Грижете се за животната средина во Новата 2023 година!
Денеска, 10-ти јануари се одбележува денот за благодарност на домашните растенија. Кога ги собирате новогодишните украси, тоа не значи дека ќе ја загубите свежината во вашиот дом, само затоа што празниците се при крај.
Домашните растенија се прекрасен додаток за секој дом. Но, тие прават многу повеќе од само внесување на зеленило во нашите домови. Денот за благодарност на домашните растенија е тука за подигање на свеста за бројните придобивки од негувањето на растенија во затворен простор. Домашните растенија го претвораат јаглерод диоксидот во кислород, подобрувајќи го квалитетот на воздухот во вашиот дом. Покрај тоа што се преубави, домашните растенија нудат здравствени придобивки – и физички и психички.
Без разлика дали ќе соберете импресивна собна градина или само ќе се грижите за лесно одржлив кактус на вашето биро, време е да ги засукате ракавите и да ни се придружите во подобрување на воздухот во нашите домови и надвор.
Кое е вашето омилено собно растение?
Авторка: Ангела Тошева, средношколка и волонтерка во „Лице в лице“