Доза вести

Иднината на работното место – една од темите на Конкурс за најдобри средношколски есеи

Меѓународниот Славјански Универзитет, Институтот за култура и уметност при МСУ и издавачката куќа Меѓународен центар за славјанска просвета – Свети Николе распишуваат Конкурс за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот
Во огледалото: сликата за нас самите
Иднината на работното место
Човекот што ми го промени животот
Што научивме од грешките
Слободна тема

-Седма година по ред сме во потрага по оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања, велат организаторите.

Есеите кои ќе пристигнат на конкурсот се објавуваат во печатена публикација „Средношколски размислувања“ и сите учесници ќе добијат примерок од публикацијата.

Повеќе информации за повикот – на линкот.

Напишете коментар