Одговорна иднина

Семејствата со еден родител принудени на магионичарски потези

Ка­ко да не бе­ше до­вол­но го­лем пре­диз­вик се­којд­не­ви­е­то, па мо­ра­ше и пан­де­ми­ја да се слу­чи?! Пре­ку ноќ, мо­е­то се­мејс­тво ги за­гу­би вр­ски­те со над­во­реш­ни­от свет – поч­нав да ра­бо­там од до­ма, учи­ли­ште­то се за­тво­ри, гра­дин­ка­та се за­тво­ри, да­дил­ка­та што ја имав нај­ме­но и ко­ја бе­ше дел од на­ше­то се­мејс­тво, пре­ста­на да до­а­ѓа, же­на­та што по­ма­га­ше око­лу одр­жу­ва­ње на хи­ги­е­на­та во до­мот, исто та­ка. Ро­ди­те­ли­те и се­мејс­тво­то ни под раз­но не сме­ев да си ги ви­дам со ме­се­ци, имај­ќи пред­вид де­ка мај­ка ми е це­лос­но па­ра­ли­зи­ра­на и мно­гу бол­на же­на, па из­ло­жу­ва­ње на ви­ру­сот би би­ло фа­тал­но за неа. Ду­ри ни во про­дав­ни­ца не одев, бе­ше прем­но­гу ри­зич­но, ба­рем то­гаш мис­лев­ме та­ка. Мо­и­те че­ти­ри ра­це, че­ти­ри но­зе и две гла­ви што ги до­бив, ко­га не­о­дам­на oста­нав единс­твен ро­ди­тел на мо­и­те две де­ца, се мул­тип­ли­ци­раа не­ба­ре сум од не­кој друг свет. Поч­на не­кој нов жи­вот, по­не­из­ве­сен од ко­га би­ло.

Пре­диз­ви­ци што ги до­не­се си­ро­маш­ни­от обра­зо­вен си­стем

Илустрација: Зоран Инадески

Не зна­ев од кај да поч­нам, па ре­шив де­ка е нај­важ­но да оста­не­ме здра­ви, де­ка е кри­за и де­ка мо­рам и пос­лед­ни­от атом да го иско­ри­стам за да про­дол­жи­ме по­на­та­му, иа­ко не зна­ев ка­де оди­ме. Здра­ви обро­ци, чи­сте­ње, пре­ми­ва­ње и пак чи­сте­ње, тем­пи­ра­ни про­ше­тки во доз­во­ле­но­то вре­ме, ду­ри и дво­се­дот го из­не­сов на те­ра­са. И та­ка тоа мал­ку вре­ме што ми оста­ну­ва во­о­би­ча­е­но за спи­е­ње мо­рав уште по­ве­ќе да го скра­там. Најм­но­гу за ова при­до­не­се мо­ја­та уло­га на на­став­нич­ка на уче­ник во ос­мо од­де­ле­ние. Ча­со­ви и ча­со­ви по­ми­ну­вав под­го­тву­вај­ќи се се­бе­си, а по­тоа  пре­да­вај­ќи му го ма­те­ри­ја­лот на син ми. Очај­ни­от обра­зо­вен си­стем, кој вр­тог­ла­во па­ѓа во безд­на со го­ди­ни, не гле­дај­ќи ле­во ни­ту дес­но, си го зе­де да­но­кот во овие ужас­ни вре­ми­ња. Се­кој по­не­дел­ник, еден куп ма­те­ри­ја­ли и за­да­де­ни до­маш­ни за­да­чи, праз­ни и не­ква­ли­тет­ни учеб­ни­ци, че­сто и пол­ни со де­зин­фор­ма­ции, ама вклу­чу­ва­ње од на­став­ни­ци ни за лек, чест на еп­тен ре­тки иск­лу­чо­ци. Со нај­а­ви од ве­чер­та прет­ход­но, и тоа ко­ри­стеј­ќи еден или не­кол­ку уче­ни­ци за да ги из­ве­стат дру­ги­те, ник­ну­ваа по­вре­ме­но не­кои вклу­чу­ва­ња од на­став­ни­ци што че­сто по­ве­ќе ли­чеа на те­сти­ра­ње на опре­ма­та за ко­му­ни­ка­ци­ја пре­ку ин­тер­нет. Пис­ме­ни за­да­чи, кон­трол­ни и одед­наш оцен­ки во еле­ктрон­ски днев­ник. На­став­ни­ци­те не­до­стап­ни или те­шко до­стап­ни ка­ко не­кои ул­тра­ме­гаѕ­вез­ди. Не при­фа­ќа­ат кри­ти­ка и пра­ша­ња, вед­наш по­а­ѓа­ат во де­фан­зи­ва. Де­ца­та и ро­ди­те­ли­те се ви­нов­ни и пре­те­ру­ва­ат и се нај­го­ле­ми­те не­при­ја­те­ли, ете нај­че­сто тоа е нив­ни­от став. Единс­тве­но пси­хо­ло­гот на учи­ли­ште­то, ед­на пре­крас­на лич­ност (за жал, оса­ме­на во жел­ба­та да по­мог­не), еден ден пра­ша „Дра­га­на, ка­ко сте?“.

