Актив арт, Актуелно, Доза вести

Еднодецениско заокружување на видеоуметноста на Тања Балаќ

Време на читање: < 1 минута

Проекција на 10 видео-уметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 19 септември (20 часот). Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму.

Имено, кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе почнува да се интересира и за видеоуметноста. Овие дела ги допираат прашањата за односите помеѓу индивидуите и колективитетите, етички разобличувајќи ги прашањата за нееднаквоста, вечната (не)припадност, глобалните политички и империјалистички императиви на големите централизирани дискурси на моќ, преиспитувајќи го општествениот контекст, опсервиран локално и пошироко. Но секогаш во фокусот на нејзината сфера на интерес како уметник е – човекот, кој и` е бескрајна инспирација.

Иако сликарството и` е прва љубов и најсигурно се чувствува во своето ателје, процес што е испреплетен со безброј внатрешни дијалози и преиспитувања, Балаќ ужива и во процесот на создавање на експериментален филм и видео, но е децидна во ставот дека во ерата на сеприсутност на дигиталната слика за визуелните уметници е исклучително важно да не ѝ дозволат на технологијата да ги „заведе“ со сите нејзини можности.

Напишете коментар