Актив арт, Лице в лице интервју, Магазин, Час по родови прашања

Женските прашања – инспирација на дизајнерката Руки Чуки

Во пресрет на празниците, објавуваме интервју со нашата позната илустраторка и дизајнерка Ружица Мандичевска, позната како Руки Чуки.
Во ова новогодишно интервју со Руки, зборуваме за нејзината инспирација, за животот во Лондон, за мајчинството, за нејзиниот моќен, женски, издраз кој на уникатен начин комуницира со публиката. Таа дава и предлози за тоа што може да читате, да слушате и да гледате овој период, а има и супер интересен предлог за следен соговорник.

Руки е голема поддржувачка на „Лице в лице“ која ни дава ветер во грб за многу потфати. Така, се родија и Добри картички“. Нејзините цртежи, кои со „Лице в лице“ го објавивме во склоп на новиот производ на Платформата за одржлив развој – „Добри картички“, се креирани подолг период наназад. Токму со нив, на почетокот на годинава го почнавме одбележувањето на 10-годишнината од својата работа и постоење. Со нив, посочуваме дека женските прашања не се само предизвици за жените, туку за сите нас и дека пораките од #ДобритеКартички ќе донесат гласност во борбата против (не)видливата дискриминација, но, и ќе ја поттикнат грижата за себе кај жените.

Целосното интервју читајте го во печатеното издание на „Лице в лице“ број 52, или на овој линк.

Посетете го сајтот на Руки на овој линк.

Напишете коментар