Мен­тал­но здрав­је, што бе­ше тоа?!

И та­ка, не­ка­де ме­ѓу „зу­мо­ви­те“, те­ле­фо­ни­те, комп­ју­те­ри­те, две­те ро­ден­ден­ски тор­ти во ка­ран­тин пра­ве­ни во ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви, обро­ци­те, „де­зин­та­лот“, ма­ски­те, ко­ла­жи­те, цр­та­ни­те, сол­зи­те и ки­ко­те­ње­то, по­ле­ка, но си­гур­но одев кон на­ру­шу­ва­ње на мен­тал­но­то здрав­је. А не­ли си ве­тив де­ка е нај­важ­но да го за­чу­ва­ме здрав­је­то? Мо­жам да за­мис­лам кол­ку раз­ор­но вли­јае пан­де­ми­ја­та на се­мејс­тва­та со еден ро­ди­тел што не­ма­ат ни­ка­кви при­хо­ди, или има­ат ве­ќе на­ру­ше­но здрав­је. За жал, ни­ко­го не го за­се­га тоа, по­втор­но из­ве­ду­вав ма­ги­о­ни­чар­ски по­те­зи. Ама, на­ви­сти­на, не знам кол­ку дол­го мо­же да трае тоа.

Во цел свет вла­ди­те поч­наа да мо­би­ли­зи­ра­ат средс­тва и да соз­да­ва­ат мер­ки за под­др­шка на гра­ѓа­ни­те, па та­ка и кај нас, ба­рем тоа бе­ше иде­ја­та. За жал, се­мејс­тва­та со еден ро­ди­тел оста­наа не­вид­ли­ви, на мар­ги­ни­те. Отсе­ко­гаш е та­ка, ре­чи­си и не по­сто­јат во по­ли­ти­ка­та на др­жа­ва­та. И не збо­ру­вам са­мо за под­др­шка на тие што не­ма­ат ни­ка­ков из­вор на при­ход, или са­мо ми­ни­ма­лен, иа­ко, се­ка­ко, тре­ба да се поч­не од нив. Но, твр­дам де­ка иг­но­ри­ра­ње­то на де­ли­кат­на­та со­стој­ба и кај дру­ги­те, тие за кои сте си­гур­ни де­ка се до­бро, ве­ќе дла­бо­ко ги изложува на се­ри­о­зен ри­зик.

Не мо­же­те да би­де­те ос­ло­бо­де­ни од ра­бо­та до­кол­ку не се ан­га­жи­ра ва­ша за­ме­на, а тоа би зна­че­ло двој­ни тро­шо­ци за ед­но ра­бот­но ме­сто. Пла­теж­на­та кар­тич­ка, од­нос­но др­жав­ни­те транс­фе­ри на средс­тва не до­преа до си­те са­мо­хра­ни ро­ди­те­ли, но до­пре до лу­ѓе на кои не им е по­треб­на, па или не ја ни по­тро­ши­ја, или, па­ра­до­ксал­но, ја тро­шеа за ра­бо­ти што ни на сон не им до­а­ѓа­ат на овие прет­ход­ни­те. Клуч­но за са­мо­хра­ни­те ро­ди­те­ли е да до­би­јат под­др­шка при ба­лан­си­ра­ње­то на при­ват­ни­от и на про­фе­си­о­нал­ни­от жи­вот, осо­бе­но во вре­ме ко­га и гра­дин­ка­та, ка­ко единс­тве­на ус­лу­га што им би­ла прет­ход­но до­стап­на, ја не­ма.

