Одговорна иднина

Каде ни се младите и како да ги вратиме дома?

Со­стој­би­те во на­ша­та зем­ја по­вр­за­ни со ма­сов­но­то исе­лу­ва­ње на лу­ѓе­то, осо­бе­но на мла­ди­те, ка­ко и по­да­то­ци­те за ас­пе­кти­те по­вр­за­ни со жи­во­тот на мла­ди­от чо­век, ука­жу­ва­ат де­ка сме зем­ја што ка­ко да не е прив­леч­но и ква­ли­тет­но ме­сто за жи­ве­е­ње. Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, ду­ри 500.000 лу­ѓе, или ре­чи­си ед­на че­твр­ти­на од на­се­ле­ни­е­то, ја на­пу­шти­ло зем­ја­ва. Овој по­да­ток на Свет­ска­та бан­ка, на­ве­ден во из­ве­шта­јот „Ми­гра­ци­ја и од­лив на мо­зо­ци во Евро­па и во Цен­трал­на Ази­ја“ об­ја­вен во 2019 го­ди­на, е се­ри­о­зен аларм де­ка си­те ние мо­ра­ме да си ги за­су­ка­ме ра­ка­ви­те, да пре­зе­ме­ме од­го­вор­ност и да при­до­не­се­ме кон про­ме­на на ва­ква­та не­по­жел­на ре­ал­ност.

Илустрација: Зоран Инaдески

Не­за­до­волс­тво од ква­ли­те­тот на жи­вот

Прин­ци­пот „Мла­ди­те се ид­ни­на­та“, нè но­си кон по­тре­ба­та да се фо­ку­си­ра­ме на мла­ди­те и на фе­но­ме­нот од­лив на мла­ди мо­зо­ци. За да зна­е­ме ка­ко да тре­ти­ра­ме одре­ден проб­лем, тре­ба да ги има­ме пред­вид при­чи­ни­те по­ра­ди кои на­ста­нал. Во не­до­стиг на на­ци­о­нал­ни ана­ли­зи од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, се по­ви­ку­ва­ме на истра­жу­ва­ња спро­ве­де­ни од гра­ѓан­ски­от се­ктор.

Еко­ном­ски­те фа­кто­ри се сме­та­ат за нај­го­лем мо­тив и при­чи­на за исе­лу­ва­ње­то на мла­ди­те. Пос­лед­но­то истра­жу­ва­ње спро­ве­де­но од УСАИД и од „На­ван­ти груп“, да­ва по­да­ток де­ка 74 про­цен­ти од мла­ди­те оп­фа­те­ни со истра­жу­ва­ње­то си за­ми­на­ле за да нај­дат по­до­бра ра­бо­та во странс­тво. Иа­ко еко­ном­ски­те при­чи­ни не се единс­тве­ни за за­ми­ну­ва­ње­то, тие нај­че­сто се оп­фа­те­ни во др­жав­ни­те мер­ки и по­ли­ти­ка.

Мла­ди­те за­ми­ну­ва­ат и по­ра­ди не­за­до­волс­тво од ква­ли­те­тот на жи­во­тот во на­ша­та зем­ја. Ду­ри 36 про­цен­ти си за­ми­ну­ва­ат во по­тра­га по по­до­бар жи­вот: жи­во­тен стан­дард, жи­вот­на сре­ди­на, по­ли­тич­ка со­стој­ба, со­ци­јал­на и здрав­стве­на за­шти­та и слич­но.

За­га­де­ни­от воз­дух и жи­вот­на сре­ди­на се уште ед­на при­чи­на по­ра­ди ко­ја си одат, ду­ри и тие што се ви­со­ко ква­ли­фи­ку­ва­ни, обра­зо­ва­ни и со ста­бил­ни ра­бот­ни ме­ста. Ма­ке­дон­ски­те гра­до­ви не­ре­тко се на­о­ѓа­ат на ли­сти­те на нај­за­га­де­ни гра­до­ви во све­тот, а, ка­ко што об­ја­ви Свет­ска бан­ка пред не­кол­ку го­ди­ни, по­ве­ќе од 1.300 лу­ѓе во зем­ја­ва уми­ра­ат од за­га­ден воз­дух.

Не­до­сти­гот од чув­ство на си­гур­ност, исто та­ка, е при­чи­на за за­ми­ну­ва­ње. Пос­лед­на­та сту­ди­ја за мла­ди изра­бо­те­на за пер­и­од 2018/19 го­ди­на по­ка­жу­ва ви­сок ин­декс на стра­во­ви кај мла­ди­те по­вр­за­ни со со­ци­јал­на не­прав­да (2,5 на ска­ла од 1 до 3), зго­ле­ме­на си­ро­ма­шти­ја (2,6), за­га­ду­ва­ње и кли­мат­ски про­ме­ни (2,6), се­ри­оз­ни бо­ле­сти (2,6), ко­руп­ци­ја (2,5), што ука­жу­ва на тоа де­ка мла­ди­те не се чув­ству­ва­ат си­гур­ни во сво­ја­та зем­ја.

