Инклузивно општество

Сеопфатно сексуално образование достапно за сите

„Са­ка мно­гу да се гу­шка… Са­ка да има и де­вој­ка еден ден“, „Ед­но­став­но, поч­ну­ва да си ги до­пи­ра ин­тим­ни­те де­ло­ви и јас не знам ка­ко да по­ста­пам. Не­ко­гаш знае и да се соб­ле­че во јав­ност“, „Се по­ја­ви пр­ва­та мен­стру­а­ци­ја…“, „Се по­ја­ви пр­ви­от вла­жен сон.“

Ова се са­мо дел од из­ја­ви­те и све­дош­тва­та на ро­ди­те­ли, ста­ра­те­ли и на про­фе­си­о­нал­ци со кои ти­мот за ино­ва­ции на Фон­дот за на­се­ле­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции (УНФПА) ра­бо­те­ше во из­ми­на­ти­от пер­и­од. Те­ма­та е же­шка, за неа сѐ по­ве­ќе се го­во­ри во јав­но­ста и во про­фе­си­о­нал­ни­те кру­го­ви, но има уште мно­гу да се ка­же и да се на­пра­ви за се­оп­фат­но­то се­ксу­ал­но обра­зо­ва­ние (ССО) кај ли­ца­та со по­пре­че­ност, со ак­цент на де­ца­та и на мла­ди­те од ау­ти­стич­ни­от спе­ктар на на­ру­шу­ва­ње. Се­кој проб­лем има и со­од­вет­но ре­ше­ние. Ток­му та­кво ре­ше­ние е пер­сонaли­зи­ра­на ди­ги­тал­на веб-пла­тфор­ма за ССО кај де­ца­та и кај мла­ди­те од ау­ти­сти­чен спе­ктар на на­ру­шу­ва­ње. Пред тоа, да се вра­ти­ме не­кол­ку че­ко­ри на­на­зад.

Илустрација: Зоран Индески

Ви­сок про­цент ро­ди­те­ли се сог­ла­су­ва­ат нив­ни­те де­ца да изу­чу­ва­ат те­ми од се­ксу­ал­но­то обра­зо­ва­ние

Офи­ци­јал­на­та де­фи­ни­ци­ја за ССО, од Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от тех­нич­ки во­дич за се­ксу­ал­но обра­зо­ва­ние на УНЕСКО, гла­си: „Се­оп­фат­но се­ксу­ал­но обра­зо­ва­ние прет­ста­ву­ва про­цес ба­зи­ран на на­став­ни про­гра­ми што има­ат цел уче­ње на ког­ни­тив­ни­те, емо­ци­о­нал­ни­те, фи­зич­ки­те и на со­ци­јал­ни­те ас­пе­кти на се­ксу­ал­но­ста. Цел­та е де­ца­та и мла­ди­те да здо­би­јат зна­е­ња, ве­шти­ни, ста­во­ви и вред­но­сти што ќе ги пот­тик­нат да го раз­бе­рат нив­но­то здрав­је, бла­го­со­стој­ба и до­сто­инс­тво, да раз­ви­јат со­од­вет­ни со­ци­јал­ни и љу­бов­ни вр­ски, да раз­мис­лат ка­ко нив­ни­те од­лу­ки вли­ја­ат врз нив­на­та бла­го­со­стој­ба и врз бла­го­со­стој­ба­та на дру­ги­те, да ги раз­бе­рат и за­шти­тат нив­ни­те пра­ва низ те­кот на нив­ни­от жи­вот“.

Овој тип обра­зо­ва­ние оп­фа­ќа не­кол­ку глав­ни те­мат­ски об­ла­сти, кои по­на­та­му вли­ја­ат на вкуп­ни­от раст и раз­вој на лич­но­ста: вр­ски, вред­но­сти, пра­ва, кул­ту­ра и се­ксу­ал­ност, по­тоа род, на­силс­тво и без­бед­нос­ни ас­пе­кти, ве­шти­ни за здрав­је и за бла­го­со­стој­ба, чо­ве­ко­во те­ло и раз­вој, се­ксу­ал­ност и се­ксу­ал­но од­не­су­ва­ње и се­ксу­ал­но и ре­про­ду­ктив­но здрав­је.

Во на­ша­та др­жа­ва до не­о­дам­на се­ксу­ал­но­то обра­зо­ва­ние не се изу­чу­ва­ше ка­ко по­се­бен пред­мет во учи­ли­шта­та. Оваа си­ту­а­ци­ја по­ле­ка се ме­ну­ва имај­ќи пред­вид де­ка се пла­ни­ра во дел од ос­нов­ни­те и во сред­ни­те учи­ли­шта да се во­ве­де пи­лот-про­гра­ма за ССО, ко­ја ја изра­бо­ти Би­ро­то за обра­зо­ва­ние и раз­вој во со­ра­бо­тка со УНФПА, гра­ѓан­ски­от се­ктор и со гру­па струч­ња­ци од оваа об­ласт. Тоа што ра­ду­ва и што е за поз­дра­ву­ва­ње е де­ка иск­лу­чи­тел­но ви­сок про­цент ро­ди­те­ли (од 82 про­цен­ти до 96 про­цен­ти), спо­ред ед­но истра­жу­ва­ње на здру­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни ХЕРА, се сог­ла­су­ва­ат де­ка  мла­ди­те тре­ба да изу­чу­ва­ат те­ми што се дел од ова обра­зо­ва­ние.  Зна­чи по­тре­би­те се ту­ка, исто ка­ко и мож­ни­те ре­ше­ни­ја и мо­да­ли­те­ти. Си­ту­а­ци­ја­та ста­ну­ва мал­ку по­комп­лекс­на ко­га ја разг­ле­ду­ва­ме проб­ле­ма­ти­ка­та низ приз­ма­та на ли­ца­та со по­пре­че­ност, осо­бе­но низ приз­ма­та на де­ца­та и на мла­ди­те од ау­ти­стич­ни­от спе­ктар на на­ру­шу­ва­ње.

