Инклузивно општество

Имаме генерациска можност да го реосмислиме образованието

Не­на­деј­но­то за­тво­ра­ње на учи­ли­шта­та по­ра­ди пан­де­ми­ја­та пре­диз­ви­ка бра­но­ви низ це­ли­от свет отво­рај­ќи де­ба­ти за тоа во ко­ја на­со­ка тре­ба да се дви­жи обра­зо­ва­ни­е­то, кол­ку се под­го­тве­ни учи­ли­шта­та за уче­ње од да­ле­чи­на и да­ли, во во­нред­ни ус­ло­ви, има­ат ка­па­ци­те­ти за одр­жу­ва­ње ква­ли­тет­на на­ста­ва, ко­ја ги оп­фа­ќа си­те уче­ни­ци, без иск­лу­чок.

Освен не­до­ста­то­ци­те на прв пог­лед (за­ста­ре­ни, или не­до­во­лен број комп­ју­те­ри за се­кое де­те, не­ста­бил­на мреж­на по­кри­е­ност, не­рас­по­ла­га­ње со со­од­вет­ни пла­тфор­ми, тре­нинг и ре­сур­си за уче­ње пре­ку ин­тер­нет), на по­вр­ши­на исп­ли­ваа и под­ла­бо­ки­те си­стем­ски не­до­ста­то­ци: не­до­вол­но ди­фе­рен­ци­ра­ни­те про­гра­ми и ма­те­ри­ја­ли за ра­бо­та и не­под­го­тве­но­ста на на­став­ни­от ка­дар за прис­по­со­бу­ва­ње на со­др­жи­ни­те што би би­ле при­стап­ни за си­те уче­ни­ци. Нес­лу­чај­но, ова се исти­те преч­ки што ја отеж­ну­ва­ат инк­лу­зи­ја­та на ли­ца­та со по­пре­че­ност и, со­сем оче­ку­ва­но, оваа уче­нич­ка по­пу­ла­ци­ја бе­ше осо­бе­но по­го­де­на во пер­и­о­дот на уче­ње­то на да­ле­чи­на. Имај­ќи ги овие соз­на­ни­ја пред­вид, што мо­же­ме да на­у­чи­ме од ос­нов­ни­те прин­ци­пи на инк­лу­зи­ја­та за да из­гра­ди­ме мо­де­рен, ква­ли­те­тен и от­по­рен обра­зо­вен си­стем?

Да раз­мис­лу­ва­ме за спе­ци­фич­ни­те по­тре­би на си­те уче­ни­ци

Де­те­то што гле­да во праз­но, тоа што актив­но ја сле­ди на­став­нич­ка­та, де­те­то со те­шко­тии во чи­та­ње­то, тоа што по­сто­ја­но се вр­ти на­зад за­тоа што дру­га­рот му го одв­ле­ку­ва вни­ма­ни­е­то, детето што поч­ну­ва де­ба­ти во кла­сот и ти­вки­от кре­а­ти­вен пи­са­тел, се че­сто уче­ни­ци во исто од­де­ле­ние, во кое има уште 20-ина дру­ги, се­кое со сво­и­те спе­ци­фич­но­сти. Да се ма­не­ври­ра ка­ко на­став­ник во учил­ни­ца со ва­ква раз­но­вид­ност е мај­сторс­тво за кое е по­треб­но да се има до­бро поз­на­ва­ње на по­тре­би­те на уче­ни­ци­те, можност за прис­по­со­бу­ва­ње­то на ин­струк­ци­и­те, под­др­шка од аси­стент во одре­де­ни слу­чаи, ка­ко и до­пол­ни­тел­ни ре­сур­си. Со уче­ње­то на да­ле­чи­на оваа раз­но­вид­ност до­би и дру­га ди­мен­зи­ја, па ка­ко до­пол­ни­тел­ни пре­диз­ви­ци се по­ја­ви­ја раз­лич­ни­те ус­ло­ви во кои жи­ве­ат уче­ни­ци­те, со­вре­ме­ни­те фе­но­ме­ни ка­ко т.н за­мор од „Зум“, те­шко­ти­и­те при ди­ги­та­ли­зи­ра­ње на по­стој­ни­те ма­те­ри­ја­ли и не се­ко­гаш ус­пеш­ни­те оби­ди за ба­лан­си­ра­ње на син­хро­ната и на асин­хро­ната на­ста­ва на ин­тер­нет. Се­пак, уче­ње­то од да­ле­чи­на се по­ка­жа и ка­ко по­зи­тив­но за уче­ни­ци што прет­по­чи­та­ат да ра­бо­тат са­мо­стој­но и со свое тем­по, го пот­тик­на раз­во­јот на ор­га­ни­за­ци­ски ве­шти­ни и по­ка­жа де­ка мо­же да би­де од­ли­чен си­стем за ра­бо­та со уче­ни­ци што и во вон­пан­де­ми­ски ус­ло­ви, по­ра­ди по­дол­го бо­ле­ду­ва­ње, не се во мож­ност да по­се­ту­ва­ат на­ста­ва. Ова се важ­ни лек­ции што тре­ба да се оби­де­ме да ги вгра­ди­ме во ре­фор­ми­те на обра­зов­ни­от си­стем би­деј­ќи актив­но нѐ сти­му­ли­ра­ат да раз­мис­лу­ва­ме за спе­ци­фич­ни­те по­тре­би на си­те уче­ни­ци. 

Со­ра­бо­тка­та на­став­ни­ци – ро­ди­те­ли е клуч­на

Еден од ос­нов­ни­те по­сту­ла­ти на инк­лу­зив­но­то обра­зо­ва­ние е ре­дов­на­та со­ра­бо­тка и ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу на­став­ни­ци­те, аси­стен­ти­те и струч­ни­те со­ра­бот­ни­ци би­деј­ќи за­ед­нич­ки тие мо­жат да до­би­јат по­до­бра сли­ка за сил­ни­те и за сла­би­те стра­ни на уче­ни­ци­те, кој тип мо­ди­фи­ка­ции се по­треб­ни, ка­ко и на кој на­чин нај­до­бро учи и се изра­зу­ва одре­ден уче­ник. Освен што е важ­но за­ед­нич­ки да ја пла­ни­ра­ат про­гра­ма­та пред по­че­то­кот на го­ди­на­та, за про­це­сот на ди­фе­рен­ци­ја­ци­ја да се од­ви­ва не­пре­че­но тре­ба на­став­ни­от и струч­ни­от ка­дар да се сре­ќа­ва­ат ба­рем на не­дел­но ни­во и те­мел­но да ди­ску­ти­ра­ат за тоа ка­ко мо­жат да ја по­до­брат при­стап­но­ста на со­др­жи­ни­те.

Со­ра­бо­тка­та со ро­ди­те­ли­те отсе­ко­гаш би­ла од огром­но зна­че­ње при ра­бо­та­та со уче­ни­ци со по­пре­че­ност, но пер­и­о­дот на уче­ње од да­ле­чи­на на­пра­ви го­лем дел од нив, ефе­ктив­но, да ста­нат парт­не­ри во обра­зов­ни­от про­цес, по­себ­но ако нив­ни­те де­ца се по­ма­ли. Вклу­че­но­ста на ро­ди­те­ли­те е осо­бе­но важ­на во де­лот на мо­ти­ва­ци­ја на уче­ни­ци­те и тие мо­жат да би­дат од го­ле­ма по­мош при про­це­сот на са­мо­ор­га­ни­за­ци­ја, кој е че­сто проб­ле­ма­ти­чен за го­лем број уче­ни­ци.

Обра­зов­ни­те си­сте­ми низ све­тот се на­о­ѓа­ат на точ­ка на пре­сврт и се­га е ви­стин­ско вре­ме за ко­ре­ни­ти про­ме­ни што ќе при­до­не­сат кон гра­де­ње инк­лу­зив­ни учи­ли­шта, кои се исто­вре­ме­но от­пор­ни на шо­ко­ви и фле­кси­бил­ни при со­о­чу­ва­ње­то со нај­раз­лич­ни пре­диз­ви­ци. Да се пос­лу­жам со збо­ро­ви­те на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на Обе­ди­не­ти­те на­ции, Ан­то­нио Гу­те­рес, „Има­ме ге­не­ра­ци­ска мож­ност да го ре­ос­мис­ли­ме обра­зо­ва­ни­е­то“, па за­тоа тре­ба му­дро да ја иско­ри­сти­ме.

Не­при­стап­ни и не­прис­по­со­бе­ни ма­те­ри­ја­ли за уче­ни­ци­те со по­пре­че­но­сти

