Одговорно претставување

Дигитализацијата како предизвик во музејската дејност

Из­лож­бе­ни­от цен­тар „Ма­тка“ е единс­твен еду­ка­ти­вен цен­тар во зем­ја­ва на­ме­нет за си­те ге­не­ра­ции што се за­ни­ма­ва со те­ми од енер­ге­ти­ка­та

ЕВН ка­ко кул­ми­на­ци­ја на сво­ја­та дол­го­роч­на стра­те­ги­ја за ин­ве­сти­ра­ње во обра­зо­ва­ни­е­то, во 2017 го­ди­на го отво­ри Из­лож­бе­ни­от цен­тар „Ма­тка“.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Еду­ка­ци­ја пре­ку ин­тер­нет на Из­лож­бе­ни­от цен­тар „Ма­тка“

„Ма­тка“ е единс­твен еду­ка­ти­вен цен­тар во Ма­ке­до­ни­ја што се за­ни­ма­ва со те­ми од енер­ге­ти­ка­та, а е на­ме­нет за си­те ге­не­ра­ции. Прет­ход­но, ЕВН спро­ве­де де­се­тго­ди­шен учи­ли­штен про­ект за еду­ка­ци­ја на најм­ла­ди­те за за­ште­да на еле­ктрич­на енер­ги­ја.

Во све­тот сѐ пог­лас­но се збо­ру­ва за рас­теч­ка­та по­тре­ба од еду­ка­ци­ја на мла­ди­те во т.н. СТЕМ об­ласт: на­у­ка, тех­но­ло­ги­ја, ин­же­нерс­тво и ма­те­ма­ти­ка. Љу­бо­вта кон овие на­у­ки се соз­да­ва уште во дет­ство­то и за­тоа е по­треб­но таа да се пот­тик­не пре­ку ква­ли­тет­ни еду­ка­тив­ни со­др­жи­ни ка­кви што не­до­сти­га­ат во на­ша­та зем­ја и во ре­ги­о­нот.

Ток­му за­тоа, во „Ма­тка“ по­се­ти­те­ли­те пре­ку со­вре­ме­ни ин­те­ра­ктив­ни ме­то­ди и автен­тич­ни наг­лед­ни средс­тва мо­же да на­у­чат по­ве­ќе за енер­ги­ја­та, неј­зи­на­та исто­ри­ја, про­из­водс­тво, пре­но­сот и ко­ри­сте­ње­то.  
По­ста­вка­та, ко­ја е три­ја­зич­на, е по­ста­ве­на во исто­ри­ски­от об­јект на ста­ра­та хи­дро­цен­тра­ла „Ма­тка“, ка­де што го­сти­те има­ат уни­кат­на мож­ност одб­ли­ску да ви­дат енер­гет­ски об­јект стар 80 го­ди­ни, кој сѐ уште мо­же да би­де во функ­ци­ја. Пред пан­де­ми­ја­та, си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни имаа мож­ност да за­ка­жат груп­ни или ин­ди­ви­ду­ал­ни по­се­ти, кои беа пред­во­де­ни од про­фе­си­о­нал­ни во­ди­чи.

„Ма­тка“ и пан­де­ми­ја­та на ко­вид-19

Пан­де­ми­ја­та ги про­ме­ни пла­но­ви­те за ра­бо­та на цен­та­рот. Во кра­тки­те три го­ди­ни од по­сто­е­ње­то, пред по­че­то­кот на се­ко­ја се­зо­на, еду­ка­тив­ни­те со­др­жи­ни, во сог­лас­ност со искус­тво­то и со по­тре­би­те се над­гра­ду­ваа и по­до­бру­ваа. И оваа го­ди­на има­ше план да се из­ло­жат но­ви функ­ци­о­нал­ни екс­по­на­ти. Но, по­ра­ди за­шти­та­та од ви­ру­сот, цен­та­рот не ги отво­ри вра­ти­те за по­се­ти­те­ли­те и фо­ку­сот бе­ше ста­вен на ди­ги­та­ли­за­ци­ја на но­ви­те со­др­жи­ни.

Беа на­пра­ве­ни ви­де­о­за­пи­си со де­тал­ни об­јас­ну­ва­ња за ра­бо­та­та на не­кол­ку­те но­ви екс­по­на­ти, а за прв­пат беа об­ја­ве­ни и ви­де­о­све­дош­тва со при­каз­ни за Ма­тка од хро­ни­ча­рот на Скоп­је, Да­ни­ло Ко­цев­ски, ал­пи­нис­тка­та Или­на Ар­со­ва, ар­хе­о­ло­гот Ви­ктор Лил­чиќ Адамс, ка­ко и по­ра­неш­ни­те вра­бо­те­ни во хи­дро­цен­тра­ла­та Бран­ко Ко­ви­ниќ и Ра­де Бо­жи­нов­ски.

Прет­ход­ни­те го­ди­ни ве­ќе беа изра­бо­те­ни и се­ри­ја ви­деа со опис на глав­ни­те еду­ка­тив­ни екс­по­на­ти во цен­та­рот. Та­ка, се за­о­кру­жи ди­ги­тал­на­та ар­хи­ва на со­др­жи­ни на­ме­не­ти за за­ин­те­ре­си­ра­ни­те ко­рис­ни­ци што не мо­жеа да го по­се­тат цен­та­рот во овие во­нред­ни окол­но­сти. Со сле­де­ње на на­та­мош­ни­от раз­вој на епи­де­ми­о­ло­шка­та си­ту­а­ци­ја, јав­но­ста ќе би­де из­ве­сте­на за тер­ми­нот за по­втор­но отво­ра­ње на цен­та­рот за по­се­ти­те­ли. До­то­гаш, ин­тен­зив­но ќе се ра­бо­ти на раз­ви­ва­ње и на но­ви ди­ги­тал­ни со­др­жи­ни, кои и по отва­ра­ње­то на цен­та­рот за фи­зич­ки по­се­ти ќе оста­нат на рас­по­ла­га­ње на це­ла­та јав­ност. Пан­де­ми­ја­та нѐ на­у­чи де­ка е важ­но при соз­да­ва­ње­то на ка­ква би­ло со­др­жи­на да се вклу­чи и ди­ги­тал­на ком­по­нен­та, по­ра­ди тоа што таа е комп­ле­мен­тар­на на ос­нов­на­та еду­ка­ци­ја во жи­во и ја збо­га­ту­ва и комп­ле­ти­ра.

Из­лож­бе­ни­от цен­тар е до­бит­ник на не­кол­ку на­ци­о­нал­ни на­гра­ди ка­ко Му­зеј на го­ди­на­та и Нај­до­бра оп­штес­тве­но од­го­вор­на пра­кти­ка, а во не­це­ли три го­ди­ни од отво­ра­ње­то до пред по­че­то­кот на пан­де­ми­ја­та го по­се­ти­ја ре­чи­си 15.000 по­се­ти­те­ли.

facebook.com/MatkaExhibitionCenter
instagram.com/matka.exhibition.center

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар