Актуелно

Групна изложба во МСУ за опасноста од климатските промени

Груп­на­та из­лож­ба „Panic Room или скок во мис­ле­ње­то“ е отво­ре­на во Му­зе­јот на со­вре­ме­на­та умет­ност во Скоп­је.
Те­ма на из­лож­ба­та е гло­бал­на­та опас­ност од кли­мат­ски­те про­ме­ни што му се за­ка­ну­ва на све­тот. Умет­ни­ци­те со оваа из­лож­ба на раз­лич­ни на­чи­ни и со раз­лич­ни умет­нич­ки тех­ни­ки (сли­карс­тво, ин­ста­ла­ци­ја, цр­теж, ви­део, фо­то­гра­фии, по­сте­ри, умет­нич­коo-истра­жу­вач­ка ра­бо­тил­ни­ца, ин­те­ра­кти­вен вир­ту­е­лен и пар­ти­ци­па­ти­вен про­ект), ис­цр­ту­ва­ат ко­ор­ди­на­ти за ло­ци­ра­ње на проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ва со­вре­ме­ни­от свет во кој жи­ве­е­ме, но и на кре­а­тив­ни­те пла­тфор­ми ка­ко ме­ста за от­скок­ну­ва­ње од во­о­би­ча­е­на­та пра­кти­ка на мис­ле­ње и на дејс­тву­ва­ње.

Во по­ста­вка­та учес­тву­ва­ат умет­ни­ци­те Искра Ди­ми­тро­ва, Не­хат Бе­ќи­ри, Ве­ри­ца Ко­ва­чев­ска, На­да Пр­ља, Ве­ли­мир Жер­нов­ски, Ма­теј Бог­да­нов­ски, Хри­сти­на Ива­но­ска, Ја­не Ча­лов­ски, Ѓор­ѓе Јо­ва­но­виќ, Фи­лип Јо­ва­нов­ски, Ни­ко­ла Узу­нов­ски и гру­па­та ОПА. Ку­ра­тор­ка на из­лож­ба­та е Љи­ља­на Не­дел­ков­ска.

„Кон­цепт на из­лож­ба­та е да се по­ну­дат мож­ни на­чи­ни на ре­ди­зај­ни­ра­ње или ре­се­ти­ра­ње на на­ши­от од­нос кон при­род­но­то и со­ци­јал­но оп­кру­жу­ва­ње. Соз­да­ва­ње по­и­на­ков при­стап на по­вр­зу­ва­ње и со­ли­дар­ност ме­ѓу лу­ѓе­то и нив­на­та око­ли­на, нас­про­ти во­о­би­ча­е­ни­от на­чин на кој жи­вот­ни­те ус­ло­ви се зе­ма­ат здра­во за го­то­во, ка­ко не­што што се по­драз­би­ра, ка­ко не­што што ни е да­де­но и што ни при­па­ѓа. Исто­вре­ме­но, из­лож­ба­та е и кри­ти­ка на не­о­ли­бе­рал­на­та фи­нан­си­ска, тех­но­ло­шка, би­о­по­ли­тич­ка, од­нос­но не­кро­по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја на ма­ни­пу­ли­ра­ње и ко­ло­ни­зи­ра­ње на си­те сфе­ри на про­стор­но­то, би­о­ло­шко­то и на сим­бо­лично­то по­сто­е­ње, и кри­ти­ка на скри­е­на­та ло­ги­ка­та на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на гло­бал­ни­от па­зар: што по­ве­ќе ка­та­стро­фи (вој­ни, по­ли­тич­ки, еко­ном­ски и еко­ло­шки кри­зи), тол­ку по­ве­ќе про­фит“ ве­ли ку­ра­тор­ка­та Не­дел­ков­ска. Из­лож­ба­та ќе би­де отво­ре­на до пет­ти но­ем­ври.

Напишете коментар