади, претставници на медиумски и книжевни клубови, претставници на локални граѓански организации, наставници и новинари. Од ова ќе произлезе кампања и низа содржини кои „Лице в лице“ и Грит ќе ги комуницираат преку своите дигитални канали. Исто така, дел од содржините ќе бидат објавени и во следното печатено издание на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.
На работилницата претходеа низа средби за вклучување на граѓанските организации, неформални групи, медиумски и книжевни клубови од Пробиштип, Злетово и Кратово, во практики за медиумски активизам, медиумска и информациска писменост.
Настанот се одржува во рамки на Деновите на медиумска писменост 2024.
Оваа вест, како и самиот настан за кој е изработена, се реализираат со финансиска помош од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Aктивностите се дел од проект на „Лице в лице“, кој е погрант на Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за генерирање медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“ се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новисадска школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.
Прочитајте и за други теми
- Една трансплантација чини колку една годишна дијализа
- Менторството како мост за промена: Од несигурност и страв кон самодоверба и самостојност
- Со „Лице в лице“ честитките множиме добрина, делиме радост
- Донаторска акција „Стопли детско срце“ – во Startup Club Skopje
- Хуманитарен настан во организација на ХЕРА: Промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност