Актуелно

Образованието – една од темите на годинашната Глобална недела на прет-приемаштвото

Обра­зо­ва­ни­е­то, кое тре­ба да се ди­зај­ни­ра со цел да пот­тик­ну­ва прет­при­е­мач­ко уче­ње и од­не­су­ва­ње од нај­ра­на во­зраст, е дел од че­ти­ри­те те­ми на го­ди­наш­но­то из­да­ние на Гло­бал­на­та не­де­ла на прет­при­е­маш­тво­то (ГНП), ко­ја со ни­за на­ста­ни ќе се слу­чу­ва од 18 до 22 но­ем­ври на гло­бал­но ни­во и во зем­ја­ва.

Дру­ги­те те­ми се со­ра­бо­тка на еко­си­сте­мот, осо­бе­но на стра­на­та на ло­кал­ната за­ед­ни­ца, инк­лу­зив­но­ст на си­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни во во­де­ње­то биз­нис, ка­ко и кре­и­ра­ње­ по­ли­ти­ка од стра­на на ли­ца­та вра­бо­те­ни во јав­ни­от се­ктор, кои тре­ба да има­ат те­мел­ни и кон­крет­ни поз­на­ва­ња за по­тре­ба­та од еко­си­сте­мот во кој жи­ве­ат, со цел до­не­су­ва­ње со­од­вет­ни и по­треб­ни зак­лу­чо­ци, кои по­тоа би се пре­то­чи­ле во со­од­вет­на по­ли­ти­ка.

На­ста­нот прет­ста­ву­ва ед­но­не­дел­на ини­ци­ја­ти­ва, ко­ја се слу­чу­ва исто­вре­ме­но во 170 зем­ји во све­тот и по­вр­зу­ва по­ве­ќе од 10.000 парт­не­ри во актив­но­сти на­со­че­ни кон про­мо­ци­ја на прет­при­е­маш­тво­то, за­си­лу­ва­ње на парт­нерс­тва­та и ос­но­ва­ње  но­ви ре­ла­ции за по­до­бру­ва­ње на ус­ло­ви­те за раз­вој на прет­при­е­маш­тво­то во си­те овие зем­ји. Ова слу­чу­ва­ње е про­ект на Гло­бал­на­та мре­жа на прет­при­е­маш­тво (ГМП), ко­ја пре­ку раз­ни про­гра­ми ги сти­му­ли­ра раз­во­јот и по­до­бру­ва­ње­то на ус­ло­ви­те за во­де­ње биз­нис низ све­тот.

До­ма­ќин на ГНП во на­шта зем­ја е Асо­ци­ја­ци­ја­та „Стар­тап Ма­ке­до­ни­ја“. Се­ко­ја го­ди­на ГНП обра­бо­ту­ва раз­лич­ни те­ми со цел до­не­су­ва­ње по­треб­ни зак­лу­чо­ци со кои би се по­мог­нал и за­бр­зал раз­во­јот на еко­си­сте­ми­те, а со тоа и би се за­си­ли­ла со­ра­бо­тка­та ме­ѓу раз­лич­ни­те за­сег­на­ти стра­ни од об­ла­ста на прет­при­е­маш­тво­то.

Напишете коментар