Има­ме ли по­ли­ти­ки за со­о­чу­ва­ње со од­ли­вот на мо­зо­ци?

По­ли­тич­ки­те кри­зи и по­ли­тич­ка­та не­ста­бил­ност ста­ну­ва­ат не­под­нос­ли­ви за мла­да­та по­пу­ла­ци­ја. Во истра­жу­ва­ње­то на „На­ван­ти груп“, фру­стра­ци­ја­та од по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја е наг­ла­се­на ка­ко при­чи­на за за­ми­ну­ва­ње на ду­ри 36 про­цен­ти од мла­ди­те. Од тие што оста­на­ле во зем­ја­та, 61 про­цент сме­та­ат де­ка по­ли­ти­ча­ри­те не се гри­жат за нив­но­то мис­ле­ње.

Единс­твен на­ци­о­на­лен до­ку­мент што ди­рект­но го оп­фа­ќа пра­ша­ње­то на од­лив на мо­зо­ци е На­ци­о­нал­на­та стра­те­ги­ја за вмре­жу­ва­ње и со­ра­бо­тка со ви­со­ко обра­зо­ва­ни и струч­ни ка­дри 2013 – 2020 го­ди­на. Иа­ко фор­мал­но по­стои, стра­те­ги­ја­та не е спро­ве­де­на, па та­ка, 67,4 про­цен­ти од мла­ди­те не ни пре­поз­на­ва­ат де­ка др­жа­ва­та има стра­те­ги­ја на­со­че­на кон нив­но за­др­жу­ва­ње или вра­ќа­ње во зем­ја­та.

Проб­ле­мот е комп­ле­ксен и не­ма ед­но­став­но ре­ше­ние, па што мо­же и тре­ба да се на­пра­ви? Да поч­не­ме од про­ме­на на пер­цеп­ци­ја­та де­ка мла­ди­те се проб­лем и да сфа­ти­ме де­ка мла­ди­те се нај­го­ле­ми­от ре­сурс што го има­ме, из­вор на кре­а­тив­ни ре­ше­ни­ја, и да поч­не­ме да ги тре­ти­ра­ме та­ка.

Да се пре­бро­и­ме и да се ло­ци­ра­ме! Во не­до­стиг на по­пис, на­ви­сти­на е те­шко да го­во­ри­ме со си­гур­ност кол­ку точ­но мла­ди се за­ми­на­ти од на­ша­та зем­ја, а кол­ку се оста­на­ти. Важ­но е и да вос­по­ста­ви­ме си­стем со кој ќе ло­ци­ра­ме ка­де се за­ми­на­ти мла­ди­те, да­ли се за­ми­на­ти при­вре­ме­но или трај­но, да вос­по­ста­ви­ме ко­му­ни­ка­ци­ја со нив, да ги раз­бе­ре­ме при­чи­ни­те за нив­но за­ми­ну­ва­ње за да мо­же­ме да ги мо­ти­ви­ра­ме да се вра­тат и да соз­да­де­ме мер­ки врз ос­но­ва на ва­кви­те соз­на­ни­ја.

Со­ра­бо­тка на ин­сти­ту­ци­и­те е клуч­на! Не по­стои ед­на од­го­вор­на ин­сти­ту­ци­ја и не по­стои ед­на клуч­на по­ли­ти­ка. При­чи­ни­те за за­ми­ну­ва­ње­то на мла­ди­те се раз­лич­ни, а единс­твен ефе­кти­вен при­стап за над­ми­ну­ва­ње на овој пре­диз­вик е пре­ку со­ра­бо­тка ме­ѓу раз­лич­ни­те ин­сти­ту­ции, од раз­лич­ни ре­со­ри, но и вклу­че­ност на гра­ѓан­ски­от се­ктор и на са­ми­те мла­ди.

Искус­тва­та од странс­тво мо­же да ги прис­по­со­би­ме и до­ма

Не се­ко­гаш мо­ра да смис­лу­ва­ме топ­ла во­да. Во зем­ји­те низ Евро­па, па и во со­седс­тво­то, мо­жат да се за­бе­ле­жат ин­те­рес­ни при­ме­ри за мер­ки на­со­че­ни кон за­др­жу­ва­ње и прив­ле­ку­ва­ње на мла­ди­те, кои мо­жат да слу­жат ка­ко при­мер и да се прис­по­со­бат за на­ци­о­нал­ни­от кон­текст. Та­ка, Пол­ска уки­на пла­ќа­ње пер­со­на­лен да­нок за гра­ѓа­ни­те пом­ла­ди од 26 го­ди­ни. Хр­ват­ска го на­пра­ви исто­то за пом­ла­ди од 25, а за тие од 25 до 30 го­ди­ни, го на­ма­ли за 50 от­сто. Есто­ни­ја ус­пеа да се по­зи­ци­о­ни­ра ка­ко „ди­ги­та­лен и ин­ве­сти­ци­ски рај“ за мла­ди­те и осо­бе­но за „ди­ги­тал­ни­те но­ма­ди“ и сло­бод­ни со­ра­бот­ни­ци. Та­ка, во 2018 го­ди­на ја во­ве­де и пр­ва­та ви­за за нив прив­ле­ку­вај­ќи ил­јад­ни­ци мла­ди ИТ-та­лен­ти од Ази­ја и од Евро­па, но и не­кол­ку сто­ти­ци Естон­ци, мла­ди прет­при­е­ма­чи на­зад пре­ку биз­нис-про­гра­ма­та „Та­лен­тот на­зад до­ма“. Сли­чен при­мер има­ме во Плов­див, Бу­га­ри­ја. Од тра­ди­ци­о­нал­но ин­ду­стри­ски град, пре­ку кон­крет­на еко­ном­ска и мла­дин­ска по­ли­ти­ка, Плов­див се транс­фор­ми­ра во сре­ди­ште на ур­бан раз­вој. Ста­вај­ќи ак­цент на ИТ-се­кто­рот, бе­не­фи­ции за биз­нис, мож­но­сти за над­во­реш­на со­ра­бо­тка и про­мо­ци­ја на мла­дин­ски­от ур­бан кул­ту­рен жи­вот, Плов­див е во пред­ност кај мла­ди­от та­лент во од­нос на глав­ни­от град Со­фи­ја.

При­мер за ус­пеш­на се­оп­фат­на на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја е Ал­ба­ни­ја, со сво­ја­та про­гра­ма за при­лив на мо­зо­ци. Про­гра­ма­та во сво­е­то пе­тго­диш­но спро­ве­ду­ва­ње ус­пеа да прив­ле­че 137 ви­со­ко обра­зо­ва­ни мла­ди, кои до­пол­ни­тел­но го етаб­ли­раа Уни­вер­зи­те­тот во Драч, по­мог­наа во соз­да­ва­ње мре­жа на ил­јад­ни­ци ви­со­ко­о­бра­зо­ва­ни Ал­бан­ци во странс­тво и отво­ри­ја не­кол­ку но­ви про­гре­сив­ни од­де­ле­ни­ја во рам­ки­те на на­ци­о­нал­ни­те ми­ни­стерс­тва.

Мо­бил­но­ста на мла­ди­те мо­ра да се га­ран­ти­ра

Ва­кви­те при­ме­ри по­ка­жу­ва­ат де­ка про­ме­ни­те се мож­ни. Со по­све­те­ност, ефи­кас­но пла­ни­ра­ње, по­ли­тич­ка вол­ја, со­ра­бо­тка, да­ва­ње при­о­ри­тет и стра­те­ги­ски при­стап, мо­же­ме да соз­да­де­ме ква­ли­тет­ни ус­ло­ви за жи­вот и за прос­пе­ри­тет на мла­ди­те лу­ѓе што сè уште жи­ве­ат во на­ша­та зем­ја, но и да ги пот­тик­не­ме тие што за­ми­на­ле, да се вра­тат и да прос­пе­ри­ра­ат до­ма.

Спре­чу­ва­ње на од­ли­вот на мо­зо­ци не е огра­ни­чу­ва­ње на мла­дин­ска­та мо­бил­ност. Тоа што е од го­ле­ма важ­ност да се за­па­ме­ти е де­ка мо­бил­но­ста на мла­ди­те мо­ра да се га­ран­ти­ра. За­ми­ну­ва­ње­то на мла­ди­те во дру­ги зем­ји за до­е­ду­ка­ци­ја, до­ква­ли­фи­ка­ци­ја или од ко­ја и да е дру­га при­чи­на мо­же да би­де од го­лем бе­не­фит за мла­ди­от чо­век во на­со­ка на гра­де­ње на са­мо­стој­ност и на не­за­вис­ност, но и од бе­не­фит за др­жа­ва­та до­кол­ку исти­от тој млад чо­век се вра­ти и го ин­ве­сти­ра здо­би­е­ни­от ин­те­ле­кту­а­лен ка­пи­тал на­зад во сво­ја­та зем­ја.

(Авто­рот е про­грам­ски ди­ре­ктор на Здру­же­ние ЛЕАД и прет­став­ник на Мре­жа­та за спре­чу­ва­ње од­лив на мо­зо­ци)

Напишете коментар