Одговорна иднина

Уникатно доживување, кое дарува нови вештини

Во ата­рот на се­ло­то Го­див­је, во оп­шти­на Де­бр­ца, сре­де мо­за­и­кот ни­ви се на­о­ѓа­ат и тие на семејството на прет­при­е­мач­ка­та Бо­ја­на Ѓу­ров­ска, ко­ја одг­ле­ду­ва ле­ко­ви­ти и аро­ма­тич­ни бил­ки, од кои по­тоа изра­бо­ту­ва ши­ро­ка па­ле­та про­из­во­ди – од тин­кту­ри, ча­е­ви, кре­мови за ли­це и те­ло, ми­риз­ли­ви со­ли за ка­пе­ње, сѐ до ми­риз­ли­ви тег­лич­ки и за­чи­ни…

Нив­ни­от опо­ен ми­рис, со це­ли­от про­цес на про­из­водс­тво, мо­же да го по­чув­ству­ва­ат и си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни тра­га­чи, до­маш­ни и стран­ски ту­ри­сти, отка­ко се­меј­но­то сто­панс­тво „Ки­тка да­ро­ви“ не­о­дам­на ста­на дел и од пла­тфор­ма­та „Genuine experiences“, ко­ја овоз­мо­жу­ва автен­тич­ни ту­ри­стич­ки искус­тва.

Опстојува ве­ќе две го­ди­ни, а тоа што овој ентитет го наг­ла­су­ва пре­ку сво­ја­та ра­бо­та и ста­во­ви е де­ка Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја што изо­би­лу­ва со при­род­ни бил­ки, есен­ци­ја за про­из­во­ди­те на „Ки­тка да­ро­ви“, кои не би по­сто­е­ле без не­вен, кан­та­ри­он, на­не, мен­та, мај­чи­на ду­ши­ца, ка­ми­ли­ца, жал­фи­ја, ла­ван­да, ори­га­но, ма­јо­ран, глу­вар­че, руз­ма­рин, ма­то­чи­на, ко­при­ва, бо­зел, ехи­на­цеа, чу­бри­ца, ана­сон, глог, мле­чен трн…

– Ма­ке­до­ни­ја е рас­кош­на со ди­ви бил­ки и со шум­ски пло­до­ви низ ли­ва­ди­те и шу­ми­те, кои отсе­ко­гаш се ко­ри­сте­ле по­ра­ди нив­ни­те својс­тва, и ту­ка, но и во све­тот. Се тру­ди­ме да ја про­дол­жи­ме таа тра­ди­ци­ја на упо­тре­ба на ле­ко­ви­ти­те својс­тва на бил­ки­те пре­ку на­ши­те про­из­во­ди, да ѝ по­мог­не­ме на при­ро­да­та со одг­ле­ду­ва­ње на ве­ќе по­стој­ни­те бил­ки, но и на бил­ки што се кул­ти­ви­ра­ни и ги не­ма са­мо­ник­на­ти во при­ро­да­та. От­ту­ка е и име­то на на­ша­та тр­гов­ска мар­ка „Ки­тка да­ро­ви“, дар од при­ро­да­та, дар од Де­бр­ца – ве­ли Бо­ја­на.

За­шти­тен знак на си­те про­из­во­ди е ла­ван­да­та, бил­ка со опо­ен ми­рис и ре­ла­кси­рач­ки ефект, со ко­ја и поч­на­ла оваа при­каз­на. Есен­ци­ја­та, пак, е не­ве­нот, поз­нат по не­го­ви­те со­вр­ше­ни цве­то­ви, кои „Ки­тка да­ро­ви“ ги ко­ри­сти во ре­чи­си си­те про­из­во­ди.

При­род­ни про­из­во­ди во еко­ло­шки па­ку­ва­ња

Оваа ми­риз­ли­ва сто­ри­ја поч­на­ла пред че­ти­ри-пет го­ди­ни со ку­пу­ва­ње се­ме­ен имот во ре­ги­он што вос­хи­ту­ва со сво­ја­та ре­тка при­ро­да, во еко­ло­шки нај­чи­сти­от пре­дел во Ју­го­за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја. Ми­кро­ре­ги­о­нот на Де­бр­ца му при­па­ѓа на сли­вот на Охрид­ско Езе­ро и е спо­ме­ник на при­ро­да­та под за­шти­та на УНЕСКО. Ова, пак, га­ран­ти­ра чи­ста жи­вот­на сре­ди­на и ну­ди ус­ло­ви за еко­ло­шко про­из­водс­тво.

– Пре­сто­јот во таа при­род­на уба­ви­на и неј­зи­но­то изо­билс­тво со ле­ко­ви­ти и аро­ма­тич­ни бил­ки и пло­до­ви нè на­те­ра да поч­не­ме да истра­жу­ва­ме ка­ко на нај­до­бар на­чин да ги ко­ри­сти­ме ле­ко­ви­ти­те својс­тва на бил­ки­те што рас­тат во око­ли­на­та. Поч­нав­ме и да кул­ти­ви­ра­ме не­кои од бил­ки­те што не ви­ре­ат та­му. Го открив­ме бла­го­да­тот од ра­бо­та­та со поч­ва, са­де­ње, бе­ре­ње бил­ки, нив­на обра­бо­тка, про­це­си, кои, уве­ру­вам, вли­ја­ат ме­ди­та­тив­но на чо­ве­кот – рас­ка­жу­ва Бо­ја­на.

Пр­ви­те про­из­во­ди што ги пла­си­ра­ле би­ле бил­ни­те тин­кту­ри или кон­цен­три­ран ек­стракт од бил­ки, а по­на­та­му се за­ин­те­ре­си­ра­ле и за бла­го­при­јат­ни­те својс­тва на бил­ки­те врз ко­жа­та, па поч­на­ле да изра­бо­ту­ва­ат и при­род­ни кре­мо­ви за ли­це и те­ло од мас­ле­на ин­фу­зи­ја, од мас­ли­но­во мас­ло и од до­маш­но одг­ле­да­ни бил­ки, без ка­кви би­ло хе­ми­ски или дру­ги до­да­то­ци. Та­ков е кре­мот од кан­та­ри­он, кој ва­жи за фа­во­рит кај поз­на­ва­чи­те на нив­на­та ра­бо­та.
– Со обра­бо­тка на рас­ти­тел­ни­от ма­те­ри­јал, со­би­ра­ње, сор­ти­ра­ње, су­ше­ње, пра­ви­ме и раз­ни ме­шо­ви­ти ча­е­ви и за­чи­ни, ка­ко и ја­бол­ков оцет од ди­ви ја­бол­ка, кои, нај­че­сто, се до­стап­ни во огра­ни­че­ни ко­ли­чи­ни. Се­ко­гаш сме на­со­че­ни кон ква­ли­те­тот, а не кон ко­ли­чи­на­та што ја про­из­ве­ду­ва­ме – об­јас­ну­ва Бо­ја­на, и наг­ла­су­ва де­ка па­ку­ва­ња­та на си­те нив­ни про­из­во­ди се еко­ло­шки и мо­жат да се ре­цик­ли­ра­ат.

Автен­тич­но искус­тво за си­те со љу­бо­пи­тен дух

Отка­ко се дел од пла­тфор­ма­та „Genuine expiriences“, без­ре­зерв­но се овоз­мо­жу­ва и си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да иску­сат дел од про­це­сот низ кој по­ми­ну­ва­ат. Ва­кви­от по­тег доз­во­лу­ва да ги пот­тик­не љу­бо­пит­ни­те, мо­же­би, да се инс­пи­ри­ра­ат и за свои идеи.

– Обу­ки­те од пла­тфор­ма­та нè на­у­чи­ја ка­ко од изра­бо­тка­та на на­ши­те про­из­во­ди да стиг­не­ме до автен­тич­но ту­ри­стич­ко искус­тво, во кое актив­но ќе учес­тву­ва­ат и по­се­ти­те­ли­те. Пла­тфор­ма­та е, всуш­ност, од­го­вор на ма­сов­ни­от па­си­вен ту­ри­зам, за­ста­пен во на­ша­та зем­ја и сле­де­ње на свет­ски­те трен­до­ви во ту­риз­мот, ка­де што во нај­ба­ра­ни се ток­му автен­тич­ни искус­тва од ме­ста­та што се по­се­ту­ва­ат. Пре­ку за­поз­на­ва­ње­то со ло­кал­но­то на­се­ле­ние, по­се­ти­те­ли­те има­ат мож­ност за по­и­на­кви до­жи­ву­ва­ња, за актив­но учес­тво во се­којд­нев­ни­те актив­но­сти на до­ма­ќи­ни­те, за­поз­на­ва­ње со ло­кал­ни­те кул­тур­ни тра­ди­ции, под­др­шка на ло­кал­на­та еко­но­ми­ја, ка­ко и за­чу­ву­ва­ње на жи­вот­на­та сре­ди­на. Вклу­че­ни се 50-ина автен­тич­ни искус­тва од Ју­го­за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја и од Се­ве­ро­и­сточ­на Ал­ба­ни­ја и не­кол­ку од око­ли­на­та на Скоп­је, кои се со со­се­ма раз­ли­чен ка­ра­ктер. Мо­же да се по­се­тат ло­кал­ни за­на­ет­чии, кои ја одр­жу­ва­ат ло­кал­на­та за­на­ет­чи­ска тра­ди­ци­ја – кни­го­вез, фи­ли­гран, пле­те­ње итн., до­ма­ќин­ки што под­го­тву­ва­ат до­маш­ни спе­ци­ја­ли­те­ти ка­ра­кте­ри­стич­ни за ре­ги­о­нот, со што ја чу­ва­ат и пре­не­су­ва­ат га­стро­ном­ска­та тра­ди­ци­ја – ме­се­ње и де­гу­ста­ци­ја на ко­мат, про­из­водс­тво на сè што мо­же да се на­пра­ви од пи­пер­ка, по­се­та на со­вре­ме­на фар­ма за одг­ле­ду­ва­ње ко­зи и де­гу­ста­ци­ја на про­из­во­ди од коз­јо мле­ко итн., умет­ни­ци – изра­бо­тка на лам­би од ти­ква, изра­бо­тка на мо­за­и­ци, сли­кар­ски ра­бо­тил­ни­ци, а мо­же да се по­се­тат и по­а­ван­ту­ри­стич­ки искус­тва – ка­ја­ка­ре­ње, едри­ли­чарс­тво, пла­ни­на­ре­ње, пла­нин­ски ве­ло­си­пе­ди­зам – рас­ка­жу­ва Бо­ја­на.

Ден по­ми­нат со „Ки­тка да­ро­ви“ зна­чи спо­де­лу­ва­ње автен­тич­но искус­тво. Поч­ну­ва со за­поз­на­ва­ње со при­род­ни­те бо­гат­ства, бо­га­та­та исто­ри­ја и на­род­ни тра­ди­ции на се­ло Го­див­је и по­ши­ро­ки­от ре­ги­он на оп­шти­на Де­бр­ца. По­тоа, во за­вис­ност од го­диш­но­то вре­ме, по­се­ти­те­ли­те мо­же да учес­тву­ва­ат во про­це­сот на про­из­водс­тво: са­де­ње или бе­ре­ње бил­ки и пло­до­ви од ни­ви­те и од окол­ни­те ли­ва­ди, од­би­ра­ње ко­ри­сен рас­ти­те­лен ма­те­ри­јал за ра­бо­та, под­го­то­вка за су­ше­ње, по­то­пу­ва­ње на од­бра­ни­от свеж или су­шен рас­ти­те­лен ма­те­ри­јал во со­од­ве­тен сол­вент за от­сто­ју­ва­ње и за изв­ле­ку­ва­ње на ле­ко­ви­ти­те својс­тва, ка­ко и во про­це­сот на фи­нал­на под­го­то­вка на про­из­во­ди­те – тин­кту­ри и кре­мо­ви. 

– Во рам­ки­те на на­ша­та ра­бо­тил­ни­ца има и су­шар­ни­ца, ко­ја функ­ци­о­ни­ра во при­род­ни ус­ло­ви и на тра­ди­ци­о­на­лен на­чин. Во ра­бо­тил­ни­ца­та се из­ло­же­ни про­из­во­ди­те, ка­ко и бро­шу­ри за нив, во кои се об­јас­ну­ва на­чи­нот на упо­тре­ба и ле­ко­ви­ти­те својс­тва на про­из­во­ди­те.  По­се­ти­те­ли­те се за­поз­на­ва­ат со це­ли­от про­цес на обра­бо­тка на ди­ви­те и одг­ле­да­ни пло­до­ви и бил­ки до фи­на­лен про­из­вод, со што се по­бо­га­ти за ед­на ве­шти­на. Учат ка­ко да си под­го­тват са­ми ле­ко­ви­та тин­кту­ра или крем за ли­це и те­ло од при­род­ни со­стој­ки, без ни­ка­кви штет­ни до­да­то­ци – ве­ли Ѓу­ров­ска.

Гостите, пред да си за­ми­нат до­ма по­бо­га­ти за ед­но не­се­којд­нев­но искус­тво, има­ат мож­ност да вку­сат и не­кои га­стро­ном­ски спе­ци­ја­ли­те­ти под­го­тве­ни од бил­ки.

– На при­мер, ло­кал­но коз­јо си­ре­ње од­ле­жа­но во мас­ли­но­во мас­ло, кое е за­чи­не­то со не­вен и со мај­чи­на ду­шич­ка, ком­би­на­ци­ја на бил­ни ча­е­ви, пр­же­ни све­жи ли­сто­ви од жал­фи­ја во мас­ли­но­во мас­ло по­со­ле­ни со круп­на сол, осве­жи­тел­на ли­мо­на­да за­чи­не­та со ко­реј­ска мен­та, одг­ле­да­на на ни­ва, сел­ски ко­ла­чи­ња со аро­ма на ла­ван­да и слич­но – откри­ва Бо­ја­на.

Тие што се за­ин­те­ре­си­ра­ни за по­ве­ќе ин­фор­ма­ции мо­же да про­чи­та­ат или да ре­зер­ви­ра­ат тер­мин на сајтот „Genuine Experiences“ и да ги  сле­дат актив­но­сти­те на „Ки­тка да­ро­ви I Bundle of Nature“ на „Фејс­бук“. 

Еко­ло­шка и еду­ка­тив­на ком­по­нен­та на искус­тве­ни­от ту­ри­зам

Ва­кви­от тип вклу­чу­ва­ње по­се­ти­те­ли во про­из­водс­твен про­цес не е не­поз­нат над­вор, во стран­ски зем­ји, но, ја пра­шу­вам Бо­ја­на, ка­ко го оце­ну­ва ин­те­ре­сот на на­ша­та јав­ност за ва­ков тип актив­но­сти.

– Искус­тво­то има и еко­ло­шка и еду­ка­тив­на ком­по­нен­та, про­мо­ви­ра тип агро­кул­ту­ра што има бла­го­при­јат­но вли­ја­ние врз при­род­на­та око­ли­на и ги чу­ва и не­гу­ва тра­ди­ци­о­нал­ни­те ве­шти­ни. Во Ма­ке­до­ни­ја не­до­сти­га­ат про­из­во­ди со до­да­де­на вред­ност, про­из­во­ди со при­каз­на и про­из­во­ди што ќе по­ну­дат уни­кат­но искус­тво. На­ше­то искус­тво има две ос­нов­ни цел­ни гру­пи: до­бро ин­фор­ми­ра­ни до­маш­ни по­тро­шу­ва­чи, кои се со­о­чу­ва­ат со не­до­стиг од еко­ло­шки / ор­ган­ски про­из­во­ди на па­за­рот, и стран­ски ту­ри­сти, кај кои по­стои го­лем ин­те­рес за про­из­во­ди до­би­е­ни на тра­ди­ци­о­на­лен на­чин и су­ве­ни­ри. Ед­на од це­ли­те на „Ки­тка да­ро­ви“ е, всуш­ност, и да еду­ци­ра. На при­мер, да зна­е­ме де­ка ле­ко­ви­то­то дејс­тво на кан­та­ри­о­нот би­ло поз­на­то уште пред на­ша­та ера, за што има до­ку­мен­ти­ра­ни по­да­то­ци уште од вре­ме­то на Хи­по­крат. Уште во сред­ни­от век пак, ко­га има­ло чу­ма, би­ло за­бе­ле­жа­но де­ка ра­бот­ни­ци­те што ко­ри­сте­ле ете­рич­но мас­ло од ла­ван­да и тие што ра­бо­те­ле на по­ли­ња со ла­ван­да не би­ле по­го­де­ни од ло­ша­та бо­лест. Ко­га сте во бли­зи­на на ла­ван­да таа при­род­но го сти­му­ли­ра ва­ши­от иму­но­ло­шки си­стем, кој по­тоа по­е­фи­кас­но шти­ти од на­па­ди на ви­ру­си и на ба­кте­рии – об­јас­ну­ва таа.

Чај со ла­ван­да и су­ше­ни до­ма­ти во мас­ли­но­во мас­ло

„Ки­тка да­ро­ви“ по­сто­ја­но истра­жу­ва но­ви бил­ки и про­из­во­ди. Нај­нов мо­мент е гра­ди­нар­ска­та сек­ци­ја, со пор­ту­гал­ско-ита­ли­јан­ска сор­та до­ма­ти, principe borghese, ко­ја е по­год­на за су­ше­ње. Со ова го нај­а­ву­ва­ат и но­ви­от про­из­вод су­ше­ни до­ма­ти во мас­ли­но­во мас­ло, за­чи­не­ти со ком­би­на­ци­ја од су­ше­ни бил­ки од Де­бр­ца.

– По­тоа, ше­ќер во прав по­ме­шан со ме­ле­на су­ше­на ла­ван­да, кој на си­те на­пи­вки, ка­ко ли­мо­на­да, чај или ко­кте­ли, им ја ме­ну­ва бо­ја­та во ви­о­ле­то­ва. Ми­риз­ли­ви­те тег­лич­ки, кои го ис­пол­ну­ва­ат про­сто­рот со опо­ен ми­рис на ла­ван­да се ве­ќе ди­зај­ни­ра­ни и мно­гу ско­ро ќе поч­не­ме да ги пла­си­ра­ме – по­јас­ну­ва Бо­ја­на и наг­ла­су­ва де­ка об­ла­ста што ја од­бра­ла за ра­бо­та ну­ди мно­гу мож­но­сти, инс­пи­ри­ра и воз­бу­ду­ва, и де­ка со  огром­но љу­бо­пит­ство оче­ку­ва да ви­ди ка­де ќе ја од­не­се.

Ка­ко се пра­ви при­ро­ден са­пун?

Во со­ра­бо­тка со „При­род­ни са­пу­ни ’Бе­ла‘“ на за­ед­нич­ко­то автен­тич­но искус­тво за по­се­ти­те­ли­те, се пра­ви и при­ро­ден са­пун, ка­де што при­сут­ни­те се за­поз­на­ва­ат со ос­но­ви­те на про­из­водс­тво на са­пун со ла­ден про­цес на са­пу­ни­фи­ка­ци­ја.

– За­ин­те­ре­си­ра­ни­те има­ат мож­ност да на­пра­ват са­пун, ве­ган­ски или со коз­јо мле­ко, да се за­поз­на­ат со ос­нов­ни­те мас­ла при изра­бо­тка, ка­ко и да упо­тре­бат раз­ни ви­до­ви до­да­то­ци ка­ко есен­ци­јал­ни мас­ла, за­чи­ни или бил­ки. По­тоа, од прет­ход­но под­го­тве­ни ка­ла­пи, има­ат мож­ност рач­но да исе­чат са­пун, кој ве­ќе сто­ел два де­на и е под­го­твен за се­че­ње. Во те­кот на ра­бо­тил­ни­ца­та го­сти­те има­ат увид во це­ли­от про­цес на изра­бо­тка на са­пу­ни­те, од по­че­ток до крај, а крај­ни­от про­из­вод оста­ну­ва за нив.

По­ве­ќе ин­фор­ма­ции за рач­но изра­бо­те­ни­те са­пу­ни мо­же да се нај­дат на стра­ни­ца­та на „Фејс­бук“, „При­род­ни са­пу­ни ’Бе­ла‘“.

Напишете коментар