Ске­ни­ра­ње учеб­ни­ци, соз­да­ва­ње комп­лет­но но­ви ма­те­ри­ја­ли, ку­пи­шта до­маш­на ра­бо­та и те­шко­тии да се одр­жи вни­ма­ни­е­то пре­ку ви­де­о­кон­фе­рен­ци­ја беа са­мо не­кои од проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ваа уче­ни­ци­те и на­став­ни­от ка­дар отка­ко се за­тво­ри­ја учи­ли­шта­та. Ли­ца­та со по­пре­че­ност, пак, че­сто до­би­ваа ма­те­ри­ја­ли што беа са­мо скра­те­на вер­зи­ја од ори­ги­на­лот, но беа не­при­стап­ни и не­прис­по­со­бе­ни. Овие проб­ле­ми се реф­ле­кси­ја на не­до­ста­то­кот од ди­фе­рен­ци­ја­ци­ја и сиг­нал де­ка на­став­ни­ци­те до­се­га прем­но­гу се пот­пи­ра­ле на ад хок прис­по­со­бу­ва­ње на со­др­жи­ни­те за вре­ме на са­ма­та на­ста­ва. Се­пак, овој пер­и­од ја исфр­ли на по­вр­ши­на и по­све­те­но­ста на го­лем дел од нив, кои, пре­ку ко­ри­сте­ње раз­ни соф­твер­ски ре­ше­ни­ја, бесп­лат­ни пла­тфор­ми и до­стап­ни ма­те­ри­ја­ли на ин­тер­нет, кре­а­тив­но се оби­ду­ваа да им ги на­пра­ват на­став­ни­те со­др­жи­ни до­стап­ни на уче­ни­ци­те. За ус­пеш­на ди­фе­рен­ци­ја­ци­ја и по­до­бру­ва­ње на при­стап­но­ста на обра­зов­ни­те со­др­жи­ни за си­те, по­треб­но е да се ис­пол­нат не­кол­ку важ­ни пре­дус­ло­ви.

Пла­ни­ра­ње. Лек­ци­ја­та за дроп­ки во од­де­ле­ние во кое има и ли­це со ин­те­ле­кту­алнa по­пре­че­ност и уче­ник што оди на нат­пре­ва­ри по ма­те­ма­ти­ка тре­ба да би­де раз­ви­е­на на не­кол­ку ни­воа за да со­од­вет­ству­ва на нив­ни­те по­тре­би. На долг рок, ова зна­чи де­ка са­ми­те учеб­ни­ци и на­став­ни ма­те­ри­ја­ли тре­ба да ги зе­мат пред­вид овие раз­ли­ки, но, пред сѐ, тоа зна­чи де­ка на на­став­ни­ци­те, аси­стен­ти­те и на струч­ни­от ка­дар тре­ба да им се овоз­мо­жи до­вол­но вре­ме за пла­ни­ра­ње на со­др­жи­ни­те. 

Ре­сур­си. Не­до­сти­гот од функ­ци­о­нал­на на­ци­о­нал­на пла­тфор­ма за уче­ње пре­ку ин­тер­нет, ка­ко и ма­ли­от број ди­ги­та­ли­зи­ра­ни кни­ги, зна­че­ше де­ка нај­го­лем дел од на­став­ни­ци­те мо­раа да се пот­прат на бесп­ла­тен соф­твер и ап­ли­ка­ции за соз­да­ва­ње со­др­жи­ни и ко­му­ни­ка­ци­ја со уче­ни­ци­те. Ова искус­тво по­ка­жа де­ка не са­мо што е по­треб­на стра­те­ги­ја за да­ле­чин­ско уче­ње, ту­ку де­ка е од ит­на важ­ност на на­став­ни­ци­те да им се да­де при­стап до раз­лич­ни ре­сур­си, вклу­чу­вај­ќи и аси­стив­на тех­но­ло­ги­ја, кои не са­мо што би го уна­пре­ди­ле инк­лу­зив­ни­от про­цес, ту­ку и би ја зго­ле­ми­ле прис­по­соб­ли­во­ста на учи­ли­шта­та во во­нред­ни си­ту­а­ции. 

Фле­кси­бил­ност во те­сти­ра­ње­то. Мо­же­би нај­до­бар при­мер за по­тре­ба­та од про­ме­ни во обра­зо­ва­ни­е­то, и тоа на гло­бал­но ни­во, бе­ше уда­рот што го под­не­се си­сте­мот на фи­нал­но те­сти­ра­ње на уче­ни­ци­те, кое во мно­гу слу­чаи бе­ше не­воз­мож­но да се ор­га­ни­зи­ра. Овој проб­лем ја истак­на важ­но­ста од фор­ма­тив­но­то оце­ну­ва­ње на уче­ни­ци­те во те­кот на це­ла­та го­ди­на и отво­ри мож­ност за по­и­на­кво ева­лу­и­ра­ње на ве­шти­ни­те и на зна­е­ње­то на уче­ни­ци­те сти­му­ли­рај­ќи ги да кре­и­ра­ат пор­тфо­ли­ја, да пи­шу­ва­ат есеи што го пот­тик­ну­ва­ат кри­тич­но­то раз­мис­лу­ва­ње и да се вклу­чу­ва­ат во про­е­кти што им по­ма­га­ат во раз­во­јот на истра­жу­вач­ки­те ве­шти­ни. Овој тип ева­лу­а­ци­ја е осо­бе­но ко­ри­сен и за уче­ни­ци­те со по­пре­че­ност би­деј­ќи им овоз­мо­жу­ва да се изра­зат пре­ку раз­лич­ни ка­на­ли, на на­чин кој што истак­ну­ва нив­ни­те спо­соб­но­сти. 

(Автор­ка­та е де­фе­кто­лог и ло­го­пед)

Напишете коментар