Пре­ку ди­ги­тал­на пла­тфор­ма – до од­го­во­ри на пра­ша­ња­та за се­ксу­ал­но­то и ре­про­ду­ктив­но здрав­је

Иде­ја­та во­дил­ка на го­ле­мо­то се­мејс­тво на Обе­ди­не­ти на­ции, па и на УНФПА е де­ка ни­кој не смее да би­де изо­ста­вен, де­ка, ед­но­став­но, не­ма ние и вие, ту­ку де­ка си­те сме ед­на­кви, со ед­на­кви пра­ва и об­вр­ски. Па та­ка и ли­ца­та со не­ти­пи­чен раз­вој, ме­ѓу кои и ли­ца­та од ау­ти­стич­ни­от спе­ктар на на­ру­шу­ва­ње има­ат ед­на­кви се­ксу­ал­ни и ре­про­ду­ктив­ни пра­ва, кои се, всуш­ност, чо­ве­ко­ви пра­ва по­вр­за­ни со се­ксу­ал­ни­от и ре­про­ду­ктив­ен жи­вот. Од иск­лу­чи­тел­на важ­ност е ко­га ги ди­зај­ни­ра­ме мож­ни­те ала­тки тоа да го пра­ви­ме за­ед­нич­ки со си­те важ­ни фа­кто­ри: ро­ди­те­ли, ста­ра­те­ли, про­фе­си­о­нал­ци, ин­сти­ту­ци­и­те и нај­важ­но – де­ца­та и мла­ди­те ли­ца.

Тимот за иновации на УНФПА

На на­ци­о­нал­но и на ре­ги­о­нал­но ни­во не­ма ре­ше­ни­ја што ги за­до­во­лу­ва­ат во це­лост по­тре­би­те на ли­ца­та со по­пре­че­ност, со ак­цент на ли­ца­та од ау­ти­стич­ни­от спе­ктар, во од­нос на се­ксу­ал­но­то обра­зо­ва­ние и раз­вој. Та­ка, ти­мот за ино­ва­ции на УНФПА од април 2019 го­ди­на поч­на да раз­ви­ва и те­сти­ра ди­ги­тал­но ре­ше­ние (веб-пла­тфор­ма) за ССО кај де­ца и кај мла­ди од ау­ти­сти­чен спе­ктар на на­ру­шу­ва­ње. Ре­ше­ни­е­то има цел да ги на­у­чи де­ца­та и мла­ди­те лу­ѓе за сѐ што е по­вр­за­но со нив­но­то се­ксу­ал­но и ре­про­ду­ктив­но здрав­је, прис­по­со­бе­но на по­тре­би­те и на раз­вој­на­та фа­за во ко­ја се на­о­ѓа де­те­то / мла­ди­от чо­век. Ре­ше­ни­е­то ќе им по­мог­не на ро­ди­те­ли­те, ста­ра­те­ли­те и на про­фе­си­о­нал­ци­те по­лес­но да ра­бо­тат и да ги со­ве­ту­ва­ат мла­ди­те за те­ми­те што се дел од ва­кви­от тип обра­зо­ва­ние. Нај­важ­но е де­ка ќе им по­мог­не да раз­бе­рат што сè им се слу­чу­ва со те­ло­то на емо­ци­о­нал­но и на фи­зич­ко ни­во. До­пол­ни­тел­но, ќе при­до­не­се да се из­бег­нат мож­ни­те фор­ми на ан­кси­оз­ност, де­пре­си­ја, агре­си­ја, изо­ла­ци­ја и не­со­од­вет­но се­ксу­ал­но од­не­су­ва­ње – по­ја­ви што мо­же да на­ста­нат ако не се адре­си­ра­ат бла­го­вре­ме­но нив­ни­те се­ксу­ал­ни по­тре­би.

Ала­тка­та што ја те­сти­ра­ме е ди­ги­тал­на веб-пла­тфор­ма со пер­со­на­ли­зи­ра­ни при­каз­ни за се­ксу­ал­но обра­зо­ва­ние, со­ста­ве­на од по­ве­ќе од 650 цр­но-бе­ли илу­стра­ции, кои ли­ца­та од спе­кта­рот мо­жат да ги упо­тре­бу­ва­ат и лес­но да ги раз­бе­рат. Ре­ше­ни­е­то е ве­ќе те­сти­ра­но во не­ди­ги­тал­ни­от свет и се ба­зи­ра на до­ка­жан и изра­бо­тен ма­ги­стер­ски труд. Тоа што се на­о­ѓа пред нас е соз­да­ва­ње на пр­ви­от ди­ги­та­лен про­то­тип и не­го­во те­сти­ра­ње. 

Ли­ца­та со по­пре­че­ност има­ат по­тре­ба и пра­во за при­стап до со­од­вет­ни и прис­по­со­бе­ни ин­фор­ма­ции и ала­тки за се­ксу­ал­но и за ре­про­ду­ктив­но здрав­је. На­ша за­да­ча е да ги овоз­мо­жи­ме си­те ус­ло­ви за ова да би­де ре­ал­ност. Са­мо на тој на­чин ќе из­гра­ди­ме по­до­бар свет и по­до­бро оп­штес­тво во кое, на­ви­сти­на, се­ко­ја ин­ди­ви­дуа ќе жи­вее во бла­го­со­стој­ба и ќе има здрав и ис­пол­нет жи­вот.

(Teкстот го под­го­тви ти­мот за ино­ва­ции на Фон­дот за на­се­ле­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции – УНФПА)

Напишете коментар