Не­ед­на­квост на раз­лич­ни ни­воа

Кри­за­та по­ка­жа кол­ку до­пол­ни­тел­ни ти­по­ви под­др­шка, но и ус­лу­ги, ѝ се по­треб­ни на оваа гру­па гра­ѓа­ни за да има­ат ед­на­ква по­зи­ци­ја со дру­ги­те за да се оби­дат да по­стиг­нат бла­го­со­стој­ба и про­фе­си­о­нал­но да на­пре­ду­ва­ат. За да се по­стиг­не ед­на­квост и за да се по­ну­дат мер­ки што, на­ви­сти­на, ќе на­пра­ват про­ме­на, по­треб­но е да се раз­го­ва­ра со са­ми­те са­мо­хра­ни ро­ди­те­ли, се­кој од нив има спе­ци­фич­ни по­тре­би, во за­вис­ност од под­др­шка­та што ја има или не­ма од оп­кру­жу­ва­ње­то. На тие што се не­вра­бо­те­ни, под ит­но им е по­треб­на ра­бот­на ин­те­гра­ци­ја, под­др­шка низ про­це­сот на ос­по­со­бу­ва­ње за ра­бо­та и вра­бо­ту­ва­ње. Тие што не­ма­ат имот и жи­ве­а­ли­ште, се­ка­ко де­ка ре­ша­ва­ње­то на ова пра­ша­ње им е при­о­ри­тет. На вра­бо­те­ни­те, пак, освен гра­дин­ка и учи­ли­ште, по­треб­ни им се или цен­три за пре­стој и не­гу­ва­тел­ки или др­жа­вен транс­фер на средс­тва со кои би по­кри­ле тро­шо­ци за не­гу­ва­тел­ки или ту­тор­ки за вре­ме на ча­со­ви­те во кои сѐ уште трае ра­бот­ни­от про­цес. Са­мо­хра­ни­те ро­ди­те­ли, исто та­ка, има­ат по­тре­ба од че­сти служ­бе­ни па­ту­ва­ња, во за­вис­ност од при­ро­да­та на ра­бо­та­та, зо­што да од­би­ва­ат ва­кви ан­гаж­ма­ни са­мо за­тоа што не­ма втор во­зра­сен член во до­мот за да се гри­жи за де­ца­та. Ко­неч­но, во ус­ло­ви на пан­де­ми­ја, ра­бо­та­та од до­ма мо­ра да оста­не оп­ци­ја за оваа цел­на гру­па то­гаш ко­га тие се под­го­тве­ни на тоа и са­ма­та при­ро­да на ра­бо­та­та го доз­во­лу­ва тоа.

Се на­де­вам де­ка ќе поч­не­ме да гле­да­ме по­да­ле­ку од се­бе, де­ка не­ма да че­ка­ме нам да ни се слу­чи за да раз­бе­ре­ме ка­ко е и да уви­ди­ме де­ка, на­ви­сти­на, та­му не­кој бил во пра­во. Сре­ќа­та и бла­го­со­стој­ба­та кај дру­ги­те вли­јае и на вас са­ми­те, си­те сме не­ка­ко по­вр­за­ни ме­ѓу се­бе. Оче­ку­вам оваа есен, ко­га це­ли­от свет се под­го­тву­ва за но­ви­от бран на пан­де­ми­ја­та, и кај нас да се во­ве­дат ре­фор­ми и, ко­неч­но, да се приз­на­ат по­тре­би­те на се­мејс­тва­та со еден ро­ди­тел со си­те свои спе­ци­фи­ки што ги но­сат. Не оста­вај­те ни­ко­го зад се­бе.

Напишете коментар