Од другата страна

Зад секој успешен продавач стои успешен ментор

Ли­це­то на „Ли­це в ли­це“ се про­да­ва­чи­те, а мо­то­рот на про­ме­ни во нив­ни­от жи­вот и во нив­ни­от про­фе­си­о­на­лен раз­вој се мен­то­ри­те-ко­ор­ди­на­то­ри од де­сет парт­нер­ски ор­га­ни­за­ции, кои ги пот­тик­ну­ва­ат, на­со­чу­ва­ат, сле­дат и сил­но ве­ру­ва­ат во нив

Слушај аудио верзија на текстот овде

Ни­кој од нас не мо­же да од­бе­ре ка­де ќе се ро­ди, ни­ту во ка­кви ус­ло­ви и мож­но­сти ќе го жи­вее жи­во­тот. Пр­ви­те че­ко­ри за не­ко­го се во то­пол дом, а за дру­ги на са­ми­те оп­штес­тве­ни мар­ги­ни. Вто­ри­ве, че­сто и оста­ну­ва­ат та­му до кра­јот на сво­јот жи­вот за­што не до­би­ва­ат до­вол­но шан­си да из­ле­зат от­та­му.

„Ли­це в ли­це“ е ед­на од про­гра­ми­те што се оби­ду­ва пре­ку  ра­бот­на­та ин­те­гра­ци­ја да го про­ме­ни нив­ни­от жи­вот. А про­це­сот е долг и ни мал­ку не е ле­сен, а го во­дат ко­ор­ди­на­то­ри од де­сет ор­га­ни­за­ции низ Ма­ке­до­ни­ја – во Скоп­је, Стру­га, Би­то­ла, Не­го­ти­но, Те­то­во, Ку­ма­но­во и во Би­то­ла.

– Про­да­ва­чи­те на „Ли­це в ли­це“ се на вто­ри­от па­зар на труд, не­кои од нив се за­др­жу­ва­ат та­му по­кра­тко, не­кои по­дол­го, а не­кои, пак, до кра­јот на сво­јот ра­бо­тен век по­ра­ди не­кон­ку­рент­но­ста да ста­нат дел од отво­ре­ни­от па­зар на труд. За­тоа се и по­треб­ни со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја за ра­бот­на ин­те­гра­ци­ја и, во су­шти­на, тие се и ре­ше­ни­е­то за овие на­ши со­гра­ѓа­ни. Та­му ка­де што пре­поз­на­ва­ме по­тен­ци­јал и мож­но­сти за из­ле­гу­ва­ње на отво­ре­ни­от па­зар на труд, при­ме­ну­ва­ме со­ци­јал­но мен­торс­тво и во со­ра­бо­тка со ком­па­ни­и­те ги вра­бо­ту­ва­ме про­да­ва­чи­те – об­јас­ну­ва Ма­ри­на Ма­те­ска, од­го­вор­на за  про­гра­ма­та за со­ци­јал­на инк­лу­зи­ја во „Паб­лик“ – из­да­вач на спи­са­ни­е­то.

Из­ле­гу­ва­ње од ге­то: го за­поз­на­ва­ме гра­дот и не­го­ви­те гра­ѓа­ни!

Ед­на од пр­ви­те ор­га­ни­за­ции што ста­на дел од мре­жа­та на „Ли­це в ли­це“ е Днев­ни­от цен­тар за де­ца на ули­ца, кој се вклу­чи во оваа про­гра­ма сог­ле­ду­вај­ќи ја важ­но­ста нив­ни­те ко­рис­ни­ци по на­вр­шу­ва­ње­то на 18 го­ди­ни и из­ле­гу­ва­ње­то од Цен­та­рот да про­дол­жат со про­цес што не­ма да ги вра­ти на ули­ца.

– По­тре­бен е огро­мен труд за мла­дин­ци­те од ули­ца да ги за­др­жи­те на ви­стин­ски­от пат. Се­ри­о­зен е при­ти­со­кот од сре­ди­на­та, а тра­ди­ци­ја­та се оби­ду­ва да ги ста­ви во не­ка­ков ка­лап. Ра­но­то ста­пу­ва­ње во брак најм­но­гу го отеж­ну­ва про­це­сот на ра­бот­на ин­те­гра­ци­ја што го овоз­мо­жу­ва­ме пре­ку „Ли­це в ли­це“ – наг­ла­су­ва ко­ор­ди­на­тор­ка­та Ире­на Вел­ко­ска.

Таа до­да­ва и де­ка оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на чо­век што бил де­те од ули­ца зна­чи  со не­го да се ра­бо­ти на нај­ед­но­став­ни­те на­ви­ки, од­не­су­ва­ње и ру­ти­на -по­чи­ту­ва­ње на вре­ме­то, ре­дов­но одр­жу­ва­ње лич­на хи­ги­е­на, кул­тур­но од­не­су­ва­ње.

– Мо­же­би зву­чи чуд­но, но овие мла­дин­ци жи­ве­ат тол­ку изо­ли­ра­но што ко­га ќе поч­нат да го про­да­ва­ат спи­са­ни­е­то, за­ед­но го учи­ме и гра­дот- ка­де е Град­ски парк, глав­ни­от пло­штад,на ко­ја авто­бу­ска ста­ни­ца е по­треб­но да сле­зе за да стиг­не до цен­та­рот на гра­дот. Ко­га ќе се на­у­чи тоа, учи­ме и ка­ко да  при­ста­пу­ва на не­поз­на­ти лу­ѓе, ка­ко да по­ну­ди про­из­вод и да при­фа­ти и раз­бе­ре де­ка не­ма се­кој од нас вре­ме и жел­ба да го слуш­не тоа што са­ка да го ка­же – об­јас­ну­ва Вел­ко­ска.

Еден че­кор на­пред, три на­зад, ама не­ма отка­жу­ва­ње

„Ли­це в ли­це“ ну­ди и мож­но­сти за вра­бо­ту­ва­ње, но про­це­сот за стиг­ну­ва­ње до фа­за ко­га про­да­ва­чот е под­го­твен за овој че­кор е полн со пре­диз­ви­ци и ба­ра по­све­те­ност и тр­пе­ние во гра­де­ње­то на на­ви­ки­те и во соз­да­ва­ње­то на ус­ло­ви­те. Во оваа на­со­ка, „По­ра­ка но­ва“ од Стру­га на­пра­ви зна­ча­ен че­кор и го вра­бо­ти единс­тве­ни­от про­да­вач на спи­са­ни­е­то во тој град, Игор Шај­но­ски, кој по се­дум го­ди­ни ра­бо­та, ста­на пре­поз­нат­ли­во ли­це во ова ме­сто.

– За ед­но ли­це да е вклу­че­но во ра­бот­на актив­ност, мно­гу е важ­но об­је­ктив­но да се со­о­чи­ме со спо­соб­но­сти­те и да се на­пра­ви ева­лу­а­ци­ја на не­го­ви­те ка­па­ци­те­ти и по­тен­ци­ја­ли – ве­ли Ани­та Га­гов­ска, се­кре­тар на „По­ра­ка но­ва“.
Таа по­јас­ну­ва де­ка на са­ми­от по­че­ток на про­даж­ба­та на спи­са­ни­е­то во Стру­га, си­те про­да­ва­чи што би­ле вклу­че­ни би­ле од­бра­ни спо­ред кри­те­ри­у­ми­те – да рас­поз­на­ва­ат па­ри и да има­ат ос­нов­ни ко­му­ни­ка­ци­ски спо­соб­но­сти.

– Без раз­ли­ка да­ли про­да­ва­чи­те се не­за­вис­ни или не, со се­кој од нив бе­ше при­су­тен и во­лон­тер на те­рен. Не­оп­ход­на е и под­го­то­вка за ра­бо­та на ули­ца би­деј­ќи та­му ќе срет­нат лу­ѓе пол­ни со ин­те­рес и со раз­би­ра­ње за нив­на­та ра­бо­та, но и со лу­ѓе до кои не стиг­на­ла ин­фор­ма­ци­ја­та за тоа што го ра­бо­тат про­да­ва­чи­те – ве­ли Га­гов­ска.
Це­ли­от овој про­цес, ка­ко што об­јас­ну­ва, е сво­е­ви­ден фил­тер-пер­и­од во кој про­да­ва­чи­те и ко­ор­ди­на­то­ри­те се за­поз­на­ва­ат со про­даж­ба­та од раз­лич­ни ас­пе­кти, истра­жу­ва­ат кои се на­чи­ни­те за неј­зи­но зго­ле­му­ва­ње и во исто вре­ме сог­ле­ду­ва­ат ка­ко да ја збо­га­тат мре­жа­та на кон­та­кти

– Ра­стев­ме и со­зре­вав­ме со овој про­цес и уви­дов­ме де­ка про­да­ва­чот мо­же сам да го про­да­ва спи­са­ни­е­то, а ко­ор­ди­на­то­рот ќе има уло­га на мен­тор што ќе одр­жу­ва по­сто­ја­на ко­му­ни­ка­ци­ја со не­го и ќе ја сле­ди ди­на­ми­ка­та на про­даж­ба­та – ве­ли Га­гов­ска.

Таа по­со­чу­ва и де­ка, иа­ко про­да­ва­чот што го вра­бо­ти „По­ра­ка но­ва“ е зна­чи­тел­но под­го­твен за ра­бо­та, се­пак во раз­лич­ни пер­и­о­ди има и за­бе­леж­ли­ви па­до­ви и се со­о­чу­ва со зна­чај­ни пре­диз­ви­ци.

– Би изд­во­и­ла еден пре­диз­вик на кој по­сто­ја­но ра­бо­ти­ме, а тоа е за­др­жу­ва­ње на фо­ку­сот на кон­ти­ну­и­ра­на про­даж­ба и гле­да­ње на го­ле­ма­та сли­ка де­ка овој про­цес дол­го­роч­но ќе му го про­ме­ни жи­во­тот.. Сре­ди­на­та во го­ле­ма ме­ра вли­јае на од­не­су­ва­ње­то на про­да­ва­чи­те и еден по­гре­шен збор ги но­си во со­се­ма дру­га на­со­ка – до­да­ва Ани­та.

Напишете коментар